Connect with us

Македонија

Не ни е јасно како политичариве ќе ја водат државата без морска храна, фстаци и индиски ореви?

Published

on

Во владиниот ресторан повеќе нема да се јадат морски плодови, а од менито ќе бидат тргнати и бадемите и лешниците.

Ова го најави премиерот Димитар Ковачевски вчеравечер на прес конференција откако владината Служба за општи и заеднички работи распиша тендер со кој набавува пастрмка, крап, лигњи, октопод и одвојува за нив да се платат 20 илјади евра. Ковачевски кажа дека неговата одлука е конечна.

„Со оглед дека и тоа што ќе се нарача, треба да биде платено средствата на граѓаните доколку се работи за службени ручеци или од сметка на тој што сам плаќа, без разлика, при подготовката на мерките за ранливите категории граѓани јас веќе одлучив дека ќе има забрана за користење на морска храна во бифеата, исто така и на бадеми и лешници и тн. За тоа ќе има забрана и тие средства ќе бидат насочени директно за најранливите категории граѓани со ниски примања“, кажа Ковачевски.

Но, да видиме што коментираа граѓаните на социјалните мрежи:

Македонија

Деца не учете право, бидете со министерот НА ЗДРАВО

Published

on

Ова што се случува деновиве со правосудниот испит на синот на Претседателот на Собрание и со именување на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители е само уште еден доказ за принципите и начелата кои владеат во нашата држава, а особено во судството.

Пишува: Звонко Давидовиќ, пренесува Фокус.мк

Тоа се принципите на безаконие, самовластие, неодговорност, апашлук, корумпираност, недопирливост и лажливост. Доктрината по која се раководат носителите на функциите е приграби што повеќе можеш за себе и семејството, а ако те фатат прави се недоветен и задолжително декларирај се дека си припадник на националноста без која нема Влада.

Ова што во мигот се прави, начинот на кој се практицира власта и одлуките и законските решенија кои се однесуваат на судството се криминални, хохштаплерски и срамни.

Само дилетант може да каже дека дискреционо право на министерот за правда е кога некому ќе дозволи порано полагање на правосудниот испит. Такво право министерот нема , а кршење на законските прописи и подзаконските акти со превземање на дејствие кое не смее да го преземе и со кое некому овозможува или прибавува некоја корист е класична злоупотреба на службената положба што претставува кривично дело.

Надлежните институции за гонење на сторители на кривични дела се должни да преземат мерки и да го испитаат целиот случај. Смешни се и идиотски оправдувањата дека во Министерството за правда не постојат документи затоа што такви документи има во Академијата, а потврдите за стаж кај оној што ги издал и заверил.

Впрочем, многу лесно се утврдува дали некој предвремено полагал испит со едноставно споредување на датумот на дипломирање и датумот на полагање на правосудниот испит.

Законското решение претседател на Судскиот совет да биде од редот на истакнати правници, а не од редот на судиите е трагикомично и без ниту една трошка логика. Ваквото решение кое беше заложба на тогашниот министер за правда и кое е шверцерски протуркано и без амин на работната група веќе ги покажува своите негативни ефекти и допрва ќе донесе големи проблеми.

Срамно е претседател на телото кое одлучува за именување, разрешување и напредување да биде некое си стручно соработниче кое е истакнат правник само за партијата која е на власт само заради роднинските, пријателските и бизнис релации со партиските функционери.

ИСТАКНАТ ПРАВНИК ИЛИ ПАРТИСКИ КАДАР?

Особено ваквото законско решение е безумно и срамно во ситуација кога терминот истакнат правник е маска за партиски кадар или симпатизер. Таквите предлози на истакнати правници дадени од Претседателот и Собранието само покажуваат колку е политиката навлезена во сите пори на општеството и колку е партискиот интерес поважен од интересот на државата.

Слична ситуација е и со предлагањето и изборот на судиите на Уставниот суд.

Continue Reading

Македонија

Нови лажни дојави за бомби – за прв пат испратени и во две основни училишта

Published

on

По две недели пауза, повторно дојави за бомби во 9 средни училишта. Но за прв пат закана за поставен експлозив добија и две основни  училишта. 

Станува збор за Кочо Рацин и Петар Поп Арсов. Школите по електронска пошта после 15 часот добиле заканувачки пораки, во кои се наведува дека е поставен екслозив. Веднаш е известена полицијата, децата се безбедно евакуирани. 

По направените проверки, МВР соопшти дека и овој пак, како и претходните се работи за лажни дојави за бомби. 

Во меѓувреме од ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од министерот за внатрешни Спасовски, затоа што и по повеќе од месец дена не може да открие кој стои позади лажните дојави за бомби.

Инаку претходно министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, прашан дали има симболика што закани доаѓаат во среда, четврток или петок, изјави дека не само што се случуваат во последните 3 дена од неделата, туку и во време кога наставата ја следи иста смена со ист наставен кадар. 

Continue Reading

Македонија

Вооружена група во Арачиново ги избркала сите полицајци оти сопреле лице кое управувало возило без валидни документи?!

Published

on

Зачестија инцидентите со лица нечии синови и полицајци, при што подебелиот крај го извлекуваат полицајците, односно ги суспендираат, си даваат откази поради се поголемиот притисок врз нив и нивната служба. Така во недела е закажан протест пред ОВР Кочани поради суспензијата на четворица полицајци кои професионлано си ја извршувале својата доложност.

До нашата редакција пристигна информација од извори кои сакаа да останат анонимни дека во текот на вчерашниот ден во Арачиново четири полициски службеници на полициски пункт сопреле возило управувано од лице без никакви валидни документи. Лицето упатило навреди кон полициските службеници, по што побегнало од местото на настанот.

Како што вели нашиот извор „лицето било син на полицаец, а внук на извесен Шенки М. од Арачиново, кој откако бил информиран за настанот, веднаш со неколку други непознати лица сите вооружени се упатиле кон полицискиот пункт“. На полициските службеници од страна на сменоводителот на ПО Арачиново им било дадена наредба веднаш да го напуштат пунктот и да се повлечат кон ПС Гази Баба. Меѓутоа, не чувствувајќи сигурност ниту во ПС Гази Баба, полициските службеници бегаат дома.

„Вооружената група предводена од Шенки М. потоа со оружјето влегле во ПО Арачиново каде упатиле закани кон сите полициски службеници, а телефонски му се заканиле на полицискиот службеник кој го сопрел лицето, внукот на Шенки М., дека ќе го убијат.

Поради страв за сопствениот живот полициските службеници се уште не го пријавуваат кривично-правниот настан“, вели изворот за Нетпресс.

Побаравме одговор од МВР од каде што рекоа дека до централата таков случај не е пријавен, но не замолија да испратиме е-маил, за да проверат дали има пријава во полициските станици. Го чекаме нивниот одговор.

Ќе посетиме дека пред неколку денови имаше инцидент со син на функционер во МВР.

Во инцидент во петокот (25 ноември) попладне на периферија на Скопје, син на функционер на МВР бил запрен по бегство од полициска патрола поради нелегално користење флешери, но полицајците го пуштиле со тврдење дека станува збор за службен автомобил на СОЗР.

Од МВР тогаш за Телма информирале дека ќе го испитаат случајот и доколку се утврди полициско постапување спротивно на законот, полициските службеници кои згрешиле ќе бидат санкционирани.

К.Б., синот на заменик министерот предложен од ДУИ, бил забележан од полициска патрола во Чаир како со темно ауди со флешери (ротациони светла на хаубата на автомобилот) се движи побрзо од дозволеното по што го стигнале и побарале да застане. Но возачот со ауди не застанувал по што патролата повикала помош и на крај успеала да го сопре возачот на Качанички пат.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк