Connect with us

Свет

Германија лута на САД поради екстремно високите цени на гасот

Published

on

Германскиот министер за економија во средата обвини неколку земји, вклучително и САД, дека наплаќаат премногу за гасот чиј недостаток предизвикува голема криза во европските држави.

„Некои земји, дури и пријателските, во некои случаи поставуваат астрономски цени“, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек за весникот Ноје Ознабрикер Цајтунг. 

„Тоа предизвикува проблеми за кои мораме да разговараме“, дополни тој. 

Руската инвазија врз Украина предизвика драматична енергетска криза во Германија, која претходно обезбедуваше над 55 проценти од своите потреби од Русија. Москва постепено го намали снабдувањето од почетокот на инвазијата врз Украина, а Берлин верува дека е тоа одмазда поради неговата поддршка за Киев. За да се надополни празнината, Германија инвестира во поскап течен гас (ЛНГ). Германија и други европски држави се свртеа кон САД од каде сега се обезбедуваат 45 отсто од европскиот увоз на ЛНГ, далеку повеќе од увезените 28 проценти во 2021 година. 

„САД се свртеа кон нас кога пораснаа цените на нафтата, и како резултат на тоа резервите на нафта во Европа се истенчија. Мислам дека таква солидарност ќе биде добра за намалување на цените на гасот“, рече Хабек. 

Координирано купување 

Германскиот министер бара од ЕУ да се координира купувањето на гас за да се спуштат цените.

Блокот треба „да ја здружи својата пазарна моќ и да организира паметно и синхронизирано куповно однесување меѓу државите на ЕУ, така што поединечните земји на ЕУ да не се наддаваат едни со други и не ги зголемуваат цените на светскиот пазар“, рече тој.

Германија минатата недела најави план вреден 200 милијарди евра за заштита на своите потрошувачи од растечките цени на енергенсите.

Но, планот наиде на критики од Франција и други земји на ЕУ кои се залагаат за сеопфатни решенија за енергетската криза.  

Свет

Јужна Кореја го доби првиот САМОВОЗЕЧКИ АВТОБУС, кај нас уште приватен автобус се чека (ВИДЕО)

Published

on

Главниот град на Јужна Кореја го доби првиот вистински самовозечки автобус. Новото возило не изгледа како обичен автобус – целосно е симетрично, со заоблени рабови и големи прозорци, пораки кои повеќе изгледа како играчка отколку како најсовремена форма на превоз.

Од страртапот 42 Dot, во сопственост на јужнокорејската компанија Hyundai, кој ја направил технологијата за автономно возење, велат дека таквиот дизајн е намерен и дека тоа е иднината на возењето, па затоа бара и извонреден дизајн.

Автобусот изгледа како Лего затоа што е направен од композитни делови за да се намалат трошоците и да се олесни реплицирањето. Како што велат од стартапот, целта на компанијата е да ја направат технологијата евтина, безбедна и лесно пренослива на многу видови возила во иднина.

Засега под надзор на возач автобусот ќе вози по кружна рута од 3,4 км во центарот на Сеул, во траење од околу 20 минути. Луѓето можат да се качат на една од две станици откако бесплатно ќе резервираат безплатно место преку апликација.

Автобусот за навигација користи камера и ласер наместо скапи сензори. На денот на воведувањето на новата автобуска линија многу минувачи ги заинтригирал дизајнот на автобусот. Застанале за да го фотографираат и да ѕирнат внатре.

Continue Reading

Свет

Путин им изрази сочувство на мајките на војниците кои војуваат во Украина

Published

on

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со мајките на војниците кои учествуваат во војната во Украина и им кажа дека сочувствува со нивните страдања.

На претходно снимен состанок што беше емитуван на државната телевизија, Путин им рече на мајките на војниците да не веруваат во се што гледаат на телевизија или читаат на Интернет, тврдејќи дека има многу лаги за конфликтот.

Седејќи со група мајки на маса со чај, колачи и чинии со свежи бобинки, Путин рече дека тој и целото руско раководство ја разбираат и сочувствуваат со болката на оние кои ги загубија синовите во борбите во Украина.

I share pain': Vladimir Putin says to mothers of soldiers killed in Ukraine  | Mint

„Сакам да знаете дека јас лично и целото раководство на земјата ја споделуваме вашата болка. Разбираме дека ништо не може да ја замени загубата на синот, особено за мајката. Ја споделуваме вашата болка“, рече Путин.

Според „Гардијан“, Путин, наводно, рекол дека не жали што започнал специјална воена операција во Украина и ја опишал војната како „славниот момент“ во кој Москва конечно застанала против „западната хегемонија“.

Коментарите на мајките до претседателот не беа веднаш прикажани во снимениот телевизиски клип.

Руските медиуми јавуваат дека на средбата со претседателот присуствувале мајките на 17 руски војници кои учествуваат во војната, кои потекнуваат од различни региони на земјата.

Continue Reading

Свет

Како да не ги сакаш – ГО ИСЧИСТИЈА ЦЕЛОТО ЃУБРЕ ОД ТРИБИНИ (Видео)

Published

on

Јапонија вчера го приреди второто големо изненадување на Светското првенство во Катар кога ја совлада Германија со 2:1, но место да продолжат да слават, јапонските навивачи покажаа дека добрите манири и навики се на првото место, без разлика на ситуацијата.

По завршувањето на натпреварите, трибините вообичаено се полни со отпадоци, најчесто од храна и пијалаци, зашто навивачите сметаат дека има кој да зачисти зад нив. Јапонците не се однесуваат така.

Додека нивните фудбалери го напуштаа теренот, јапонските фанови зедоа пауза од славењето со цел да го соберат ѓубрето од стадионот „Халифа“. Тие го правеа истото и на последното Светско првенство во Русија, па дури и по првиот меч во Катар, кога Јапонија не ни играше, туку домашната селекција против Еквадор.

Во Јапонија, чистењето е дел од културата и оваа навика им се всадува на луѓето уште на рана возраст.

„Чистењето е начин на кој Јапонците ја демонстрираат гордоста со нивниот начин на живот. Собирањето ѓубре по фудбалски натпревари е само продолжување на основното однесување што го учат во училиште, каде што децата редовно ги чистат училниците и ходниците“, вели Скот Норт, професор по социологија на Универзитетот во Осака.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк