Connect with us

Здравје

ВАКЦИНИТЕ ЕДВАЈ ШТИТАТ 30 ПРОЦЕНТИ Реинфицираните со омикрон стекнуваат најсилен имунитет

Published

on

Важен момент е тоа што огромен број од луѓето кои прележале корона и сега повторно се заразени, не завршуваат во болница и не го оптоваруваат здравствениот систем. Тоа е така затоа што многу посилен имунитет стекнуваат луѓето кои веќе еднаш го прележале вирусот, отколку оние кои само се вакцинирани, а никогаш не се заразиле, објаснува микробиологот д-р Никола Пановски.

Вакцините на почетокот имаа ефикасност од над 90 проценти, но со секоја појава на нова варијанта на коронавирусот, ефикасноста на вакцините опаѓа, вели микробиологот д-е Никола Пановски за Фактор.

– Се појавија сосема различно соеви на коронавирусот и токму тие се главната причина поради што поединци повторно се заразуваат иако веќе еднаш ја прележале болеста. И вакцините на почетокот имаа ефикасност од над 90 проценти, а сега, со секоја појава на нова варијанта, нивната ефикасност опаѓа. За сојот омикрон, на пример, вакцините едвај штитат 30 проценти. Сепак, важен момент е тоа што огромен број од луѓето кои прележале корона и сега повторно се заразени, не завршуваат во болница и не го оптоваруваат здравствениот систем. Тоа е така затоа што многу посилен имунитет стекнуваат луѓето кои веќе еднаш го прележале вирусот, отколку оние кои само се вакцинирани, а никогаш не се заразиле – објаснува д-р Пановски.

Тој додава дека само вакциналниот имунитет не е доволен.

– За жал, кај нас „некои глави“ тврдат дека вакциналниот имунитет е подобар, што според мене е трагикомично. Според науката, супер имунитет имаат луѓето кои прво биле заразени, а потоа се вакцинирале. На толку многу мутации, особено со омикрон, само прележаноста едноставно „не важи“, особено за луѓето кои се заразиле во 2020 година или лани пролетта. Изминат е долг период, а со текот на времето имунитетот опаѓа. Овој сој ги заразува сите, но многу е важно што оние кои претходно биле болни, а потоа и се вакцинирале, ќе поминат многу полесно – посочува д-р Пановски за Фактор.

COVID 19

ЈАС И ПРОФЕСОР ПАНОВСКИ, ТРИ ГОДИНИ ЏАБЕ ТРОШЕВМЕ ЗБОРОВИ И ВРЕМЕ: Никому ништо не му влегло во глава!

Published

on

Докторот Драган Даниловски, во гостувањето на ТВ Сител, се огласи по повод новиот ковид бран за кој што медиумите се повеќе пишуваат.

Линк до постот на професор доктор Даниловски:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3455421298043933&id=100007282895748&mibextid=Nif5oz

Continue Reading

Здравје

Над 40 илјади дијабетичари за 9 месеци дале 200.000 евра за ленти за мерење шеќер кои државата мора да им ги обезбеди

Published

on

Дискриминирани, понижени  и девет месеци оставени на милост и немилост сами да се снаоѓаат. Кој и како ќе ја надомести огромната материјална штета, страв, нервози и неизвеснот на над 40 000 дијабетичари кои од почетокот на годината досега се без ленти за мерење на шеќерот во крвта и глукомери и им е нарушено уставното право на здравствена заштита.

Овој долг период потрошиле стотици илјади евра од свој џеб а ако нема редовно мерење на гликемијата можат да настанат сериозни компликации по здравјето. Сега спасот го бараат кај народниот правобранител кој треба да ги заштити од штетите предизвикани од здравствените власти. Следниот чекор е заедничка тужба за надомест на штета.

-Значи едно семејство каде има двајца дијабетичари досега потрошиле 72 000 денари и тоа зборам за тип два, тип 1 уште повеќе, или досега според наши груби пресметки неофицијални, досега околу 200 000 евра сме и заштедиле на државата …затоа со тбата очекуваме да ни биде надоместено тоа или во ленти или враќање на парите, вели Диме Велев, претседател на Сојуз на дијабетичари.

Дијабетичарите велат ова е првпат во независна Македонија толку долг период да се оставени без ленти и глукомери. Проблем биле тендерските процедури, но тоа не треба да биде проблем на дијабетичарите кои само сакаат да им го вратат мирот и спокојот а не да бараат и молат по социјални мрежи кој има повеќе ленти за позајмување.

-Ќе се обратиме со Комисијата за дискриминација бидејќи ние веќе подолго време зборуваме дека сме дискриминирани. Исто така планираме да се обратиме и со собрание до комисијата за заштита на човекови права и да побараме надзорна расправа за случајот  со дијабетичарите во Македонија, вели Велев.  

Бидејќи набавката на ленти, глукомери и инсулин е преку програма на Министерството а не преку Фондот, дијабетичарите неможат да ги рефундираат средствата што ги дале од свој џеб.

Алармираат дека е крајно време да биде решената состојбата со оваа голема група на граѓани во државата и да бидат заштитени нивните права и здравје.

Continue Reading

Здравје

Почина 27-годишна штипјанка oткако ја каснал крлеж, луѓето со кои контактирала се под надзор

Published

on

Директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети информира дека na 27.07.2023 година во лабораторијата за вирусологија бил докажан причинител на конго-кримска хеморагичка треска кај пациентка која била хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

„Се работи за 27 годишна жена од с. Кучица, Штип која поради брзо прогредирање на болеста починала истиот ден. Тим од одделот за епидемиологија при ИЈЗ во соработка со епидемиолог од СЈЗ Штип направи веднаш увид во селото, клиничката болница Штип и ИМП Штип. Направена е и епидемиолошка анкета за пациентката по што дознавме дека била касната од крлеж кој бил изваден во домашни услови, по појава на симптоми (неколку дена по каснувањето) најпрво била хоспитализирана во Штип а потоа во Скопје“, истакна Мемети.

Тој додава дека со оглед на тоа што болеста се пренесува и преку крв од заразеното лице направено било пребарување на сите контакти во семејството, како и во КБ и ИМП Штип при што биле класифицирани според ризик (висок, среден и низок).

Од контактите со висок ризик беа земени 4 материјали за тестирање и истите се нергаивни.

Сите контакти од среден и висок ризик се ставени под здравствен надзор во наредни 14 дена.

Втор тим од епидемиолози од ИЈЗ направи увид на Инфективна клиника со пребарување на сите контакти и нивна класификација.

ИЈЗ подготви сеопфатна информација со сите преземени мерки како и препораки за понатаму.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк