Connect with us

Македонија

„Народот да биде буден, нема време за одмори и седење дома, се подготвува асимилација“

Published

on

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ повика на будност. Тој порача дека иднината на Македонецот не може да биде во рацете на Бојан Маричиќ и Бујар Османи. Според него, нема време ниту за одење на одмор ниту за седење дома.

„Го повикувам народот на будност. Ова е нов Илинден. Овде нема партија, ова е за македонскиот индентет, кој со векови е создаван. Го предупредувам секој граѓанин во државава, да биде буден, се подготвува асимилација. Или еден ден членка на ЕУ или никогаш нема да бидеме дел од ЕУ. Ете тоа ни се подготвува со одбивањето. Знам дека притисокот ќе биде голем, но на народот треба да му биде јасно, дека ова се историски моменти, дека нема моменти за седење дома ниту за одење на одмор. Сега се одлучувачките моменти: да кажеме громогласно „не“ и наредните години да се избориме…. Нема простор веќе да гледаме… Не верувајте на тоа што ви го кажуваат, туку на тоа што ќе го прочитате и видите“, додаде Мицкоски.

Францускиот предлог е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека Договорот за добрососедство е содржан во францускиот предлог за преговарачката рамка за отпочнување на преговорите за ЕУ. Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, објасни дека вклучување на овој Договор во преговарачката рамка за нив е неприфатливо.

Македонија

Купени 150 луксузни возила за 3,6 милиони евра за време на пандемијата и кризата

Published

on

Низа злоупотреби за време на пандемијата, наместо маски и друга опрема за медицинскиот персонал, средствата биле искористени за други цели. Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница меѓу другото расправаше и за злоупотребите на институциите за време на пандемијата, главно за купените службени автомобили од страна на државните институции.

Податоците со кои располага комисијата се загрижувачки. Претседателката Билјана Ивановска од Антикорупциска вели дека не се само два автомобили кои беа познати во јавноста, туку станува збор за 150 нови автомобили, додека државата не можеше да обезбеди соодветна заштита за сите граѓани. Возилата се со вкупна вредност од над 3,6 милиони евра, односно луксузни возила со поединечна вредност од 20.000 до 40 000 евра за коишто, како што вели Ивановска, не се гледа потреба да се купуваат, особено во време на пандемија.

„Владата треба да донесе одлука за службените возила. Од една страна стега со даноци, а граѓаните ги иритира кога гледаат дека пари се трошат за луксузни возила кои се користат дури и за приватни цели. И кога се работи за службени цели, може да се помине со поевтини возила“, рече Ивановска.

Загрижувачки е фактот што државните институции за време на пандемијата и економска криза, ангажираат правни лица за извршување на работите што треба да ги извршуваат административците кои веќе работат во овие институции. Од Антикорупциска велат дека купувањето службени автомобили и ангажирањето надворешни соработници во државни институции се индиција за корупција

Continue Reading

Македонија

Штом требало да се штеди зошто не се укинат 3 – 4 министерства?

Published

on

На македонската влада и стана навика да укажува дека треба да се штеди. Криза било, морало порационално да се троши, загрижени се министрите.

Мнозинство од граѓаните во Македонија ги земаат на мајтап овие владини апели, барања, опомени… Зошто е така? Зарем населението не ја гледа сериозноста на ситуацијата? 

-Ја гледаме сериозноста на ситуацијата, но не ја гледаме сериозноста на Владата во намерата да штеди, сака само населението да го товари, ни одговори еден аеродромец утрово на прашањето.

Логичниот одговор наметнува друго прашање: Кога ќе следи намалување на бројот на министрите и пратениците, кога ќе се намали администрацијата односно сиот оној „јавен сектор“ кој е прегломазен и прескап?

Така ќе покаже Владата дека навистина таа почнува да штеди. Така ќе се даде пример и другите да штедат.

Впрочем за намалување на државните функционери кои дебело се платени има и друга (дебела) причина – до сега нивната бројка беше планирана за повеќе од два милиони жители, ако веќе се намалило населението (што покажа пописот), треба да се намалат и тие кои и „служат“ на граѓаните на Македонија.

Како за се и текнува на министрите, за ова не им текна?

Има премногу министерства во Македонија. Најмалку 3 -4 треба да отпаднат. Има премногу јавни претпријатија, разни агенции и слично. Сите тие имаат раководни кадри со шофери и секретарки, па дури и советници. Многу управни одбори, па надзорни… Се тоа треба да се намали.

Па нели криза е, а и следела уште поголема? 

Текст на Скопско ехо

Continue Reading

Македонија

Во Арачиново се краде или не се плаќа струја во вредност од 6 милиони евра за една година

Published

on

Според пресметки на луѓето вработени во ЕВН кои секојдневно се на терен, околу 50 милиони евра е вредноста на украдената струја само од Скопскиот регион само за една година.

Вработен во ЕВН за МКД изјавил дека само во Општина Арачиново за една година се краде или не се плаќа струја во вредност од 6 милиони евра.

Според неофицијалните податоци на вработен во ЕВН, во февруари годинава загубите на електрична енергија само во Арачиново изнесуваат околу 80%. Трафостаницата број 6 со број 381145 поради кражба на струја бележи загуба од над 56%.

Трафостаницата број 1 со број 380396 поради кражба на струја бележи загуба од над 65%. Трафостаниците 10, 3, 8 и 9 со соодветните броила бележат загуби од 70% поради кражба на струја, трафостаниците со броеви 5, 4, 2, 13 и 11 со соодветните броила бележат загуба од над 80% поради кражба на струја, трафостаницата број 12 со број 381392 е со рекордна загуба од 96% поради кражба на струја. Сите се на територијата на Општина Арачиново.

Ова се делови од официјалните извештаи на ЕВН за оваа општина.

Или во февруари годинава во овој регион биле украдени вкупно 2.800 мегаватчасови. Тоа значи дека на годишно ниво загубата е повеќе од 20 илјади мегаватчасови. Просечната цена на берзата на струја за еден мегаватчас е 300 евра. Ова значи дека само од регионот на Арачиново вредноста на украдената струја е 6 милиони евра за една година.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк