Connect with us

Македонија

ЈУЛСКИ СМЕТКИ: Трошите како да живеете во Арачиново, а плаќате ЕКСТРЕМНО СКАПА СТРУЈА

Published

on

Во текот на јули домаќинствата за нецелосен јули платиле околу 430.000 евра за струја за надминување на „границата на толеранција на потрошувачката“.

Вкупно 2.150 домаќинства, според испорачаните сметки на ЕВН Хоме за наплата за месец јули, ги надминале трите блока во потрошувачката на електрична енергија од новововедениот тарифник кој стартуваше со примена на почетокот од минатиот месец и навлегле во четвртиот, кој се смета за екстремно скап и се наплаќа по потрошени 1.050 киловатчасови за секој нареден.

Тоа се околу 0,3 проценти од вкупниот број на корисници, според базата на податоци на универзалниот снабдувач, но реално од таму очекуваат бројките да се поголеми затоа што календарски не e опфатен целиот месец.

Бројките за месец август се очекува да бидат поголеми, бидејќи како што велат од ЕВН, јулските фактури за домаќинства се фактури кои не го опфаќаат цел месец јули поради ротирачкото отчитување на броилата , односно тие се комбинација од енергија потрошена дел во јуни и дел во јули.

Извор: Фактор

Македонија

Mесото од делфини, ајкули и китови ќе поскапи, најави министерот за финансии (ВИДЕО)

Published

on

Министерот за финансии Фатмир Бесими бранејќи ги новите даночни реформи најави дека повисок данок од пет на десет проценти ќе се плаќа само за луксузни производи.

Повисок данок од 5 на 10% ќе се се плаќа само кај луксузните производи. Стапката кај основните прехранбени ќе остане непроменета.Луксузните производи како морски производи ајкула, делфин и кит ќе се плаќа повисок данок-објасни министерот за „Сител“.

Continue Reading

Македонија

Деца не учете право, бидете со министерот НА ЗДРАВО

Published

on

Ова што се случува деновиве со правосудниот испит на синот на Претседателот на Собрание и со именување на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители е само уште еден доказ за принципите и начелата кои владеат во нашата држава, а особено во судството.

Пишува: Звонко Давидовиќ, пренесува Фокус.мк

Тоа се принципите на безаконие, самовластие, неодговорност, апашлук, корумпираност, недопирливост и лажливост. Доктрината по која се раководат носителите на функциите е приграби што повеќе можеш за себе и семејството, а ако те фатат прави се недоветен и задолжително декларирај се дека си припадник на националноста без која нема Влада.

Ова што во мигот се прави, начинот на кој се практицира власта и одлуките и законските решенија кои се однесуваат на судството се криминални, хохштаплерски и срамни.

Само дилетант може да каже дека дискреционо право на министерот за правда е кога некому ќе дозволи порано полагање на правосудниот испит. Такво право министерот нема , а кршење на законските прописи и подзаконските акти со превземање на дејствие кое не смее да го преземе и со кое некому овозможува или прибавува некоја корист е класична злоупотреба на службената положба што претставува кривично дело.

Надлежните институции за гонење на сторители на кривични дела се должни да преземат мерки и да го испитаат целиот случај. Смешни се и идиотски оправдувањата дека во Министерството за правда не постојат документи затоа што такви документи има во Академијата, а потврдите за стаж кај оној што ги издал и заверил.

Впрочем, многу лесно се утврдува дали некој предвремено полагал испит со едноставно споредување на датумот на дипломирање и датумот на полагање на правосудниот испит.

Законското решение претседател на Судскиот совет да биде од редот на истакнати правници, а не од редот на судиите е трагикомично и без ниту една трошка логика. Ваквото решение кое беше заложба на тогашниот министер за правда и кое е шверцерски протуркано и без амин на работната група веќе ги покажува своите негативни ефекти и допрва ќе донесе големи проблеми.

Срамно е претседател на телото кое одлучува за именување, разрешување и напредување да биде некое си стручно соработниче кое е истакнат правник само за партијата која е на власт само заради роднинските, пријателските и бизнис релации со партиските функционери.

ИСТАКНАТ ПРАВНИК ИЛИ ПАРТИСКИ КАДАР?

Особено ваквото законско решение е безумно и срамно во ситуација кога терминот истакнат правник е маска за партиски кадар или симпатизер. Таквите предлози на истакнати правници дадени од Претседателот и Собранието само покажуваат колку е политиката навлезена во сите пори на општеството и колку е партискиот интерес поважен од интересот на државата.

Слична ситуација е и со предлагањето и изборот на судиите на Уставниот суд.

Continue Reading

Македонија

Нови лажни дојави за бомби – за прв пат испратени и во две основни училишта

Published

on

По две недели пауза, повторно дојави за бомби во 9 средни училишта. Но за прв пат закана за поставен експлозив добија и две основни  училишта. 

Станува збор за Кочо Рацин и Петар Поп Арсов. Школите по електронска пошта после 15 часот добиле заканувачки пораки, во кои се наведува дека е поставен екслозив. Веднаш е известена полицијата, децата се безбедно евакуирани. 

По направените проверки, МВР соопшти дека и овој пак, како и претходните се работи за лажни дојави за бомби. 

Во меѓувреме од ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од министерот за внатрешни Спасовски, затоа што и по повеќе од месец дена не може да открие кој стои позади лажните дојави за бомби.

Инаку претходно министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, прашан дали има симболика што закани доаѓаат во среда, четврток или петок, изјави дека не само што се случуваат во последните 3 дена од неделата, туку и во време кога наставата ја следи иста смена со ист наставен кадар. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк