Connect with us

Здравје

Исповед на млад скопјанец кој преживеал ГОЛГОТА: Синоќа си ја скршив ногата во оваа СКРШЕНА ДРЖАВА!

Published

on

Млад човек од Скопје многу прецизно и детално преку својот фејсбук статус ја раскажува неговата приказна зошто не сака да живее во оваа држава. Нешто што сме го преживеале сите. Ја искршил ногата, но и покрај централизираната служба 112, многу тешко обезбедил некој да му помогне, а и кога конечно дошол до возило на брза помош, неговата голгота не завршува тука.

Синоќа си ја скршив ногата во оваа скршена држава.

Петок бев на работа до 01:00 сабајле, продолжив кај другарка на кратко и си дојдов дома во 04:00, спиев два саати, станав во 07:00 и отидов на еден целодневен саем. Се вратив дома да одморам и назад на работа пак до 01:00.

Беше некаде околу 01:30 кога се случи инцидентот. Возев тротинет накај дома и додека чекав семафор за да преминам пешачки, забележав едно бездомно куче седнато до мене. Не му обрнав многу внимание па ни тоа мене, барем не додека не светна зелено и тргнав да возам. Како се качив на скутерот и ја минев улицата приметив дека нешто скока по мене и ме брка. Се свртев исплашено и видов дека е кучето. Од страв дека ме напаѓа почнав побргу да возам, надевајќи се дека нема да ја достигне истата брзина како мене (25 км на час), но тоа успеа, а јас изгубив
контрола… Не знам како не паднав на земја и успеав да задржам рамнотежа на нозе, но не без последици.

Откако застанав сфатив дека имам многу лоша болка во десното стапало и веднаш седнав на тротоарот. Со ранец на грб, тротинет од една страна а кучето од друга. Очигледно тоа беше расположено за дружење и внимание но јас веќе не.

Прво, не ја гледам вината во кучето, не мислам дека беше агресивно или дека пак “ме нападна”. Скоро секој ден ја возам истата рута, ги поминувам овие кучиња и скоро една година како се движам на истиот овој потег кај Веро Џамбо, јас барем, не сум имал ниту еден инцидент со уличните кучиња. Ова само може да го сметам како многу жална несреќа за барање внимание и љубов од едно бездомно животно кое почнува да спие надвор на 6 степени, среде септември!

Додека седев си зедов некоја минута да се смирам и да проверам каква е штетата на стапалото. Мене лично не ми изгледаше на скршеница ама не можев да застанам на ногата, не можев воопшто да се движам.

Го зедов телефонот во рака и свртев на 194, телефонот ѕвонеше скоро една минутка и никој не ми крена. Сум имал слични искуства кога сум барал полиција, но искрено поинаку го доживеав чувството кога и клучен сервис што треба да ти го спаси животот и да пружи БРЗА помош, воопшто не е брз сервис. Се сетив на 112 и ѕвонев таму. Ми кренаа веднаш, ја објаснив целата ситуација и мојата состојба, ги споделив сите неопходни информации. Тогаш диспачерката ме префрли да зборувам со некој на друга линија; 112 не можеа да пратат амбулантно возило па мораше да ме стават на линија со некој од брза помош, па од таму бев префрлен да зборувам со трет па и четврт човек. Пак, да имаме предвид, седам на темна улица, среде ноќ, бидејќи градот штеди на улично осветлување. Веќе сум во шок и се тресам, ногата ме боли и почнува сериозно да се воспалува, веќе не можам ни да зборувам од збирот на чувства на загриженост и болката која станува полоша со секоја измината минута.
Три пати морав да ја повторам приказната и да побарам помош, и три пати не беше доволно, мораше целиот вработен персонал во овој јавен сервис да зборува со мене наместо еден да запише и да пренесе на останатите колеги, или не знам, да стигнам па да чуете сите одеднаш што се случило. Така завршив на линија со четвра личност која многу сакам да дознаам како се вика а ми ја претставија како ДОКТОРКАТА.
Откако телефонот го зеде четврто лице и ме праша “ШТО Е РАБОТАТА?”, се изнервирав и почнав да викам, нервозно и гласно, зошто морам да се објаснувам толку многу пати пред да ми пратат амбулантно возило. Не знам дали тоа што си сам во 01:30 по полноќ и не можеш да се движиш не е доволно добра причина да ти пратат возило. Можеби не требаше да ѝ викнам, не е културно, но извинете, мислам дека за ситуацијата, кој и да е на мое место, најмалку од сѐ би бил расположен да на цел болнички персонал на линија им објаснува каков проблем си има за да бара амбулантно возило во недела (1 наутро). Сепак, бев свесен, до одредена мера во шок, немир, со грозница и толерантна болка во ногата. Луѓе кршат ребра, раце, врат, остануваат заробени под возила. Дали секој што ќе се јави за брза помош треба да дава интервју како пред медиуми на прес конференција?

Докторката почна да ми вика и така почнав да се расправам со лицето што рече нема да ме прими бидејќи сум бил безобразен со нејзе, да сум се јавел пак кога ќе сум коректен со нив, и ми спушти на телефонот.

Ми се плачеше бидејќи не можев да поверувам дека тој разговор се случи.

Повторно ѕвонам во 112 и одлучуваат дека ќе ги средат барањето сами без да ме поврзуваат пак од едно на друго место. Конечно, после десетина минути добив информација дека е пратено возило но како никој да не знаеше каде се наоѓам и за колку минути ќе дојде возилото. Амбулантното возило дојде и ме одмина… како да не објаснив до детал каде сум лоциран. Ѕвонам пак на 112 и им кажувам дека возилото не ме виде и продолжи да вози по улицата до мене (пред ЦРМ). После уште некои пет минути доаѓаат назад во рикверц по улицата и ме преземаат конечно.

Завршив во Градска. Ме носат внатре, грч ладен ходник полн со муви. Чекам на ред, па влегувам кај докторот во ординација. Објаснив по не знам кој пат што како се случи. Мислам дека не ми ја ни погледна ногата воопшто, туку најбрзо што можеа ми зедоа податоци, ми извадија упат за на рентген и ме испратија кај колегите.

Чекам во ходник за на рентген и почна да ми се лоши и врти во глава, сепак имав спиено само два саати, на работа имав дупла смена и на крај на журка во градска болница. Уште во амбуланта им побарав вода, немаа. Кај докторот во собата побарав вода, немаше и таму. Чекам во ходник, ми се лоши и ми се стемнува, почнувам да викам “дечки мислам дека ќе се онесвестам, ве молам дадете ми вода”, ми се стемнува сѐ пред очи и гледам како сѐ споро се движи, водата никаде.

Влеговме на рентген и ме паркираа пред чешма да се измијам и да се напијам вода, тука малку се врати сѐ назад во фокус и се стабилизирав.
Завршив со снимање и назад кај нив, чекам пак да дојдам на ред и седам во ходниот, не знам дали беше преладно или јас од болки и шок се тресев. На мувите времето им беше одлично. Седам во количката, ногата боса ја одмарам на ладниот под, крв минимално тече од страна на повредата, а мувите беа спремни за шведска маса.

Еден наутро, во македонска болница, во центарот на метрополата, јас бркам гладни муви од мојата крвава нога.
Влеговме назад кај докторот, ги зеде снимките и тука веќе се изгубив. Многу се надевав дека немам скршеници и дека ова ќе помине со малку завој и гази, а не лангета.

Фрактури на неколку места и период на закрепнување од 3-6 недели, минус дополнителните недели физикална терапија по вадењето на гипсот. Преглед пак никаков, ногата никој не ја погледна.

Дојдоа од полиција додека ми ставаа гипс. Почнаа со записникот и ме прашаа дали кучето ме гризнало. Зачудено ги погледнав и реков не знам, стварно не знаев, не се сетив на тоа дека можеби се случило додека ме бркаше. Можеби ќе знаевме ако докторот ја погледнеше ногата и со свои очи, а не само од снимките.

Ова денес сѐ ми се сумираше и ми влезе во листата “зошто не сакам да живеам повеќе тука”. Здравството е катастрофа, сите сме биле таму и го знаеме тоа, реткост е да се најде добар лекар во нашата држава, но не знаев дека состојбата со 194 и брза помош е иста, па ако не и полоша.
Едно нешто што никогаш нема да го заборавам во мојот живот е таа докторска (не)грижа што (не) ја добив по телефон.

Секој изминат ден тука на мои 26 години го поминувам со влегување од една во друга криза и не гледам причина зошто би сакал да останам тука. Сега можеби имам трпение и енергија, млад сум нели, но исто си велам… зошто си дозволувам вака кога можам подобро? Завчера, пример, добив “отказ” од едно од двете места каде работев бидејќи исто така на 26 години во оваа држава треба младоста, здравјето и сѐ што можеш да си го жртвуваш за да не потонеш, и едноставно сфаќам веќе дека животот тука никогаш нема да биде подобар за просечните смртници, кои, ако не се борат самите за себе, знаат дека нема кој да се бори за нив.

Државата сама себе не се сака и сѐ ни е скршено. На сѐ треба да ставиме гипс, но јас веќе губам сили да сакам да го правам тоа веќе.
Поздрав до врвните институции: Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë Град Скопје Општина Центар

Здравје

БРАВО ! Направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор!

Published

on

Министерството за здравство информира дека денеска на Клиниката за дигестивна хирурија била направена првата трансплантација на црн дроб од починат донор, што претставува прва во историјата на македонскотo здравство.

Шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка со мозочна смрт чие семејство вчера се согласило да ги донира органите.

Покрај црн дроб, се вршат и трансплантации на бубрези кај двајца пациенти со бубрежна болест.

-Би сакал од мое лично име и од името на целиот персонал вклучен во трансплантациите да се заблагодарам на семејството на донорот и на нивната одлука да спасат не еден, туку три животи. Ни покажаа уште еднаш дека живот може да се подари. Благодарност и до сите медицински тимови вклучени во трансплантацијата кои изминтите 24 часа работеа и продолжуваат да работат со пациентите.Особена благодарност до професор Зоран Караџов и неговиот тим, како и тимот на Клиниката за гастроентерохепатологија, кои денес испишаа нов лист не само во делот на дигестивната хирургија туку и во целокупното здравство, истакна министерот за здравство, д-р Беким Сали.

Continue Reading

Здравје

Салиу: Ова што го слушнав, вечерва не ми дава да заспијам- 3 годишно дете умрело пред очите на родителите

Published

on

Новинарот Фуркан Салиу вечерва на социјалните мрежи пренесе трагичен случај, сторија за која вели дека не му дава да заспие.

– Скоро секој ден слушам неверојатни стории од луѓе кои бараат помош затоа што системот е нефункционален, но оваа што ја слушнав денес не ми дава да заспијам. Дете со акутна миелоидна леукемија после првата терапија паѓа во кома и мора итно во просторија за реанимација. Во едниот лифт не го собира креветот, другиот не работи. Медицинскиот тим бара друг помал кревет кој ќе го собере во другиот лифт, во меѓувреме детето умира… И сето ова се случува пред очите на родителите, напиша Салиу.

Поради вакви случаи, додава новинарот заминуваат луѓето од оваа држава.

Continue Reading

Здравје

Изненадувачки ефект од омилената салата на Македонците – Колку повеќе ја јадете ќе ја забележите разликата

Published

on

Најновото истражување открива како туршијата делува на здравјето!

Ферментираната храна како кисела зелка, кисели краставички, јогурт и кефир се сметаат за здрава храна. Подготовката на кисели краставички и кисела храна е еден од најстарите начини на зачувување и зачувување на храната. Киселите краставици го враќаат нарушениот баланс на бактериите во цревата, го подобруваат метаболизмот, варењето, имунитетот, го регулираат крвниот притисок и холестеролот, ги ублажуваат проблемите со кожата и го подобруваат расположението…

Предностите се многу. Сепак, најновото истражување дошло до изненадувачки ефект на туршијата. Не само што може да го намали стресот со смирување на вашите нерви, туку и го подобрува сонот. Лекарите ги поделиле учесниците во две групи кои следеле различни диети. Првата била ставена на диета која следела пирамидална шема, а втората била замолена да јаде „психобиотска диета“ која вклучувала голема количина на пребиотици и ферментирана храна.

Втората група мораше строго да се придржува до дневното мени кое се состои од две до три порции ферментирана храна. Тие вклучуваат кисела зелка, кефир и кисели краставички. После тоа, оваа група јадела пет до осум порции цели зрна и шест до осум порции овошје и зеленчук кои се богати со пробиотски влакна. Тие вклучуваат јаболка, банани, зелка и кромид.

Иако и двете групи забележале дека нивниот сон се подобрил, резултатите покажале дека учесниците кои јаделе психобиотска храна, исто така, доживеале намалување на количината и интензитетот на стресот под кој можеби биле во тоа време. Дополнително, нивото на воочениот стрес се намалуваше колку повеќе учесникот ја следеше психобиотската диета, која вклучува многу туршија.

Домашната туршија е фантастичен извор на витамини и растителни влакна и ја создаваат потребната рамнотежа на, во овој период од годината, трпезите кои често се обилни. витамини како што се К виматинот, Б витаминато, особено важни и ретки во растителните хранливи материи, Б12. Покрај тоа, туршијата е вистинско богатство на пробиотски култури кои прават чуда за нашиот дигестивен тракт – го олеснуваат варењето, спречуваат запек, гасови и надуеност. Природните пробиотици ќе се погрижат и за зајакнување нашиот имунолошки систем, го балансира нивото на холестерол и спречува рак на дебелото црево и други хронични заболувања.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк