Connect with us

Скопје

Арсовска го именува за заменик градоначалник Александар Трајановски од ГРОМ

Published

on

На позицијата заменик градоначалник на Град Скопје е именуван Александар Трајановски – напиша Арсовска.

Александар Трајановски доаѓа од приватниот сектор и беше избран за член на Советот во Град Скопје на локалните избори кои се одржаа минатата година.

Имајќи во предвид дека во тек е неговиот втор мандат како советник во Град Скопје, Трајановски е еден од поискусните во овој советнички состав со долгогодишно искуство во работата на локалната самоуправа и градската администрација.

Трајановски е прва генерација стипендист на програмата за „Напредно лидерство“ – АЛПИ организиран од Институтот ИРИ, Американската амбасада и Стејт департментот.

Воедно е стипендист на Институтот за јавни политики Мајка Тереза поддржан од Европската Унија.

Неговото искуство во голем дел ќе придонесе во остварувањето на програмата „За Модерно Скопје“ и остварувањето на интересите на сите граѓани на Скопје – напиша градоначалничката на Град Скопје.

Имено Трајановски доаѓа од партијата на Стевче Јакимовски ГРОМ.

Скопје

(ФОТО) Искршен автомобилот на градоначалникот на Кисела Вода: Мафијата сака да ме поздрави

Published

on

Вечерва “непознати сторители” го обија мојот автомобил нанесувајќи материјалнa штета, вели градоначаликот на Кисела Вода Орце Георгиевски.

„Случајот е пријавен во полиција (искрено не очекувам да бидат најдени).
Иако навидум сторителите се непознати, причините се јасни.


Намерата им е да ме “поздрават” затоа што се справувам со урбаната мафија која дивееше и беше главна во време на претходниците. Епа веќе не смее да припари урбаната мафија накај општина, општината ја водат граѓаните.


Нема по ниту една цена да се сопре развојот на Кисела Вода, решавањето на проблемите на народот и да дозволам матните бизнис интереси на поединци да бидат посилни од тие на народот.


Стаклата и возилото може да ги кршат колку сакаат, ама не можат да ја скршат никогаш мојата одлучност да ја решам урбаната мафија еднаш, засекогаш. Моите сограѓани го заслужуваат тоа!
На сите треба да им е јасно, никој нема да ме “заплаши” или премисли во намерите да го исполнам она што сум го ветил“, вели тој.

Continue Reading

Скопје

Пали Ја Димната! Нека Грми Химната! – Од Градски (Видео)

Published

on

Continue Reading

Скопје

Комити го окупираа Скопје – Прослава за 35-ти роденден (ВИДЕО)

Published

on

Најверните вардарови навивачи „Комитите“ низ улиците на главниот град веќе ја започнаа фештата во рамките на прославата на својот 35-ти роденден, но и 75-от роденден на ФК Вардар, пренесува Екипа.

Централното одбележување на 75-годишнината од формирањето на ФК Вардар, но и 35-годишнината од формирањето на навивачката група „Комити“ ќе биде со пријателскиот натпревар меѓу Вардар и Железничар вечерва од 19:30 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Но, претходно „Комитите“ со караван низ улиците на главниот град,тргнувајќи од плоштадот Македонија, го одбележуваат својот роденден…

Видео:

https://youtube.com/shorts/-TefWjPEm4w?feature=share

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк