Connect with us

Религија

Свети Евдоким од Кападокија – младиот офицер кој живееше со евангелските заповеди

Published

on

 Роден е во Кападокија од благочестиви родители, Василиј и Евдокија. Во времето на царот Теофил (829–842) Евдоким беше млад офицер во војската. Но, и како војник вложуваше секаков напор за да живее според евангелските заповеди.

Непорочно ја чуваше својата чистота и одбегнуваше дури и да зборува со која и да е жена освен со мајка си; беше милосрден кон бедните, грижлив во читањето свештени книги и уште погрижлив во молитвите кон Бога.

Одбегнуваше суетни забави и празнословие. Беше „Среде метежот и суетата на светот, како крин меѓу трње и како злато насред оган“.

Заради неговите необични добродетели царот го постави за војвода кападокиски. На таа висока положба Евдоким се грижеше да биде праведен пред Бога и кон луѓето. Но, по Божја Промисла се упокои рано, во својата триесет и трета година. Неговите мошти се пројавија како целебни. Еден полуден човек се допре до неговиот гроб и оздраве, а и едно фатено дете се крена и стана здраво.

По осумнаесет месеци неговата мајка го отвори ковчегот и го најде неговото тело како живо, без било каков знак на распаѓање. А од телото на светителот излегуваше прекрасен мирис.

Подоцна моштите му ги пренесоа во Цариград и ги погребаа во новата црква на Пресвета Богородица, усторена од благочестивите родителите на овој праведен Евдоким.

Религија

Денес се празнуваат Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија

Published

on

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 септември. Денеска се слави празникот на љубовта и надежта, пандан на католичкиот Валентајн.

Денеска е Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија.

На овој ден именден празнуваат: Софија, Софка, Вера, Верица, Нада, Надежда, Натка, Љубе, Љупчо, Љубен, Љубомир, Љубосав, Људмил, Љуба.

Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија. Овие четири христоподобни дури беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа. Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Вера, Надеж и Љубов беа ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им беа отсечени главите. Софија ги зеде и ги закопа телата на своите три ќерки и откако помина три дена и ноќи во молитва над нивниот гроб, го предаде својот дух на Бога.

Празникот е посветен на жените и нивните деца, првенствено ќерки. Се верува дека девојчињата треба да ги израдувате со некој подарок, колку и да е тој скромен. Ќе биде доволно да им посветите внимание и да им покажете колку ги сакате.

Continue Reading

Религија

Доаѓа голем празник: Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија- направете го ова

Published

on

Според календарот на МПЦ, во петок на 30 септември се празнуваат Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија.

На тој ден именден празнуваат: Софија, Софка, Вера, Верица, Нада, Надежда, Натка, Љубе, Љупчо, Љубен, Љубомир, Љубосав, Људмил, Љуба.

Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија. Овие четири христоподобни дури беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа. Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Вера, Надеж и Љубов беа ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им беа отсечени главите. Софија ги зеде и ги закопа телата на своите три ќерки и откако помина три дена и ноќи во молитва над нивниот гроб, го предаде својот дух на Бога.

Празникот е посветен на жените и нивните деца, првенствено ќерки.

Се верува дека девојчињата треба да ги израдувате со некој подарок, колку и да е тој скромен. Ќе биде доволно да им посветите внимание и да им покажете колку ги сакате.

Continue Reading

Религија

Денес се празнува Светиот маченик Никита

Published

on

Според календарот на МПЦ денес се празнува Светиот маченик Никита.

Родум од Готите, ученик на епископот Теофил Готски, кој учествуваше на Првиот Вселенски Собор. Кога готскиот кнез Атанарик почна да ги прогонува христијаните, тогаш свети Никита застана пред кнезот и го изобличи за безбожништво и нечовечност.

Мачен со страшни маки, Никита сè посилно ја исповедаше верата Христова и Му се молеше на Бога со благодарност. И умот непрестајно му беше воздигнат и вдлабочен кон Бога, а на градите под облеката ја држеше иконата на Пресвета Богородица со предвечниот Младенец Христос, во став на стоење кога во рацете го држи Својот крст. Никита ја носеше оваа икона бидејќи Пресвета Богородица му се јави и го утеши.

Најпосле мачителот го фрли Христовиот војник во оган, во кој маченикот издивна, но неговото тело остана неповредено од огнот. Неговиот другар, Маријан, го пренесе телото од Готската земја (Влашка и Бесарабија) во Киликија во градот Мопсуест, каде му изгради црква на свети Никита и неговите чудотворни мошти ги положи во таа црква. Свети Никита пострада и се прослави во 372 година.

Единствениот Манастир Св. Никита во Скопје се наоѓа на падините од планината Скопска Црна Гора, помеѓу селата Бањане, Чучер и Горњане.

Црквата е изградена од крал Милутин на преминот од 13-ти кон 14-ти век. Таа има карактеристична византиска архитектура и фасадна декорација, додека внатрешноста е покриена со живописот на познатите зографи Михаило и Ефтихиј.

Денес се уште функционира како сакрален објект кој привлекува бројни верници и посетители, посебно поради магиските моќи на „љубовниот камен“ под кој се закопани коските на самиот светител.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк