Connect with us

Хуманост

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: 30 годишна самохрана мајка на две деца моли за помош во борбата со рак

Published

on

30 годишната Златка Маркушева самохрана мајка на 2 деца бори со рак. За нејзино лекување потребно е голема сума на парични средства.

„Здраво,
Јас се викам Златка. Имам 30 години, самохрана мајка на две деца, 11 и 8 години. Досега животот беше навистина суров кон нас. За оние кои не ме познаваат, пред 5 години го загубив сопругот во сообраќајна несреќа, а моите деца го загубија својот татко. После тоа за мене секој момент беше борба, емотивно и финансиски. Се трудев толку многу и се борев со се што имав. Згора на сè, неодамна ми беше дијагностициран метастатски карцином на јајчник стадиум III C (Carcinoma planocellulare cervicis uteri invasium стадиум III C) третманот ќе започне со хемотерапија, зрачење и хируршка интервенција. Сите медицински процедури чинат многу пари, што не можам да си ги дозволам. Ве молам помогнете ми да соберам пари за моите третмани и помогнете ми да се борам со овој рак. Ќе ви бидам навистина благодарна ако размислите да донирате за моите медицински трошоци и да ми се придружите во мојата борба. Ако можете да донирате, ве молиме донирајте! Секое малку помага. Секоја донација ќе ми помогне мене и моето семејство. Ако не сте во можност да помогнете, многу би ги заблагодарил вашите молитви во ова време.
Ви благодарам !!
Со почит,
Златка Маркушева“, се вели во апелот за помош.

Скопје

ВИШОК ХРАНА од славите и празниците, ДОНИРАЈТЕ ЈА на гладните !

Published

on

Да дозволиме да се случуваат убави нешта.Со оглед на тоа дека минатогодишната акција помина прекрасно би ве замолил да повториме!!

Скопјани,пријатели,другари во ек се куќни слави,предновогодишни,новогодишни и посленовогодишни прослави за кој знам дека сакате и приготвувате храна во обилни количини секој според можностите.

Преостанатата храна доколку сте во можност ставете ја во некои пластични садови со капак (пример кутија од сладолед)бидејки кесите се скапи јавете се на бројот 070795144 во текот на целиот ден, би дошле со возило до вашиот дом и ке се раздели храната на луѓето кој што ги гледаме секојдневно на улиците низ Скопје.

Да не ја тргаме главата на страна.Да направиме сите едно добро дело.Д.С – пишува скопјанецот Драган Србиновски на Фејсбук.

Continue Reading

Хуманост

МИКИ ОД КУМАНОВО – НЕМАМ ПРОБАНО ТОСТ ОДАМНА, САМО ЗЕМАМ НА ВЕРЕСИЈА ОД ПРОДАВНИЦА

Published

on

Новко Младеновски живее живот во темнина. Го губи видот пред 17 години, иако и пред тоа живеел со доста проблеми, но од тој момент уште повеќе има компликации.

Во Старо Нагоричане создава семејество, но поради оддалеченоста од градот, a со надеж дека ќе има барем малку полесен живот, пред неколку години се сели во Горно Коњаре.

Тука живее под кирија, па од социјалната помош и мобилноста мора покрај другото да мисли и како ќе ги подмири тие обврски. Сите пет деца му се со мен тална попреченост и слабовидни.

Најголемата Ангелина и покрај тоа се грижи за нив. Сопругата му е тешко бо лна и не моќна, a помалите две деца мораат да се навикнат на ваквата сиромаштија

Исто така тие се молат во најблиската продавница за кифла за да го поминат денот на училиште и да стават нешто во нивните гладни стомаци.

Дрва за зимата Новко се уште нема обезбедено, но искрено се надева дека ќе добие помош од хуманиот народ и ќе обезбеди сигурен кров за семејството.

– Оваа куќа не е наша, немаме свој дом, тука сме под кирија. Сопственикот ми вели или купете ја куќата или излегувајте, вели Новко пред камерите на ,,Срце на Дланка”

– Родителите ги изгубив, тие ми беа каква таква поддршка, се преселив овде пред четири години, бидејќи селото ми беше многу далеку и децата не можеа да одат на училиште.

До пред две години земал додаток за децата, но комисијата одлучува да му ги прекине тие примања, па така дрвата и храната се луксуз за него и семејството.

И тој мал приход што го земале од март годинава им е скратен бидејќи тие пари одат за лекување на сопругата која се справува со лошата бо лест.

– Благодарение на продавниците што ми даваат на вересија опстојувам, но тоа не е така едноствано, имам долг за вода и за струја, не останува ни денар.

– Сопругата веќе не е способна за работа, не може ниту да се грижи самата за себе, па така најголемата ќерка и јас се грижиме за сите, додава Новко.

Ова семејство се бања во корито, а и кровот над главата не им е сигурен и може во секој момент да ги набркаат и да останат на улица.

– Тост немам пробано долго време, кога ќе земе тато некој денар би сакал да ми купи и бојци и тетратки, тоа ми е неопходно за училиштето, земам на вересија од продавница вели малиот Мики.

Доколку сакате да му помогнете на ова семејство да живее достоинствено тоа може да го направите на телефонскиот број 071-385-312 или на трансакциската сметка 320500029769766

Continue Reading

Македонија

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Жена и три дечиња останаа на улица – куќата им изгоре!

Published

on

На социјалните мрежи е упатен апел за помош на семејство.

Се работи за мајка и три дечиња од скопско Катланово на кои пред неколку денови им изгорела куќата и истите во моментов се оставени на улица.

Нејзиниот сопруг починал откако бил хоспитализиран во многу тешка состојба.

Немаат ниту храна, ниту облека. Доколку сакате да донирате финансиски средства, тоа можете да го направите преку:

Здружение на граѓани “Стопли Срце”
Сметка за донации: 270072685480143
IBAN: MK07270722000030435
HALKBANK

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк