Македонија ѝ одржа фудбалска лекција на Бугарија во „балканското дерби“ попладнево во Разград, ама не успеа да го победи преслабиот ривал и само со бод од ремито 1-1 ја отвори оваа сезона во Лигата на нации, како почеток на новиот циклус кон остварување на главната цел на крајот, пласман на Еуро 2024 во Германија.
На крајот завршивме со 15 шута (5 во рамки на голот) наспроти само трите на Бугарија, која од единствениот директен ни даде гол, со стотина повеќе додавања, со поголем посед на топката и со повеќе изведени корнери, зашто Бугарија изведе еден.
Штета. Можеме да жалиме што не победивме, но што е тука е. Во Скопје сигурно ги добиваме со ваква игра.
Следен меч на Македонија е гостувањето во недела кај Гибралтар, додека Бугарија ја пречекува Грузија, исто така во Разград, за три дена