Постигнат договор, минималецот СЕ ЗГОЛЕМУВА на 18.000 денари

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва на прес – конференција изјави дека минималецот се зголемува на 18.000 денари. 

Вели дека е постигнат договор на задоволство на сите засегнати страни. Ковачевски додаде дека во време на финаниска несигурност остануваат посветени и ќе работат во интерес на граѓаните. 

Дарко Димовски од Сојузот на синдикати на Македонија изјави дека добивката денес не е само зголемувањето на минималната плата, туку и зголемувањето на сите други плати. Димовски рече дека денес сите се победници.