Connect with us

Скопје

Државен завод за ревизија: Потрошени се 58 милиони евра за патишта и пруги што не постојат

Published

on

Се земале кредити, се зголемиле трошоците, а патиштата и пругите никаде ги нема. Ова го констатираше државната ревизија по анализата на 11 инфраструктурни проекти. Ревизорите утврдиле дека државата енормно се задолжила за да ги заврши, искористила дел од парите, а сликата на терен покажува или застој или бавна динамика на градење. За разни камати, провизии и казни за неповлечени средства се потрошиле дури 58 милиони евра.

Убедливо најпоразувачки се податоците за изградбата на автопатот Кичево – Охрид. И по 5 анекси на основниот договор, сумата само порасна, роковите беа продолжени, а на крајот на изградбата не и се гледа крајот. За негово завршување, беа позајмени 685 милиони долари, досега повлечени се 383 милиони долари, а притоа биле направени разни трошоци од дури 38,6 милиони долари.

Втора со најкатастрофална реализација е Програмата за национални патишта.За да се подобри патната инфраструктура биле позајмени 180 милиони евра, од кои се повлечени 90 милиони, а направените трошоци се 7 милиони евра. Најголем дел од патиштата кои се реализираат преку ЈП за државни патишта, се почнати во периодот 2014-2016 година, но ревизорите утврдиле дека компанијата нема доволно средства, што доведува до  неиизвесност на изградбата.

„Тие имаат бавна динамика на реализација, која се должи на слабости во техничките решенија како дел од проектната документација, раскинување договори со изведувачи од различни причини, започнуваше постапка за меѓународна арбитража, административни пречки за започнување на експропријацијата, комплексна правна рамка со повеќе вклучени институции за утврдување на надоместокот за експропријација што го блокира ефикасното решавање на експропријацијата“ – се наведува во извештајот.

Трет проект според бавната реализација е реконструкција на пругата Бељаковце – Криза Паланка или втората фаза од железницата кон Бугарија. Од земените 145 милиони евра од ЕБОР, биле повлечени само 10% од парите, па затоа трошоците енормно се зголемиле. 6 и пол  милиони евра изнесуваат непредвидените трошоци поради доцнењето со изградбата.

„Проектите на ЈП ЖРСМ Инфраструктура се отпочнати во периодот 2012-2014 година и се во застој, не се довршени, а од 2018-2019 година степенот на реализација во просек е само 1 процент на месечно ниво и во 2019 и 2020 година договорите за Коридор 8 и Коридор 10 сe раскинати. Во период на вршење на ревизијата во тек беа евалуации за избор на нови изведувачи за коридорите 8 и 10“ – велат од Државниот завод за ревизија.

Инаку токму на изградбата на пругата кон Бугарија се чека повеќе од три децении. Изведувачите повеќе пати го напуштаа проектот поради непредвидени и дополнителни работи. Откако германската компанија Вебе, која почна со работа на делницата уште во 2014 година, по неколку пролонгирани и повторно пробиени рокови, во 2020-та еднострано го раскина договорот, дури пред некоја недела владата потпиша два нови договори за двете делници од Куманово до Крива Паланка со фирмите Штрабак и Ѓулермак. Сега, надлежните повторно убедуваат дека овојпат нема да се случи истото и дека цела железница кон Бугарија ќе заврши до предвидениот рок во 2027-ма година.

Реализацијата на капиталните инвестиции во кои спаѓаат патиштата и пругите е на катастрофално ниско ниво со години наназад. За 7 месеци се завршени едвај 30% од предвидените работи или 160 милиони евра. Сепак, кога на Владата оваа пролет и стана јасно дека не може да постигне да го изгради она што го вети, со ребалансот драстично скрати токму од оваа ставка и тоа од 615 на 520 милиони евра. Ако се споредува со првично планираното, реализирани се едвај 26%. Аналитичарите со години алармираат дека власта не планира доволно добро, нема капацитет во администрацијата за брзо завршување на бирократските процедури, па резултати очекувано нема.

Скопје

Плаќајте си вие сметки: Годишно во Скопје се КРАДЕ СТРУЈА во вpeднocт од 50 МИЛИОНИ ЕВРА!

Published

on

Само за една година, според некои пресметки на луѓето вработени во ЕВН кои секојдневно се на терен, околу 50 милиони евра е вредноста на украдената струја само од Скопскиот регион. Вработен во ЕВН, кој разбирливо сакаше да остане анонимен, вели дека само во Општина Арачиново за една година се краде или не се плаќа струја во вредност од 6 милиони евра. Власта, и локалната и централната, ги има овие податоци, но молчи, пишува порталот МКД.мк.

И досега беа објавувани стотина новинарски приказни како контролорите на ЕВН едноставно немаат пристап до струјомерите од поедини домаќинства кои со години не платиле сметка за струја. Пишувавме и тоа дека често доаѓа и до физички пресметки. ЕВН како компанија со години се обидува да го унапреди системот за ефикасна наплата на сметките за струја, од 2014 година досега инвестираше десетици милиони евра во зајакнување на електричната дистрибутивна мрежа само кон Арачиново…

Според неофицијалните податоци на вработен во ЕВН, во февруари годинава загубите на електрична енергија само во Арачиново изнесуваат околу 80%. Трафостаницата број 6 со број 381145 поради кражба на струја бележи загуба од над 56%. Трафостаницата број 1 со број 380396 поради кражба на струја бележи загуба од над 65%. Трафостаниците 10, 3, 8 и 9 со соодветните броила бележат загуби од 70% поради кражба на струја, трафостаниците со броеви 5, 4, 2, 13 и 11 со соодветните броила бележат загуба од над 80% поради кражба на струја, трафостаницата број 12 со број 381392 е со рекордна загуба од 96% поради кражба на струја. Сите се на територијата на Општина Арачиново. Ова се делови од официјалните извештаи на ЕВН за оваа општина.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Continue Reading

Забава

Во Скопје ќе се снима филм за животот на Аца Лукас

Published

on

Српскиот пејач Аца Лукас ќе сними филм и серија за неговиот живот, а ќе бидат работени по автобиографската книга „Ова сум јас“. Филмот ќе се снима низ градовите на поранешна Југославија, меѓу кои и Скопје.

Серијата и филмот ќе бидат наречени „Кафеана на Балканот“, според една од најпопуларните песни на Лукас, тој ќе го снима заедно со продуцентот Саша Мирковиќ и Хајп продукција. Младен Совиљ, еден од најталентираните актери на помладата генерација, ќе го глуми Лукас, а режисер ќе биде Сузана Пурковиќ.

Подготовките за снимањето се веќе во тек.

„’Кафеана на Балканот’ ќе се снима во Белград, Сараево, Мостар, Будва, Скопје, Сплит и Бања Лука. Буквално во сите центри на поранешна Југославија, бидејќи кариерата и животот на Аца се поврзани со сите овие градови. Горд сум што овој филм ќе биде Југославија во едно и што актерите ќе бидат од сите овие земји. Во моментов екипата ги означува сите локации каде што ќе снимаме. Публиката може да очекува добар филм и серија“, вели продуцентот Саша Мирковиќ.

Continue Reading

Приказни

Скопје на вашите родители: Чекање пред Ванила, дремење пред Метропол и финале – Чичко Стоилко

Published

on

Да бакнеш девојка зад зграда или пред зграда било вистинска фантазија и сон на секое момче, затоа што додека се стигне до тоа, поминувале месеци во следење на саканата, праќање абери по другари и другарки, киснење, раскажуваат старите скопјани.

Седмо и осмооделенците беа предгрупи на корзото од седумдесетите во Скопје. Тие на корзото се движеа од 18 часот – дома мораа да се приберат во 20 часот.

Малку постарите корзото го започнуваваа од 19 часот – шемата на корзото беше до 21 часот, потоа се одеше во некој од кафеаните, летните тераси пред Стоковна куќа и пред сегашен Пелистер.

Исто така на времето во ГТЦ се одеше по сè: по шампити во Ванила, по плочи во Југотон, по костимчиња во Мура, по адидас во Словенија шпорт, по петсто кец во Вартекс, по свирки на Коцка, по лазањи во Рим-Париз, по сендвичи кај Чичко Стоилко, по пици во Жито лукс…

Еххх си беше едно време во старо Скопје на нашите родители …

Весник.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк