Руските медиуми објавија видео на кое се слуша како гневна жителка на Мариупол го нарекува Володимир Зеленски “дворски шут”.
Може да се забележи дека госпоѓата е видно вознемирена и гневна на постапките на украинскиот претседател.
“Секогаш сум била горда што живеам во Украина, до 2014, од 2014 сакам да живеам во Русија. За Зеленски, греота е да го колнам, му посакувам толку здравје што ќе се удави од него, дворски шут!”
Претходно во неколку наврати жителите на Марупол апелираа да се организираат хуманитарни коридори за евакуација на цивилите во градот.
Русија тврдеше дека украинските војници не дозволувале евакуација на цивилите.
Московскиот суд ја казни Викимедија со 5 милиони рубли (88.000 американски долари) затоа што одбиле да го отстранат од написите на руски она што го сметаат за дезинформација. Меѓу нив се „Руската инвазија на Украина“, „Воени злосторства за време на руската инвазија на Украина“ и „Масакрот во Буча“.
„Оваа одлука имплицира дека оригиналните, проверени информации на Википедија кои не се во согласност со ставот на руската влада се дезинформации“, рече Стивен ЛаПорте, помошник главен советник во Фондацијата Викимедија, според Скај њуз.
Википедија е еден од ретките преостанати главни извори на информации на руски јазик за Русите по затворањето на многу медиуми во Москва.
Претседателот Џо Бајден прогласи национална вонредна состојба поради опасност од недостиг на електрична енергија.
Прогласувањето на вонредна состојба уследи по одлуката на Бајден да ги користи законите на војната за да го поттикне домашното производство на соларни панели и други извори за производство на таканаречената зелена енергија.
Тој ја објасни употребата на овој закон со потребата да се намали употребата на нафта и гас и да се намали зависноста на САД од испораките од „непријателските“ земји.
Балконот на Бакингемската палата вчера повторно беше центар на сите озборувања, шпекулации и расчленување на најситните детали, среде големата прослава на јубилејот на кралицата Елизабета Втора, која доживеа 70 години владеење на британскиот трон.
Кој се појави на балконот, а кој беше избркан? Кој што носеше и кој кому му шепна? Британските таблоиди едвај го дочекаа овој момент.
Појавувањето на Елизабета Втора во синиот костим на Анџела Кели во четвртокот го дочекаа десетици илјади граѓани со ентузијазам и овации, поради што таа во еден момент пелтечеше: „Неверојатно!“.
ФОТО: Profimedia
Половина час подоцна, таа се врати на балконот за да го следи традиционалниот лет на воени авиони, каде што ѝ се придружија престолонаследникот, принцот Чарлс и Камил, и најстариот внук Вилијам, со неговата сопруга Кејт Мидлтон и нивните деца. И додека малите принцови Џорџ и Луис и принцезата Шарлот ја следеа церемонијата од балконот, новинарите секако веднаш забележаа дека нема место за принцот Хари, Меган Маркл и принцот Ендру. Официјално, бидејќи тие веќе не се активни членови на кралското семејство, но сите се свесни за нарушениот однос на Хари со остатокот од семејството, како и за обвинувањата за педофилија против принцот Ендру.
Меган повторно беше видена во позадина како се обидува да ги замолчи другите деца на церемонијата, Миу Тиндал и Савана Филипс.
ФОТО: Profimedia
На кралицата на балконот и се придружија вицеадмиралот Тимоти Лоренс, нејзината ќерка, принцезата Ана, Камила и принцот Чарлс, Вилијам и Кејт со децата и Софи, грофицата од Весекс, сопруга на принцот Едвард, синот на кралицата.
Не помина без коментар и моментот кога Кејт се возела во иста кочија со Камила, чија популарност нагло се зголеми откако и официјално беше потврдено дека Чарлс и таа ќе ја наследат кралицата на тронот. Далеку е од ерата во која Камила беше персона нон грата бидејќи нацијата ја обвини за распадот на бракот на Чарлс и принцезата Дијана.
ФОТО: Profimedia
Иако се „избркани“ од балконот, Хари и Меган се уште ја поправаат врската со семејството кое се распадна откако решија да се преселат во Америка. Ова е прва официјална пригода во која учествуваат во последните две години.
Така во следните четири дена нивните деца Арчи и малата Лилибет за прв пат ќе се сретнат со своите мали братучетки Џорџ, Шарлот и Луиз. Ова е прва средба на Лилибет со некого во Британија, додека Арчи ја напуштил земјата кога имал само шест месеци. Малото девојче го добило името по кралицата Елизабета Втора, а планирана е и нивната прва средба.
ФОТО: Profimedia
Моментот кој го одбележа балконот во Бакингемската палата се случи за време на летот на воени авиони. Додека сите гледаа во небото, малиот Луис, кој незаинтересирано си го копаше носот, беше премногу гласен, па наеднаш си ги покри ушите и почна да вика. Тие фотографии го обиколија светот.