Connect with us

Балкан

Вучиќ: Гајле ми е за Американците и Русите, работам само за доброто на мојата држава

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека со американскиот сенатор Крис Марфи не разговарал за воведување санкции против Русија, но и дека Србија е под сериозен притисок од сите страни да се приклучи, јави дописникот на МИА од Белград.

Одговарајќи на новинарски прашања по одржување на воената вежба „Штит 2022“ во Батајница, Вучиќ оцени дека во тек е светски политички конфликт и дека Србија се соочува со неверојатни притисоци.

– Тоа се сведува на многу софистицирани методи на закана и уценување на економскиот напредок или назадување на земјата. Во овие услови само барам луѓето да разберат и да видат колку државата се бори да зачува се што можеме од животниот стандард, кажа тој и додаде дека повеќе ќе зборува за воведувањето санкции против Русија на 6 мај

– Се што можам да ви кажам е дека Србија ги донесе своите заклучоци во Советот за национална безбедност. Нашата политика мора да биде политика на одговорност, што не е ниту едното ниту другото. Навистина не можам да зборувам за шпекулации за тоа кога некој ќе воведе санкции и дали некој ќе воведе санкции. Дури ни господинот Марфи (американски сенатор) не кажа дека јас зборував за тоа, а српските медиуми пренесоа дека само се чека кога ќе воведеме санкции. Ние разговаравме за сосема друга тема, истакна Вучиќ.

Претседателот на Србија на новинарско прашање се осврна и на информациите дека на фронтот во Украина се пронајдени српски мини.

– Ние ги доставивме во некои други земји. Ги испорачавме во Полска. Од испораката на мини живеат неколку фабрики. Каде да го извезуваме оружјето и експлозивите? Тоа не е производство на балетски чевли, тоа е оружје. Не разбирам, што сакате од нас? Дали не обвинувате за тоа што ние сме единствената земја што нема да дава оружје на ниту една страна, кажа Вучиќ.

На прашањето на ТВ Н1, тој повтори дека неговиот разговор со сенаторот Марфи нема врска со санкции кон Русија.

– Се работеше за еден конкретен и посебен проект. Не ми паѓа на памет да се правдам. Сметам дека би биле најсреќни доколку воведам санкции денес. Морални проповеди ми давате затоа што не сум изрекол санкции и што ќе ги воведам за два месеци. Замислете, уште два месеци. Па 120 дена да издржиме, една толку мала земја. Два месеци се далеку… Но тоа се однесуваше на нешто друго, тврди Вучиќ.

Тој порача дека на 6 мај повеќе ќе зборува за изјавата на Путин, кој го спореди признавањето на Косово со Доњецк и Луганск околу пресудатата на Меѓународниот суд на правдатата.

– Навистина ми е гајле за Американците, навистина ми е гајле за Русите и Европејците, и сам да останам на светот, ќе работам само за доброто на мојата земја, изјави Вучиќ.

Балкан

Полициска потера заврши со трагедија: Шестмина загинати откако автомобил со мигранти падна во езеро во Бугарија

Шест лица загинаа, а четворица се повредени во тешка несреќа кај Бургас, Бугарија, откако автомобил со мигранти слета во езерото Ваја за време на полициска потера. Возилото било регистрирано во Романија, а го управувал државјанин на Романија, пренесува Euronews.

Според извештаите, во автомобилот „Шкода“ се превезувале вкупно 10 лица. Преживеаните изјавиле дека се од Авганистан.

Потерата започнала околу 21:20 часот, кога полициска патрола забележала возило кое се движело со екстремна брзина и опасно маневрирало. И покрај дадените сигнали за запирање, возачот продолжил да бега и во два наврати го менувал правецот за да го избегне полициското блокирање.

Полицијата поставила двоен контролен пункт во близина на Бургас и се обидела да го сопре возилото со поставување шилци на патот. Возачот, меѓутоа, се движел многу блиску зад друго возило за да го оневозможи нивното користење, па дури и го удрил тој автомобил, изјавил заменик-министерот за внатрешни работи Ивајло Златанов.

По кратко време, возилото излетало од патот и паднало во езерото Ваја.

На местото пристигнале спасувачки екипи, но шест лица починале. Четворица преживеале, меѓу кои и возачот, и тие се пренесени во болница.

Според бугарските власти, ова е уште еден случај кој укажува на зголемениот ризик и трагичните последици од шверцот на мигранти и избегнувањето полициски контроли.

Continue Reading

Балкан

Србија во тревога: Можно е снајперистите да планираат атентат на Вучиќ

Српските безбедносни служби трагаат по двајца снајперисти кои, според информациите, можеле да имаат за цел директен напад врз претседателот Александар Вучиќ или предизвикување вооружен инцидент за време на протести.

Игор Бечиќ, пратеник од СНС и претседател на Комисијата за контрола на безбедносните служби, изјави дека во разузнавачките кругови не е исклучена можноста вклученост на „Кавачки клан“ во планирањето и логистиката, бидејќи претходно членови на кланот биле поврзувани со планови за атентат врз Вучиќ.

Претседателот Вучиќ потврди дека снајперистите се во Белград веќе три дена, а службите се во потрага по нив. Тие се добро финансирани, а идентитетот и целите на напаѓачите засега не се објавени.

Continue Reading

Балкан

Бројот на жртви од пожарот во Тузла се искачи на 13, откриени сериозни пропусти во Домот за стари лица

Бројот на жртви од пожарот во Домот за стари лица во Тузла се искачи на 13, откако синоќа почина уште една пациентка хоспитализирана со тешки повреди.

По пожарот, во УКЦ Тузла се хоспитализирани 30 лица, а во моментов на лекување се 13 пациенти, од кои тројца се на Клиниката за анестезиологија и реанимација (еден на респиратор), шест на Клиниката за белодробни заболувања, три на Клиниката за интерни болести и еден на Клиниката за урологија.

Обдукцијата на 11 од жртвите покажала дека смртта е последица на задушување, а телото на едно лице било зафатено од огнот. Истражната комисија открила бројни пропусти: неподвижните лица биле сместени на највисоките катови, персоналот бил само тричлен за 185 корисници, а се истражуваат и финансиското работење и управувањето со установата. Директорот на Домот поднесе оставка, а причината за пожарот сè уште не е утврдена.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг