Connect with us

Uncategorized

Фото: Пронајдени шорцеви на плажа слични на тие што ги носел Мартин

Published

on

Шорцеви за капење биле пронајдени вчера, на плажата кај Катерини, слични на оние што ги носел 31-годишниот Мартин Јовановски, кој исчезна од плажата Мити, кај местото Посиди на Халкидики, пред 13 дена. На последната фотографија од Мартин, на денот на исчезнувањето 9 јули, тој носи слични шорцеви за капење. Нив ги пронашол граѓанин, кој не ги земал со себе, туку ги фотографирал, и фотографијата ја испратил до спасувачите со порака дека наликува на костимот на 31-годишниот Македонец, по кого се трага 13-тиден.

Како што објави шефот на спасувачката мисија ОФКАТ, Христос Рамос, фотографијата од костим за капење на плажата Катерини ги мобилизираше спасувачите – волонтери и тие веднаш се упатија кон местото, но ништо не се случи што би го подигнало моралот на семејството.

Спасувачите со часови трагале, но не успеале да го лоцираат.

-Човекот ми ја испрати фотографијата со костим за капење меѓу алги, но за жал, само го фотографирал без да го земе. Пристигнавме на самото место и со помош на спасувачкиот тим Пиерија – ДОП, кој ни даде чамец, ја пребаравме областа до делтата
Аксиос, но залудно“, изјави Рамос за Вориа. Но, оваа фотографија беше доволна семејството да верува дека е на Мартин.

-Кога костимот го виде мајката на Мартин, рече дека личи на тој што го носел нејзиниот син“.

Досегашната потрага по Мартин во која се вклучени освен грчките крајбрежни служби со спасувачи, бродови и дронови, на Халкидики се мобилизирани и македонски граѓани кои доброволно се вклучија во потрагата.

Досега сите потраги се неуспешни, но активни.

Мартин на 9-ти јули со двајца пријатели исчезна во водата на плажата Посиди, кога ги однеле силните струи. Едниот беше извлечен по неколку часа, а другиот пронајден по 20 часа потрага.

Uncategorized

ГУГЛ“ ЌЕ ИНВЕСТИРА 2,2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ВО ГРЦИЈА И ЌЕ ОТВОРИ 20.000 РАБОТНИ МЕСТА

Published

on

„Гугл“ објави дека ќе воспостави своја инфраструктура за услуги во облак (cloud services) во Грција, давајќи ѝ поттик на земјата во обидите да стане светски технолошки центар.

Договорот предвидува инвестиции од 2,2 милијарди евра и отворање околу 20.000 работни места до 2030 година, кажа грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Пред две години, и „Мајкрософт“ најави дека ќе гради три центри за податоци во областа на Атина, во инвестиција вредна една милијарда долари.

Како што беше кажано, новата инвестиција ќе им овозможи на организациите подобро да ги користат нивните податоци, ќе помогне да се намали латентноста и ќе ја зголеми безбедноста на корисниците од сајберзаканите.

Клауд одделот на „Амазон“ исто така ја отвори својата прва канцеларија во Грција лани.

Continue Reading

Uncategorized

„Голф“ падна од мост на Вардар- најверојатно имало и патници, ангажирани се нуркачки екипи (фото)

Published

on

Преку бројот за итни повици 112 во 12:05 часот до Дежурниот оперативен центар на Центарот за управување со кризи добиен е повик-пријава од Соообраќајна полиција од Тетово во која се наведува дека кола Голф 4 со Кумановски регистерски таблици двиќејки се на патниот правец с. Желино кон Тетово, паднала од мостот на реката Вардар во надојдените води на речното корито на река Вардар.

Поради брзината, длабочината и заматеноста на водата, возилото во во еден дел од речното корито е носено по течението, но за кратко време истото во природен јаз е пропаднато и визуелно не се гледало.

Во моментот не може да се одреди дали во возилото имало луѓе и каква е состојбата со истите. Оперативниот центар на ЦУК веднаш оставри комуникација и координација со МВР – СВР Тетово, ТППЕ Тетово, Брза помош Тетово и ДЗС.

МВР веднаш испратија нуркачки екипи од специјалната единица и тие се веќе на пат кон с.Желино, додека Дирекцијата за заштита и спасување праќа сопствени екипи за спасување од поплави кои се со седиште во Велес.

Во момент сме информирани дека возилото со помош и поддршка од градежни машини е извлечено надвор од длабоките води на речното корито и при првичен преглед визуелно внатре не се гледаат луѓе-патници. Претпоставки се дека во возилото имало патници, но што се случува со истите ќе се утврди со истрага, информираат од Центарот за управување со кризи.

Continue Reading

Uncategorized

Новиот хит на интернет: Доџи душо да штедимо струју

Published

on

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк