Јас сум Албанец, министер на Северна Македонија, реагираше Бектеши на „македонски министер“

Извинете, јас сум министер на Cеверна Македонија, не сум Македонец, јас сум Албанец, е реакцијата на министерот за економија, Крешник Бектеши на новинарско прашање во Албанија.

На прес конференцијата со министерката за финансии и економија на Албанија, Делина Ибрахимај, една од новинарките го праша за легализација на медицинскиот канабис.

„Имам прашање до македонскиот министер… “, рече новинарката, на што министерот Бектеши одговори:

„Извинете, јас сум министер на Cеверна Македонија, не сум Македонец, јас сум Албанец“.

Нејасно е зошто Бектеши реагирал на формулацијата „македонски министер“ бидејќи таа не имплицира дека тој е Македонец, а дури и со Договорот од Преспа „дозволено“ е користење на придавката „македонски“.

Претходно, пак, Бектеши вчера во Албанија беше пречекан само со албански знамиња и без македонско знаме, иако, како што вели, е министер на Северна Македонија.

YouTube video player