Connect with us

Свет

Moрничав апел на американскиот амбасадор во Москва: Напуштета ја Русија веднаш или не барајте помош од амбасадата

Published

on

Амбасадорот на САД во Москва ги повика американските граѓани да ја напуштат Русија или „да смислат план како да го сторат тоа без помош од амбасадата“.

Граѓаните на САД треба да размислат веднаш да ја напуштат Русија преку комерцијални опции кои се уште се достапни.

Ако сте во Русија и вашиот пасош на САД истекол на или по 1 јануари 2020 година, можеби ќе можете да го користите вашиот истечен пасош за да се вратите директно во Соединетите држави до 31 март 2022 година.

Иако можете да патувате директно во САД само со вашиот истечен пасош, може да побарате итни конзуларни услуги во друга земја по потреба, стои на официјалната станица на американската амбасада на САД во Москва.

Свет

Голот што беше несуден АУТ, направи потрес на мрежите (Видео)

Published

on

Јапонија го освои првото место во групата Е на СП во Катар откако успеа да ги победи и Германија и Шпанија, но сепак, многумина се сомневаат дека победничкиот гол за 2:1 против Шпанија, едноставно не требаше да биде признаен.

Иако во топката „Ал Рихла“ има чипови со кои се следи офсајд ситуацијата, и покрај деталните ВАР снимки, се одлучи дека оваа топка не излезе надвор од игра, предизвикувајќи бура коментари на социјалните мрежи.

Според правилата, топката треба целосно да излезе од аут-линијата за да се смета дека е надвор од игра. Голот исто така имаше голем влијание на исходот на групата Е – така Јапонија го освои првото место, а Германија беше елиминирана.

Долги дискусии има на социјалните мрежи за денешните случувања.

Continue Reading

Свет

Јапонците ја „урнаа“ Шпанија, за Германците Ауфидерзеин!

Published

on

Јапонија е првопласирана во групата Е на Светското првенство во Катар и ќе се судри со Хрватска во осминафиналето по фантастичната 2:1 победа над Шпанија, која пак се „провлекува“ какао второпласирана за дуел со Мароко, откако Германците едвај ја совладаа Костарика (4:2), но тоа не беше доволно за да се осудени на ново испаѓање во групната фаза, второ едноподруго на Мундијалите.

dobivaj vesti na viber

На стартот на мечевите од групата Е изгледаше дека ситуацијата е јасна – Германија и Шпанија стигнаа до рано водство, ситуација во која двата европски гиганти беа сигурни во осминафиналето. Алваро Мората постигна гол трет натпревар едноподруго на Мундијалот за водство на „фуријата“, додека Серж Гнабри стрелаше за водство на тимот на Ханси Флик.

Меѓутоа во второто полувреме, јапонските „самураи“ приредија фантастичен камбек – Рицу Доан прво постигна прекрасен гол во 48. минута, за Аоки Танака по една контроверзна ситуација во 51. минута го комплетираше пресвртот.

Овој резултат ја водеше Шпанија како второпласирана во нокаут фазата, но тогаш Костарика исто така направи пресврт, поведувајќи со 2:1 против Германија, резултат кој ќе значеше испаѓање и на Шпанија, пред замената Каи Хаверц да осигура барем „маншафт“ да се простат со чесна победа, а Никлас Филкруг во последните минути да ги постави конечните 4:2.

ГРУПА Е
Германија – Костарика 4:2
Шпанија – Јапонија 1:2

Continue Reading

Свет

Огромна радост и славење за пласирањето во осминафинале на АВСТРАЛИЈА на СП (Фото и Видео)

Published

on

Репрезентацијата на Австралија вторпат во својата историја се пласираше во осминафиналето на едно Светско првенство. Пласманот Австралија го обезбеди откако денес со 1:0 ја победи селекцијата на Данска.

Херој на Австралија беше Леки кој го постигна одлучувачкиот гол во второто полувреме. Австралија во осминафиналето продолжува со две победи и шест бода. Сега го чекаат својот противник од групата Ц каде што ќе играат со првопласираниот (Полска, Аргентина, Саудиска Арабија и Мексико).

Пласманот на Австралија донесе вистинска еуфорија, па во земјата на „кенгурите“ се снимени неверојатни сцени во 3:30 часот по локално време, а прославата сигурно ќе продолжи и до раните утрински часови.

Фото: EPA-EFE/CON CHRONIS
Фото: EPA-EFE/CON CHRONIS

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк