Connect with us

Европа

Новата премиерка на Италија: “Не сум родител 1, родител 2, јас сум Христијанка – ќе го браниме Бога, татковината и семејството”

Published

on

,,Јас не можам да се кажам Италијанка, христијанка, жена, мајка. Не! Морам да бидам граѓанин Х, род Y, родител 1, родител 2. Јас морам да бидам број.

Затоа што кога сум само број, кога повеќе немам ни идентитет ни корен, дури тогаш сум совршен роб на милоста на финансиските шпекуланти. Совршен потрошувач“.

Вака гласи говорот кој ги стаписа левичарите во Италија, а им даде надеж на десничарите. Тврдите ставови на новата премиерка Џорџа Малони, која влегла во политиката членувајќи во организација поврзана со фашизам одекнаа по социјалните мрежи.

Мелони ги брани семејните вредности и националниот идентитет наспроти конзумеризмот. Таа најавува дека дошла на функцијата бидејќи „огнови ќе се запалат за да сведочат дека два и два се четири“, цитирајќи го Гилберт Честертон.

– Денес бараме одговори на следниве прашања. Зoшто фамилијата е непријател? Зoшто семејството е толку застрашувачки поим? Има само еден одговор на овие прашања. Затоа што тoа нè дефинира. Затоа што тоа е нашиот идентитет – вели Мелони и додава:

– Затоа што сè што сме, сега е непријател за оние кои не сакаат да бидеме свои и просто сакаат да бидеме робови на конзумеризмот.

Затоа удираат по националниот идентитет, затоа го напаѓаат верскиот идентиет, па родовиот и во крајна линија семејниот идентитет – продолжува премиерката.

– Затоа се плашат од нас. Затоа ова предизвикува толку многу страв. Затоа што ние не сакаме да бидеме само бројки. Ние ќе ја браниме вредноста на човекот. Секој еден човек. Бидејќи секој од нас има единствен генетски код што е неповторлив.

Им се допаѓало тоа или не, тоа е светост. Ние таа светост ќе ја браниме. Ќе го браниме Бога, татковината и семејството. Нешта од кои некои се гадат.

Ќе ги браниме за да ја одбраниме нашата слобода, бидејќи никогаш нема да бидеме робови и прости конзументи во милост на финансиските шпекуланти – подвлекува Џорџа, а потоа зборува за нејзината мисија, за огнот и за мечот на кои „им е дојдено времето“:

– Тоа е нашата мисија. Затоа дојдов јас овде денес. Пред повеќе од век, (Гилберт) Честертон напиша: „Огнови ќе се запалат за да сведочат дека два и два се четири. Меч ќе се извади за да се докаже дека лисјата на лето се зелени – театрално завршува Мелони.

– Дојде време, Господа. Спремни сме. Ви благодарам.

Видео:

https://fb.watch/fQcH_4SX5Z/

Европа

50 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ДА ЖИВЕЕТЕ НА СЕЛО: Швацарија објави оглас, еве кои се условите

Published

on

Швајцарското село Албинен во кантонот Вале нуди повеќе од 50.000 евра на семејствата кои се подготвени да се преселат на 1.300 метри надморска височина каде што ќе ги пречека недопрената природа.

Имено, ова живописно село сместено на планинска падина последните години се соочува со проблем на депопулација поради недостиг на работа, а бидејќи има само околу 200 жители, швајцарската влада одлучила да им плати на луѓето да се преселат.

Владата нуди 25.000 евра за возрасен, 50.000 евра за двочлено семејство и дополнителни 10.000 евра по дете. Сепак, постојат неколку услови што мора да ги исполните.

10 години на село

Имено, сите оние кои сакаат да дојдат и да живеат тука од својата работа мора да бидат помлади од 45 години. Покрај тоа, тие мора да останат да живеат во селото најмалку 10 години.

Добиената финансиска поддршка мора да ја вложите во купување на недвижен имот со минимална вредност од 200.000 евра и тој да стане ваш постојан дом, а не второ живеалиште. Доколку ги прекршите условите, ќе мора да ги вратите парите на државата.

Дополнително, за да аплицирате, мора да сте швајцарски државјанин или да имате дозвола за постојан престој (Дозвола В). За оние кои доаѓаат од земја членка на Европската унија, дозволата може да се добие за пет години.

Continue Reading

Европа

Се расипаа банкоматите во Ирска, луѓето подигаа и по 1000 евра и со нула салдо на нивните сметки

Published

on

Банката на Ирска се соочи со криза откако многу нејзини клиенти се собраа на банкоматите обидувајќи се да го искористат компјутерски дефект. Илјадници луѓе се наредија пред филијалите за да подигнат пари што ги немаат на сметките. Во некои случаи, грешка во онлајн апликацијата им дозволуваше на луѓето без пари на нивната сметка да префрлат до 1.000 евра.

Дејли Мејл објави дека банката ги известила клиентите во раните попладневни часови дека има проблем со нејзината онлајн апликација за лично банкарство и веб-страница, откако претходно била преплавена со поплаки од клиенти.

До вечерта, клиентите на банките открија дека можат да подигнат готовина од банкомати иако имаат малку пари на нивните сметки. На властите им беше наложено да ги исчистат редиците надвор од банкоматите додека луѓето стоеја обидувајќи се да ја искористат грешката.

Откако веста се рашири на социјалните мрежи, избезуменото повлекување готовина продолжи во Даблин, Лимерик и Наван. Полицијата се обидуваше да ги запре, а граѓаните беа предупредени дека не постои бесплатна готовина и дека сите пари ќе мора да се вратат.

Continue Reading

Европа

(Видео) Поплавите во Словенија се гледаат од вселената: сателитските снимки го покажуваат размерот на катастрофата

Published

on

Големи поплави ја погодија Словенија на крајот на минатата недела, додека во Хрватска бројни реки соборија рекорди кога станува збор за нивото на водата.

Поплавите се забележани и од вселената. Споредбата на сателитски снимки Сентинел-1 САР пред поплавите на 24 јули и на денот на највисокото ниво на водата на 5 август ги покажува размерите на катастрофата, пишува „Н1“.

Според првата проценка, поплавената површина на овој простор е околу 13 километри квадратни.

Делови од Словенија се’ уште се поплавени, а многу патишта се затворени, јави денес словенечката новинска агенција СТА.

За вечерва се најавени нови врнежи со грмежи.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк