Под слоганот „Штедиме заедно денес за да имаме утре“, Владата од денеска преку информативно едукативни активности ќе ги мотивира граѓаните да штедат струја. Ќе презентира корисни информации како граѓаните поефикасно да ја користат електричната енергија и на тој начин да штедат.
-Енергетски ефикасните сијалици заштедуваат и до 90 проценти електрична енергија. Одржувањето на тепературата на 22 степена, наместо на 25 степени, заштедува до 10 проценти електрична енергија. Краткото туширање заштедува вода, струја и пари на вашата сметка, рече портпаролот на Владата Душко Арсовски наведувајќи примери со кои преку едукативните активности планираат да поттикнат штедење струја.
Според некои експертски анализи, наведе Арсовски, доколку се почитуваат овие и други препораки, може да се заштеди струја и до 50 проценти.
Порака за штедење упати и Виктор Андонов, соработник на Владата за енергетика, истакнувајќи дека во овој процес се многу важни граѓаните, институциите и компаниите и оти секој треба да направи мала промена во домот или на работното место кое ќе значи многу за енегетскиот систем.
Енергетскиот биланс за производството на струја од ЕСМ покажува дека вчера потребите на домаќинствата и на малите потрошувачи се задоволени со домашно производство од 10 786 мегават часови и набавена струја во износ од 3 110 мегавачт часови. Во термоелектраните се произведени 7 834 мегават часови, а од обновливи извори на енергија 2 952 мегават часови струја.
Владата донесе План за штедење со конкретни насоки за сите органи на државната управа, а заштедата на државните институции што почнаа да го применуваат планот од 1 септември,како што беше објавено, изнесува 20 проценти.
Неколку реакции на граѓаните на социјалните мрежи:
Од "Мијте раце" отидоа на "Туширајте се пократко".
— Капетански Дневник?☠️ (@BlackTaurus7) November 16, 2022
Кога ќе ги бесиме под нив ќе играм Пајдушко.
Туширање под 25 минути не го рачунам за туширање туку за војничко одмивање. Фак ју ?влада
— Мадлестата Линија (@JasTheGreaTTT) November 17, 2022
Не се сложувам со рестриктивнава мерка за туширање. Секој ден туширање е арам! Се знае! Недела 3 минути млак млаз! Претера со луксузирање ој ти сиротињо!
— Мaрга (@MKDProLet) November 17, 2022
Кратко туширање, долга среќа за с.Македонија!
— НЕДОПИРЛИВА (@Nedopirliva1) November 17, 2022
