Connect with us

Македонија

ПОСКАПУВА РЕГИСТРАЦИЈАТА на возила, постарите возила ќе плаќаат ПОСКАПО!

И регистрацијата  на возила е поскапена, не заради техничкиот преглед туку повисоката еколошка такса велат од станиците за технички преглед. Од 400 до 700 денари е за патнички возила и 1050 до 1900 за товарни во зависност од  староста и зафатнината на возилото. Па така постарите возила плаќаат повисока еколошка такса, објави ТВ21.

Поскапувањето се должи на еколошката такса, велат од станиците за технички преглед.

Македонија

Се одржа 38. средба на Заедничката историска комисија: Фокус на новите учебници по историја за основците

Во Скопје вчера и денеска се одржа 38. редовна средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, согласно годишниот план за работа.

На состанокот, македонскиот тим ги достави новите учебници по „Историја и општество“ за петто и шесто одделение, по што се отвори дискусија за идниот пристап и методологијата при разгледувањето на наставните содржини. Темата ќе биде дополнително разработена на следната средба.

Во рамките на состанокот беше потпишан записникот од 31. седница, а продолжија и разговорите за усогласување на текстот од записникот на 32. средба.

„Македонскиот тим преку својот проактивен пристап продолжува да гради доверба и да бара одржливи решенија, засновани на взаемно почитување и признавање на правото на различна историска перспектива,“ се наведува во официјалното соопштение.

Следната средба на Комисијата е закажана за првата половина на декември во Софија, каде ќе продолжат разговорите за усогласување на образовните содржини и препораки.

Continue Reading

Македонија

Алиу: Не сме добиле покана од Владата, но нема да ја одбиеме

Демократската партија на Албанците (ДПА) е подготвена да разгледа можност за учество во Владата, доколку добие официјална покана. Ова денеска го изјави членот на Централното претседателство на партијата, Имер Алиу, по одржувањето на Централното собрание.

„Немаме добиено официјална покана, но не би ја одбиле. Ќе разговараме со сите, вклучително и со Владата“, рече Алиу. Тој посочи дека политичката агенда на ДПА можеби не е идентична со онаа на владејачките партии, но дека дијалог треба да има.

Осврнувајќи се на резултатите од локалните избори, Алиу порача дека поразот на ДУИ не треба да се гледа како „национална трагедија“, туку како политички процес што носи нови обврски за тие кои сега се дел од власта.

„Многу ветувања беа дадени. Сега е време тие да се реализираат. Албанската партија во Владата нема простор за изговори и ќе ја повикуваме на отчетност“, истакна Алиу.

На денешното Собрание, ДПА формираше и Координативно тело кое ќе ги води понатамошните активности на партијата. Партијата најавува дека ќе продолжи да врши притисок и надзор врз носителите на функции и на локално и на централно ниво.

ДПА до локалните избори беше дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ. Лидерот Мендух Тачи претходно тврдеше дека на парламентарните избори таа коалиција била посилна од ВЛЕН, но последните изборни резултати го променија политичкиот распоред меѓу албанските партии.

Continue Reading

Македонија

Кој е Менди Ќира, новиот градоначалник на Струга?

Менди Ќира е новиот градоначалник на Струга

Бизнисменот Менди Ќира е избран за нов градоначалник на Општина Струга како независен кандидат, со поддршка од владејачката коалиција Вреди.

Профил на Менди Ќира

Ќира е основач и управува со компанијата „Трим и Лум“, позната по изградба на станбени објекти во Струга и Охрид. Тој е признат претприемач и со години активен во Стопанската комора на Северозападна Македонија, каде беше претседател од ноември 2022 до јули 2025 година.

Исто така, е сопственик на хотелот „Ембла“ во Струга и претседател на фудбалскиот клуб „Струга“. Во минатото работел како директор во Signa Insurance Group (2003–2009) и како извршен директор во хотелот „Изгрев“ во Струга (1998–2002).

Образование

Ќира студирал земјоделство на Универзитетот во Приштина, Косово, а магистрирал бизнис/менаџерска економија на Универзитетот во Загреб, Хрватска.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг