Connect with us

Свет

Бајден: Пандемијата на коронавирус е завршена

Пандемијата на коронавирус е завршена, но сѐ уште има проблем со Ковид-19, изјави американскиот претседател Бајден.

Претседателот Џо Бајден ја прогласи пандемијата на коронавирус во САД за завршена. „Сè уште имаме проблем со короната. Сè уште работиме многу на тоа, но пандемијата е завршена“, рече американскиот претседател Џо Бајден во емисијата „60 минути“ на телевизијата Си-Би-Ес.

„Тука никој не носи маска“

Интервјуто беше снимено во четвртокот (15.09), кога Бајден го посети и автомобилскиот саем во Детроит. „Како што можете да видите, овде никој не носи маска. Се чини дека сите се во прилично добра форма, така што мислам дека ситуацијата се менува и мислам дека ова е перфектен пример за тоа“, рече американскиот претседател.

Изјавите на Бајден би можеле да предизвикаат мешаница во неговата влада. Пред само неколку недели, Владата побара од Конгресот дополнителни милијарди долари за борба против пандемијата за да може да продолжи да нуди тестови и вакцини за време на евентуалниот корона-бран наесен.

Сепак, корона-рестрикциите во САД се во голема мера укинати. И патувањата се враќаат на нивото пред пандемијата.

Американскиот претседател беше позитивен на корона во јули и беше лекуван со лекот паксловид. На крајот на август, неговата сопруга Џил се зарази со вирусот и исто така беше лекувана со тој лек.

Од инфекција со коронавирус секојдневно умираат 400 луѓе

Според американската здравствена агенција ЦДЦ, во САД од инфекција со коронавирус и натаму секојдневно умираат по околу 400 луѓе. Американските власти неодамна одобрија две вакцини против коронавирусот прилагодени на варијантата Омикрон. Двата препарати се таканаречени бивалентни иРНК вакцини од компаниите Бионтек/Фајзер и Модерна.

Свет

Берлин распоредува германски војници на источната граница на Полска

Германија ќе испрати контингент војници во Полска со цел да помогне во зајакнувањето на безбедноста на источната граница, во време на зголемена загриженост поради безбедносните закани од Русија.

Како што соопшти портпарол на германското Министерство за одбрана, ангажманот на припадниците на Бундесверот ќе биде ограничен на инженерски задачи. Тие ќе работат на изградба на утврдувања, копање ровови, поставување бодликава жица и изработка на противтенковски пречки.

Контингентот ќе брои околу 50 војници, а мисијата е планирано да започне во вториот квартал од наредната година и да трае до крајот на 2027 година.

Од Министерството нагласуваат дека за ова распоредување не е потребно одобрување од германскиот парламент, бидејќи војниците нема да бидат изложени на директен вооружен конфликт или ризик по нивниот живот и здравје. Вообичаено, секое испраќање германски сили во странство бара парламентарна согласност, освен во вакви случаи.

Полска, која важи за еден од најгласните поддржувачи на Украина во конфликтот со Русија, во мај најави дополнителни мерки за зајакнување на границите со Белорусија и руската енклава Калининград.

Continue Reading

Свет

Напади со хиперсонични ракети ја затемнија Украина, Зеленски обвини за таргетирање на цивили

Илјадници жители во Украина останаа без електрична енергија по серијата ноќни напади што руските сили ги извршија врз повеќе региони во земјата, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Според неговите изјави, во нападите биле оштетени над десетина цивилни објекти, а прекин на струја е регистриран во најмалку седум региони. Зеленски оцени дека станува збор за намерни удари врз цивилната инфраструктура, со цел да се предизвика страдање кај населението.

„Важно е светот јасно да види што прави Русија. Очигледно е дека таа не тежнее кон завршување на војната, туку кон уништување на Украина и нанесување најголема можна болка на украинскиот народ“, порача украинскиот претседател.

Од руската страна беше потврдено дека во нападите биле користени хиперсонични ракети, но не беа објавени информации за евентуални цивилни жртви. Нападите се дел од континуираната офанзива, која предизвикува зголемена загриженост за безбедноста на цивилното население и критичната инфраструктура.

Украинските служби работат на проценка на штетите и постепено враќање на електричната енергија во погодените подрачја, додека Зеленски упати повик за засилена меѓународна поддршка, како во одбраната, така и во хуманитарната помош.

Continue Reading

Свет

Дипломатски скандал: Пакистанскиот премиер по 40 минути чекање му упадна на состанок на Путин

Премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф, наиде на дипломатска непријатност за време на меѓународен настан во Ашхабат, откако повеќе од 40 минути чекал на средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Според медиумските извештаи, Шариф по подолгото чекање одлучил неочекувано да влезе во просторијата каде што Путин веќе одржувал состанок со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. По околу пет минути престој, пакистанскиот премиер ја напуштил просторијата.

Настанот привлече големо внимание на социјалните мрежи, откако се појави видео на кое се гледа моментот кога Шариф „упаѓа“ на средбата меѓу рускиот и турскиот претседател во Конгресниот центар во главниот град на Туркменистан.

Руската државна агенција РИА Новости објави дека Путин и Ердоган продолжиле со разговорите во приватна атмосфера, откако делегациите на двете земји ја напуштиле просторијата. Подоцна, пакистанскиот премиер се приклучил на состанокот, со очекување разговорот со Путин да продолжи во друга просторија.

Според истите извештаи, Шариф заедно со својата делегација, меѓу кои и министерот за надворешни работи Ишак Дар, чекал повеќе од 40 минути, пред да одлучи да го прекине состанокот што се одвивал паралелно во друг дел од Конгресниот центар.

Средбата се случила кратко по завршувањето на државната посета на Владимир Путин на Индија, која руските власти ја оценија како многу успешна и во чии рамки биле дополнително зајаснати и зајакнати односите меѓу Москва и Њу Делхи.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг