Connect with us

Македонија

ЗАЕВ: Мирот во светот може да се постигне кога моќта на љубовта ќе ја надмине љубовта кон моќта, мирот е нешто повеќе од сите мисли

Нема оправдувања за воените агресии и инвазии, секој од нас треба да крене глас за мир, порачува бившиот премиер Зоран Заев по повод Меѓунаридниот ден на мирот.

– Денес мораме да дејствуваме со силата на аргументите и да градиме пријателства. Денес мораме да се спротиставиме на оние кои со силата на оружјето создаваат непријателства. По повод 21 септември, Меѓународниот ден на мирот, во соработка со општинската установа Дом за деца и млади “Благој Мучето“ од Струмица, го поддржавме ликовниот хепенинг организиран со учениците и нивните ментори од училиштата од општините Струмица, Ново Село, Босилово и Василево. Во различни земји на светот има различно име, но на сите граѓани на планетата тоа име им е суштинска потреба. МИР – колку мал збор, а толку многу значаен. Мирот не е само цел кон која се стремиме, туку средство со кое доаѓаме до таа цел. Мирот не може да се одржува со сила. Тој се постигнува само со разбирање. Мирот не е отсуство на судири. Тоа е способност за решавање на судири со мирни средства. Мирот во светот може да се постигне кога моќта на љубовта ќе ја надмине љубовта кон моќта. Како што нема вистински МИР без љубов, така нема и вистинска љубов без МИР. Секој од нас го поседува она што е потребно за создавање МИР на земјата. Сите знаеме да сакаме, само треба да го користиме тоа знаење во сите аспекти на животот, објави Заев на својот профил на Фејсбук.

Бројни мислители, додава бившиот премиер Заев, државници и други познати светски личности ни ги оставиле овие, но и уште многу други преубави мисли за мирот.

– Но, мирот е нешто повеќе од сите тие мисли, заедно. Едноставно, мирот е се, завршува Заев.

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг