Connect with us

Македонија

Пратеник од Велес му нареди се по список на својот колега сограѓанин

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Велес, Игор Здравковски на својот ФБ профил напиша статус кој вечерва вирално се шири на социјалните мрежи. Статусот е всушност упатен кон пратеникот на СДСМ од Велес, Ненад Коциќ, кој за време на собраниската седница при една реплика го прозвал Здравковски со тврдење дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ имал бугарски пасош.

– Абре ѓубре расипано, олицетворение на гнојот и црното под ноктите… Идиот и дебил како тебе втор не се раѓа! Идиот како тебе дури и земјата не знам како го трпи! Сакаше да бидеш градоначалник изгуби како никој досега! Сакаше да бидеш претставник на народот, а дома, во комшии и сегде низ градот изгуби! Кажи бе изроду еднаш машки кој има бугарски пасош, не да се криеш зад говорницата мамицата твоја! Биди маж, биди достоен, биди Македонец а не како лингур да се криеш зад имунитетот! Торлак, над торлаците, гангрено бедна дебилна… Биди еднаш велешанец, оти ние велешаните сме потомци на Гемиџиите, а не дрво без корен како тебе ќутук еден, изрод еден!, напиша Зравковски.

Македонија

Денешната седница на Комисијата за „Пулс“ под знак прашалник поради можен недостаток на кворум

За денес во Парламентот е закажано одржување на седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните. Седницата е иницирана по претставка поднесена од родителите на младите лица кои трагично ги загубија животите во пожарот што избувна во кочанската дискотека „Пулс“.

Семејствата на жртвите инсистираат на неодложно одржување на седницата, предупредувајќи дека нема простор за нови пролонгирања. Тие очекуваат целосно присуство од сите пратеници, како и претставници на релевантните институции, потенцирајќи дека денешниот термин е единствена можност за директно обраќање пред Собранието.

Во меѓувреме, опозицијата изразува загриженост дека седницата може да пропадне поради недостиг на кворум, доколку пратениците од владејачкото мнозинство одлучат да не се појават.

И покрај предлогот на претседателот на Собранието за одложување, поради тековната расправа за буџетот, партијата „Левица“, чиј претседател, Димитар Апасиев, раководи со комисијата, останува на првично закажаниот датум и време.

Паралелно со работата на ова тело, собранието веќе има формирано и посебна анкетна комисија. Нејзината задача е да ги разгледа сите поголеми трагедии кои се случиле во земјата во изминатите години, во чиј опфат спаѓаат и настаните поврзани со пожарот во дискотеката „Пулс“.

Continue Reading

Македонија

Следното лето Скопје добива нова сезонска авиолинија

Од наредната година, нискобуџетниот авиопревозник „АЏет“ (AJet), најавува враќање на сезонските летови од популарниот Бодрум до главните градови – Скопје и Сараево, ексклузивно дознава порталот „Екс ју авиејшн“.

Авиолинијата Бодрум-Скопје ќе започне на 2 јули, а летовите ќе се реализираат секој четврток.

Не заостанува ни Сараево. Патниците од босанскиот главен град ќе можат да уживаат во директниот лет од 28 јуни, со редовни полетувања секоја недела.

Иако овие линии беа омилени кај патниците и редовно оперираа под капата на AJet и нејзиниот претходник Anadolujet – линијата за Сараево од 2021 до 2024 година, а онаа за Скопје од 2022 до 2024 година – за жал, во текот на оваа година беа ставени во мирување. Сепак, следната сезона ги враќа во живот, на задоволство на сите кои планираат одмор во Турција или посета на Балканот.

Continue Reading

Македонија

Премиерот Мицкоски оствари средба со генерал-мајор Грегори Најт

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска оствари значајна средба со командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт.

Централна тема на разговорите беше продлабочувањето на соработката меѓу институциите, со посебен акцент на одбранбениот сектор.

„Во разговорот се осврнавме на продлабочување на соработката меѓу нашите институции, особено во домените на обуката, размената на искуства и поддршката во изградбата на модерни и ефикасни одбранбени капацитети,“ објави премиерот Мицкоски на својот Фејсбук-профил.

На средбата присуствуваа и амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер, министерот за одбрана, Владо Мисајловски, како и генерал-мајор Сашко Лафчиски.

Посетата на генерал-мајор Најт беше заокружена со свечена церемонија во Кабинетот на Претседателката, каде Гордана Сиљановска – Давкова ќе му го врачи Орденот за воени заслуги.

Од Кабинетот на Претседателката информираат дека високото одликување се доделува како признание за неговиот „особен придонес во продлабочувањето на македонско-американското пријателство и воената соработка“. Оваа соработка, која се реализира преку Програмата за државно партнерство, резултираше со многубројни активности кои придонесоа за зајакнување на капацитетите и зголемување на борбената готовност на Армијата.

Средбата и церемонијата ја потенцираат стратешката важност на партнерството меѓу двете земји во областа на одбраната и безбедноста.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг