Connect with us

Балкан

НАТО распоредува околу 8.000 војници во Македонија и регионот

Published

on

Во нашата земја и регионот наскоро пристигнува огромна воена сила предводена од Британија. Според најавите на британската влада, НАТО сојузниците во деновиве што следат распоредуваат околу 8.000 војници на воени вежби низ Источна Европа вклучително и Македонија во знак на демонстрација на сила, по руската инвазија на Украина.

Како што пренесуваат медиумите, повикувајќи се на соопштението на британското Министерство за одбрана, воените вежби ќе започнат од следиот месец во повеќе држави кои се протегаат од Финска на север, па сѐ до Македонија а учество ќе земат повеќе земји членки на НАТО, вклучително и Франција и САД.

Консултираните домашни воено политички аналитичари велат дека Македонија не треба да стравува за својата безбедност бидејќи станува збор за стратешко разместување.

За „Слободен печат“ генералот и универзитетски професор Методи Хаџи – Јанев вели дека навременото распоредување на воените сили на сојузниците во овој дел од Европа е превентивно бидејќи состојбите допрва ќе се влошуваат.

– Во рамките на оперативното планирање ваквите потези се прават како дел од фазата на одвраќање, во која воените состави вршат маневар разместување, набљудување стратешко разунавање со цел да влијаат кај потенцијалниот непријател на одвраќање од евенбтуална употреба на сила – појаснува Хаџи – Јанев.

Според него со оглед на тоа дека дипломатските решенија имаат се помалку шанса логично е воените сили да вршат навремено стратешко разместување на капацитети кои треба да бидат дополнителен дел во осигурување на потенциујалниот противник за сериозноста на НАТО и сојузниците.

– Ваквото стратешко разместување се приближува и кон фазата на зграбчување на иницијативата-фаза пред да се започне со главни воени операции (офанизвни, дефанзивни дејства, или спречување на ирегуларно војување – вели генералот Хаџи – Јанев.

Слично размислува и воено-политичкиот аналитичар Милан Стефановски кој додава дека актуелните случувања во праска покажуваат како чадорот на НАТО ја „покрива” Македонија која на овој начин доживува заштита од своите поголеми и помоќни сојузници.

Извор: Слободен печат

Балкан

Нов закон – Шефот не смее да ве бара на телефон, да ви праќа СМС пораки и мејлови по работно време

Published

on

Работодавецот или шефот не смее да му ѕвони на мобилен телефон на работникот, ниту да му испраќа СМС порака и меил по работно време, во неработни денови и за време на одмор. Ова е предвидено со измените на Законот за труд во Хрватска кој е во второ читање. Според измените, работењето во недела ќе се плаќа 50 отсто повеќе.

Работникот има право да биде недостапен по работното време или додека е на годишен одмор. Според извори во хрватската Влада, ниту колеги од работа нема да можат да звонат на телефон на други колеги по работно време, освен во случај на итна потреба.

„Итна потреба може да биде ако сте некој водоинсталатер, па пукне некаква цевка или ако некоја итна работа мора да се сработи за вие да дојдете на работа, тогаш се разбира работникот има право на платена прекувремена работа. Вие новинарите исто вие морате ако нешто се случи да интервенирате, бидејќи тоа е со цел информирање на јавноста, така што тоа ќе се гледа од случај до случај, изјави помошник-министерот за труд на Хрватска, Дражен Опалиќ.

Continue Reading

Балкан

Драви во српската репрезентација: Влаховиќ демантира дека имал афера со сопругата на соиграч

Published

on

Српскиот репрезентативен напаѓач Душан Влаховиќ ги демантираше информациите дека имал афера со Ана Рајковиќ, сопругата на резервниот голман на репрезентацијата Предраг Рајковиќ.

Српските медиуми пишуваа дека токму поради романсата напаѓачот не влегол во стартниот состав на репрезентацијата на Светското првенство во Катар 2022 година.

– Жалам што морав вака да ја започнам прес-конференцијата на Светското првенство, но морам да дадам изјава бидејќи моето име е фрлено во апсурдна приказна. Очигледно некому му е здодевно или нема што да прави, но ваквите гласини функционираат спротивно на интересите на репрезентацијата во толку важен момент. Наместо да не поддржат, тие шират такви невистини. Тоа го прават луѓе кои не постигнале ништо во животот. Фокусирани сме на петочниот натпревар против Швајцарците, изјави Влаховиќ.

Репрезентацијата на Србија игра во групата Г со Швајцарија, Камерун и Бразил. По две кола Србите имаат само еден бод и неопходна им е победа над Швајцарија за пласман во осминафиналето.

Continue Reading

Балкан

(Видео) ХОРОР во Приштина: Бремена жена изрешетана пред болница!

Published

on

Бремена жена на возраст од околу 35 години, која дошла на Клиниката за гинекологија во Приштина за да се породи, попладнето била убиена со неколку истрели од огнено оружје пред влезот во клиниката, јавуваат локалните медиуми.

Според полицијата, околу 18.00 часот пристигнала пријава дека во дворот на Универзитетскиот клинички центар на Косово е пронајдено тело на жена. Според информациите кои ги објавија медиумите, убиецот e сопругот на застреланата жена, со која биле во процес за развод на бракот.

„Во моментов полицијата во координација со државниот обвинител започна истрага и продолжува со преземање на сите истражни дејствија, со цел целосно расветлување на настанот“, се наведува во соопштението на косовската полиција.

Засега нема информации за уапсени осомничени за страотното злосторство.

Реагираа косовските политичари. Премиерот Албин Курти изјави дека ова е „сурово, неприфатливо и неподносливо“ убиство.

„Згасна живот кој носеше уште еден живот. Жената беше бремена. Околу 35 години, ниту на половина живот. А детето кое сакаше да го роди не го ни започна животот. Суров убиец”, напиша Курти во објава на Фејсбук.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, порача дека мора да се стави крај на „бранот на криминалот“ и „фемицидот“, барајќи правда за жртвите на насилство.

„Одговорот за насилниците и убијците е ред, закон и максимална казна“, порача Османи.

Ова е втора жена која е убиена во последните денови на Косово, откако на 25 ноември беше објавено дека маж си ја убил сопругата со секира, исто така во Приштина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк