Connect with us

Забава

Одмор на времето: Имате три слики, сите потегнати на плажа, кај шо мочаш во плиткото и уште една шо не се познава оти е осветлен филмот…

Published

on

Одмор на времето и сега е новиот популарен статус на социјалните мрежи од Божидар Божиновски кој е пресмешен, но и жива вистина.

Прочитајте зошто пак не сте среќни:

Одмор на времето:- Грција санкции, Јадранско војна, Албанија нема да се капиш во бункери, а за подалеку тешко. Со авион имаа летано само Глигоров, Тупурковски и уште двајца пилоти шо прскаа ниви во овчеполието. Значи ти останува Крани, Претор, Охрид и Струга- Се спремате за 7 минути оти сите имате по едни купачи, нешто за носење таа една вечер шо ќе одите во ресторан, гуми за пливање да се вратите сите деца на број- Одморот е сјебан уште ко ќе влезете в кола. 40 степени во кола без клима и климаво семејство шо треба да патува. Дур да стигните твоите три пати се развеле, четири пати пак ги повториле брачните завети, вие назад сте дехидрирани од топло, плачење, пот- Во собата има кревети. И толку. Нема интернет, телевизија за курац ти е ионака само прва програма и втора на етничките заедници ама и не ти треба повеќе. До крајот на одморот ѕидот ќе изгледа ко слика од Полок од тепање комарци- Водата првите пет метра е ко од лабораторија да истуриле урина собирана еден месец. Сите деца голи, мочаат во плиткото, понатаму тиња. Дремиш четири сати во моч дур не те удри сунчаница. Мајка ти му се лути на татко ти шо гледа други- 9 од 10 вечери изгледаш ко лебче (ваљда брускети е на јазикот во 2019-та). Јебеш крема за сончање, те мачкаат со кисело млеко. Поске можиш и попара да напрајш од то ама е гадно- Единствен коктел шо ќе го пробаш е Кока Кола и Фанта ко ќе влезиш на свадба шо се одржува во ресторанот- Си менувате броеви со фамилијата од Пехчево шо ви е во близина и шо татко ти и татко им цело време пијат и некогаш не се слушате повеќе- После одморот никој со никого не зборува месец дена, да потраеше уште три дена повеќе ќе беше распад на семејството- Имате три слики од то. Сите потегнато на плажа, кај шо мочаш во плиткото и уште една шо не се познава оти е осветлен филмотОдмор сега:- Има евтин чартер за Маурициус со цена од само еден бубрег со камен, 14 ноќевања. Обично на овие дестинации одат оние што не ни знаат да го изговорат Маурициус- Спремањето почнува месец дена претходно. Се разбира, прво скриншат од уплатеното, филинг хепи. Менување кавер wanderlust, статуси “Патувачи го светот не го запознав светот, туку себе”. Купачи 18 пара по глава на турист, нема на инстаграм секој ден со истите. Телефон, тука, полнач тука. Таблет тука, полнач тука. Од 327 ситници ќе заборавиш 11 и баш тие ќе ти требаат- Одморот е “значи како да ти кажам, совршен”. Собата има клима, телевизор со катаљон програми, интернет, топла вода, ладна вода, млака вода, кинг сајзд бед- Правиш 2743 слики, дневно. Коктел “Секс на плажа”, коктел “Пушење на плажа”, коктел “И пукнав само три прсти на плажа”, коктел “Онака, само се фаќавме на плажа”, сламен шешир цело време, сколиоза и кифоза за да не се познава стомакот, а да се видат тетоважите. Одморот оди и со лајф стрим за фановите- Веројатно до овде се изморивте од читање, шо ве ебам јас ќе пишам вие како сакате- Не влегуваш во море, цело време дремиш во базенот на 4 метра од морето и никој не моча во него- Ако си ол инклузив доаѓаш со 8 килограми плус и болест на желудник од преждеравање- Се враќаш овде и “И значи не ти се верува човече која сељачаана сме ние, јас ко бев на Маурициус да ти кажам…” ти е цела година муабет – Пак не сте среќни

Забава

Во Скопје ќе се снима филм за животот на Аца Лукас

Published

on

Српскиот пејач Аца Лукас ќе сними филм и серија за неговиот живот, а ќе бидат работени по автобиографската книга „Ова сум јас“. Филмот ќе се снима низ градовите на поранешна Југославија, меѓу кои и Скопје.

Серијата и филмот ќе бидат наречени „Кафеана на Балканот“, според една од најпопуларните песни на Лукас, тој ќе го снима заедно со продуцентот Саша Мирковиќ и Хајп продукција. Младен Совиљ, еден од најталентираните актери на помладата генерација, ќе го глуми Лукас, а режисер ќе биде Сузана Пурковиќ.

Подготовките за снимањето се веќе во тек.

„’Кафеана на Балканот’ ќе се снима во Белград, Сараево, Мостар, Будва, Скопје, Сплит и Бања Лука. Буквално во сите центри на поранешна Југославија, бидејќи кариерата и животот на Аца се поврзани со сите овие градови. Горд сум што овој филм ќе биде Југославија во едно и што актерите ќе бидат од сите овие земји. Во моментов екипата ги означува сите локации каде што ќе снимаме. Публиката може да очекува добар филм и серија“, вели продуцентот Саша Мирковиќ.

Continue Reading

Забава

Од препораките на Владата за штедење издвојуваме: Туширајте се на дожд, евентуално во вир :)

Published

on

Компилација реакции од граѓаните на Твитер мрежата по повод објавените мерки за штедење од страна на Владата на владината седница вчера.

Изберете омилени мерки за штедење 🙂

Continue Reading

Забава

„Цар Самуил је пуно шетао, и Кирил и Методиј су радили исто такве ствари…“

Published

on

Вадење од архива…

Вчера се думав денот на Св. Кирил и Методиј да ви го честитам со ова видео, ама реков ај да не ви расипувам празник, вели Роберт Милески кој сподели дел од бројните „легендарни“ интервјуа на кои Зоран Заев се труди да „прича српски“.

Овојпат тогашниот  македонски премиер зборува како, исто како и цар Самоил, и просветителите Кирил и Методиј ги делиме со Бугарија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк