Connect with us

Балкан

Каква ти е жената, таков ти е животот! – МАЦА доаѓа со ХИТ комедијата

Published

on

Познатиот комичар Драган Маринковиќ  Маца, доаѓа во Македонија со својата хит- претстава „Каква ти е жената, таков ти е животот“ и тоа во Скопје на 27 мај во Филхармонија, и во Битола, на 28 мај во Домот на културата.

Претставата која го освои регионот досега ја имаат гледано повеќе од 40.000 луѓе, а Маца вели дека е среќен што ќе се дружи и со македонската публика. Билетите се продаваат на касата на Филхармонија и онлајн преку Mktikets.mk, додека веќе следната недела стартува и продажбата на билетите за претставата во Битола.

Во приказната на претставата, Драган Маринковиќ – Маца го претставува бракот на посебен начин кој никого не остава рамнодушен, а со шегите за односот помеѓу мажот и жената и вечните прашања на оваа тема, насмеа многубројна публика. Актерот уште еднаш покажа зошто е препознатлив како еден од омилените комичари на овие простори.

„Морам да кажам дека секоја претстава што ја играм во различни градови во регионот помина, можеби не е скромно да се каже, но, совршено. Коментарите и реакциите на публиката се секогаш одлични, над моите очекувања. Знаев дека претставата е добро, но дека е толку добра, ме изненади. Зборувам за тема која нẻ засега сите, таа е проткаена со мноштво емоции, независно што во одреден момент ја доведува и публиката до солзи. Приказната е за машко – женските односи од сите агли, ја отсликува нивната реалност и времето во кое живееме“, вели авторот на претставата и актер во неа Драган Маринковиќ – Маца.

Претставата „Каква ти е жената, таков ти е животот“ ќе ве натера добро да размислите за себеси и за светот околу вас, бидејќи сме генерации кои не сакаат врска. Со поучната порака дека љубовта е смислата на животот, Маца на свој начин ја доближува оваа симпатична претстава до публиката, прикажувајќи човек кој веднаш по разводот, сопругата го избркала од дома и отишол во кафеана каде почнал да го преиспитува својот живот. Наспроти сẻ, додека ги прелистуваме апликациите со надеж дека ќе ја најдеме вистинската личност, посакуваме нашата сродна душа да ја нарачаме преку Интернет, додека читаме „Пет начини да дознаете дали му се допаѓаш“ и „Седум начини како да ја освоиш“ мислејќи дека можеме да ја програмираме и личност за врска како и онлајн проектот, доаѓаме и до сознанието дека ние сме тие што на крајот не сакаме врска.

Балкан

Иванов: Власта во Скопје измислува дека има промени во предлогот за да го протуркаат кај нивната јавност

Published

on

Во телевизиска дебата на бугарската национална телевизиај БНТ, кај Бојко Василев, во која учествуваа сен Василев ПП, Мустафа Карадај ДПС и Христо Иванов од ДБ; Иванов, кој е пратеник и поранешен министер за правда на Бугарија, истакна дека нема суштински промени во фрнацуските предлози за решавање на спорот со Македонија.

Иванов, во емисијата, вели дека изјавите на официјални македнски претставници дека биле направени измени во предлозите е со цел да ја „залажат“ јавноста во Македонија.

Не го разбирам однесувањето на власта во Скопје, но најверојатно измислуваат дека има промени во предлогот, за да го протуркаат кај нивната јавност – вели Иванов.

Тој додава дека предлогот ги штити бугарските интереси во Македонија и дека дури и кога ќе почнат преговорите, Македонија ја очекуваат десетина или повеќе години разговори со ЕУ, во кои Бугарија ги задржува правото и можноста да интервенира во различни степени од тој процес, при што бугарскиот став ќе биде поткрепен од Европската комисија.

Continue Reading

Балкан

(Видео) „Македонија е Бугарија“: Бугарските пратеници подигнаа скандалозни транспаренти !

Published

on

Пратениците од пратеничката група Преродба како и гостите на балконот од пленарната сала во бугарското Народно собрание подигнале транспаренти со натпис: „Македонија е Бугарија“, а претседавачот на седницата Атанас Атанасов побарал да ги тргнат за да не мора да ги земе и да ги избрка надвор од салата.

Овие транспаренти испечатени на листови биле декор на говорот на претседателот на Преродба, Костадин Костадинов кој од собраниската говорница го искритикува и предлогот на Макрон и француската политика на Балканот:

„Целта на Макрон не е да го реши бугарското национално прашање и проблемите туку да си ги реши неговите внатрешни проблеми зошто на националните избори загуби истовремено и од левицата и од десницата и бидејќи завршува француското претседателство треба да заврши со некаков надворешнополитички медал, да покаже победа. Тоа е како на времето Австроунгарија што се фалела со победите на Балканскиот полуостров каде единствено можела да победи. Па Франција како една опаѓачка голема сила очигледно нема со што да се пофали освен да каже дека успеала да ја замолчи Бугарија“, рече Костадинов.

Continue Reading

Балкан

Teпачка на полноќ пред домот на Бојко Борисов за Македонија (Видео)

Published

on

Активисти на бугарската партија ВМРО предводени од европратеникот Ангел Џамбаски вечерва се собраа на протест пред домот на поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, за да го искажат револтот зошто тој го поддржа францускиот предлог за решавање на спорот и почеток на преговорите на ЕУ со Македонија, јави БНТ.

Демонстрантите од доскорешниот коалициски партнер на Борисов, пред неговиот дом носеа транспарент „Не ја предавајте Македонија“ и скандираа: „И порано и сега, Македонија е бугарска“.

Од друга страна, пак, пред домот на Борисов имаше и контрапротести – активисти и пратеници од пратеничката група на ГЕРБ дојдоа да го поддржат лидерот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк