Connect with us

Свет

Предупредување од Фејсбук: Важно е да ги активирате овие поставки што е можно поскоро

Ако некое време не сте ги ажурирале безбедносните поставки на Facebook, можеби е време да го прегледате вашиот профил. Корисниците на Фејсбук се предупредуваат да активираат три специфични поставки за да ги направат нивните профили што е можно побезбедни.

Заклучно со јули оваа година, имаше околу 2,9 милијарди корисници на Фејсбук ширум светот, поради што платформата воведе дополнителни безбедносни поставки за да се увери дека милијарди корисници ширум светот се изложени на помал ри зик од компромитирање на нивните профили.

Функцијата, наречена Проверка на безбедноста, е клучна за да бидете сигурни дека вашите безбедносни поставки се што е можно поотпорни.

Фејсбук објаснува дека можете да ја користите безбедносната проверка за преглед и дополнителна сигурност на својот профил. Безбедносната проверка моментално е достапна на лицата кои се најавени на Фејсбук на компјутер или најновата верзија на апликацијата Фејсбук за Андроид или за ИОС.

Проверката ќе ви помогне да добивате предупредувања кога некој ќе се обиде да се најави на вашиот профил од непознат компјутер или мобилен телефон. Исто така, ќе ви помогне да научите како најдобро да ја заштитите вашата лозинка и ќе овозможи автентикација во два чекора, што е опционално, но додава поголема безбедност на вашата сметка на Фејсбук.

Промена во три чекори

За да започнете, прво треба да отидете на Фејсбук и да допрете на сликата на вашиот профил (горе десно) за да го најдете менито за поставки (прикажано како мал запчаник на мобилниот телефон). Изберете Поставки и приватност, потоа Поставки, пред да кликнете Безбедност и најавување или Лозинка и безбедност.

Оттука – „Проверете ги вашите важни безбедносни поставки“.

Ако вашата сметка е целосно ажурирана и заштитена, според Net.hr, ќе бидете пренасочени на екранот на кој пишува: „Сè е подготвено. Во моментов не се препорачуваат безбедносни активности“.

Меѓутоа, ако сè уште треба да ја зголемите безбедноста, постојат три области на кои треба да обрнете внимание.

Дали лозинката е доволно комплексна?

Првиот е преглед на лозинка за да бидете сигурни дека вашето најавување е доволно безбедно и сложено. Потоа ќе имате опција да вклучите „автентикација со два фактори“, која ја потврдува вашата сметка преку текстуална порака или е-пошта. Конечно, „Предупредувања за најавување“ ќе ве извести ако вашата сметка е најавена на друг уред.

„Ќе ви кажеме ако некој се најави на вашата сметка од уред или прелистувач што вообичаено не го користите“, објаснува Фејсбук. Ако тоа се случи, можете да се одјавите од сите непризнаени сесии и да ја смените лозинката што е можно поскоро

Skopje24.com

Свет

Трагедија во Русија: Воен транспортен авион Ан-22 се урна, сите патници загинаа

Москва, 9 декември 2025 – Руски воен транспортен авион се урна во северниот регион Иваново, соопшти руското Министерство за одбрана. Во авионот се наоѓале седум лица, сите загинале, јави дневниот весник „Комерсант“.

Во моментот се спроведува операција за пребарување и спасување во ненаселеното подрачје.

Се работи за авионот „Антонов Ан-22“, развиен во 1960-те години за време на советската ера. Според медиумските извештаи, ова бил последниот авион од овој тип што го користела руската војска. Ан-22 е наменет за транспорт на голем воздушен товар и за падобрански операции.

Министерството за одбрана соопшти дека авионот се урнал за време на редовен лет по извршени поправки, а причините за несреќата се предмет на истрага.

Continue Reading

Свет

Песков: Тврдењата за воена агресија на Путин кон НАТО се целосна глупост

Москва, 9 декември 2025 – Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска категорично демантираше тврдењата на германскиот канцелар Фридрих Мерц дека рускиот претседател Владимир Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз или да нападне земја членка на НАТО.

„Тоа не одговара на реалноста“, рече Песков, нагласувајќи дека Путин повеќепати јавно истакнал дека обновување на Советскиот Сојуз е невозможно. „Да се зборува за тоа е непочитување кон нашите партнери, сојузници од ЗНД и другите форми на интеграција. Очигледно, господинот Мерц не знае за тоа“, додаде портпаролот на Кремљ.

Во однос на наводните подготовки за напад врз НАТО, Песков ја нарече оваа теза „целосна глупост“ и повика јавноста да се информира од примарниот извор – самиот претседател Путин.

Портпаролот исто така ги коментираше и мировните преговори во Украина. На новинарско прашање за контакти меѓу Русија и САД по средбата на Путин со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и неговиот зет Џеред Кушнер, Песков потврди дека Русија е во постојан контакт со американската администрација и очекува резултати од дискусиите за мировниот план со украинската страна.

Continue Reading

Свет

Во Австралија социјалните мрежи забранети за деца под 16 години

Од полноќ по локално време, во Австралија официјално стапи на сила забраната за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години. Според новите правила, платформите како Инстаграм, ТикТок и Јутјуб мора да ги блокираат сметките на малолетни корисници или ќе се соочат со казни што можат да достигнат до 33 милиони долари, јавува Ројтерс.

Мерката доби силна поддршка од родителски организации и активисти за заштита на децата, кои ја сметаат за неопходен чекор за заштита на најмладите од штетни содржини и онлајн ризици. Од друга страна, технолошките компании и застапниците за слобода на говорот ја критикуваат мерката како претерано рестриктивна.

Оваа законска забрана претставува прв конкретен обид да се регулира пристапот на деца до дигиталните платформи и се смета дека може да стане модел и за други земји кои разгледуваат имплементација на слични ограничувања.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг