Connect with us

Балкан

ВИДЕО: Се појави снимка од тешката автобуска несреќа на бугарските фудбалери

Published

on

Бугарската фудбалска репрезентација доживеа сообраќајна несреќа неколку минути по слетувањето на нејзиниот авион во Тбилиси, главниот град на Грузија.

На пат од аеродромот до хотелот, каде што требаше да биде сместена екипата, возачот на првиот од двата автобуси во кои бил бугарскиот тим изгубил контрола над возилото, што резултирало со сообраќајна несреќа.

Несреќата се случила поради неприспособена брзина во услови на дожд, а според барањата на УЕФА, репрезентацијата била поделена на два помали автобуси и патувала со полициска придружба.

Возачот на еден од автобусите возел со голема брзина по влажен коловоз и изгубил контрола бидејќи пред него наеднаш застанал автомобил, а во него удрил другиот автобус.

Фудбалерот на Ботев Пловдив, Тодор Неделев, беше најтешко повреден, но е вон животна опасност по двочасовна операција поради повреда на главата.

Останатите членови на тимот и стручниот штаб на бугарската репрезентација се добро.

Натпреварот од групата Ц од Лигата на нации меѓу Грузија и Бугарија е закажан за утре од 18 часот.

Балкан

ВИДЕО: Дно во Бугарскиот парламент, пратениците почнаа да се плукаат

Published

on

 Реагираа пратениците од ГЕРБ кои успеаја да ги раздвојат за да не дојде до посериозен инцидент. после овој инцидент, Претседателот даде пауза од 15 минути.

Видеото може да го погледнете ТУКА

Continue Reading

Балкан

(ВИДЕО) ХАОС ВО АЛБАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ пратеник со шише гаѓа министер

Published

on

Пратениците од опозицијата повторно предизвикаа тензична ситуација во албанскиот Законодавен дом,  фрлајќи предмети кон претседателката и местото каде што седат министрите, блокирање на говорницата, за што мораше да интервенира обезбедувањето.

Демократскиот пратеник Фламур Нока со шише проба да го удри министерот Таулант Бала додека тој говореше, јави ТВ 21.

Опозициските пратеници, меѓу нив и лидерот на демократите Сали Бериша, претходно во своите обраќања преполни со обвинувања на адреса на владата, за веќе уапсениот градоначалник на Тирана Ерион Велиај, побараа на седницата да присуствува премиерот Еди Рама.

Тензиите започнаа откако претседателката му даде збор на министерот за односи со Парламентот, Таулант Бала. Прв кон говорницата се упати демократот Фламур Нока, а потоа и останатите пратеници на ДП, се пробија низ обезбедувањето и  го извлекоа микрофонот.

Поради тензичната ситуација претседателката Елиса Спиропали ја прекина седницата.

ВИДЕО: ТВ 21

Continue Reading

Балкан

И БОРИСОВ МУ СЕ НАФРЛИ НА МИЦКОСКИ „Апсолутна провокација, не треба да се обрнува внимание“

Published

on

Зборовите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски се апсолутна провокација, бугарското Министерство за надворешни работи соодветно одговори, вели претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов.

Претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов ја оцени како апсолутна провокација изјавата на премиерот Христијан Мицкоски во врска со впипувањето на Бугарите во македонскиот устав.

– Зборовите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски се апсолутна провокација. Не треба да им се обрнува внимание. Тие можат да го прават тоа – рече Борисов.

Борисов додаде дека бугарското Министерство за надворешни работи соодветно одговорило на провокацијата.

На изјавата на Мицкоски вчера реагираше и претседателот на Има таков народ, Слави Трифонов, кој порача дека „сите оние, предводени од Мицкоски, преку криви макарони ќе ја видат Европската Унија“.

Премиерот Мицкоски вчера одговарајаќи на пратенички прашања во Собранието, изјави дека суштинското прашање е зошто во Македоника, каде има околу 700-800 Бугари, кои декларираат дека мајчин јазик им е бугарскиот, треба да бидат ставени во Уставот, додека Албанија со 8.000 Бугари според бројките од пописот, го нема тој услов.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк