Connect with us

Религија

ДЕНЕСКА Е СВ. АРХАНГЕЛ МИХАИЛ – Војводата на целата ангелска војска, светиот архистратиг

Published

on

Денеска е 8 ноември (по стар стил) и се слави Светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни.

Од длабоката древност Божјите ангели се празнувани од луѓето. Но, тоа празнување често се одметнуваше во обожување на ангелите (4 Царства 23, 5). Еретиците прикажуваа сешто за ангелите. Некои од луѓето, во ангелите гледаа богови, други, иако не ги сметаа за богови, ги нарекуваа создатели на сиот видлив свет.

Лаодикискиот помесен собор, којшто се одржа четири или пет години пред I Вселенски Собор, со своето 35 правило го отфрли поклонувањето на ангелите како на богови и го востанови правилното почитување на ангелите.

Во времето на папата Силвестер и на александрискиот патријарх Александар (4 век), беше востановен овој празник на Архистратигот Михаил со другите небесни Сили, во месецот ноември. Зошто токму во ноември? Зашто после март, ноември претставува деветти месец. А се смета дека во месецот март било создавањето на светот. А деветтиот месец после март е земен заради деветте ангелски чинови, коишто се најпрво создадени.

Свети Дионисиј Ареопагит, ученик на светиот апостол Павле, т.е. на оној апостол којшто беше воздигнат до третото небо, овие девет ангелски чинови ги опиша во книгата „За небесната Јерархија“. Тие чинови се следните: шестокрилите Серафими, многуоките Херувими и богоносните Престоли, Господствата, Силите и Властите, Началата, Архангелите и Ангелите.

Војвода на целата ангелска војска е Архистратигот Михаил. Кога сатаната, Луцифер, отпадна од Бога и со себе повлече во пропаст еден дел од ангелите, тогаш Михаил стана и извикна пред неотпаднатите ангели: „Да внимаваме! Да застанеме добро, да стоиме со страв!“

И сите небесни војски на верните ангели громко запеаја: „Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот исполн небо и земља слави Твоеја!“ (за Архистратигот Михаил види во Книгата на Исус Навин 5, 13-15).

Меѓу ангелите владее совршено едномислие, еднодушност и љубов, а покрај тоа и потполна послушност на пониските чинови кон повисоките и на сите заедно кон светата Божја волја. Секој народ си има свој ангел пазител, а освен тоа и секој христијанин има свој ангел пазител. Треба секогаш да се сеќаваме дека што и да правиме, јавно или тајно, го правиме тоа во присуство на својот ангел-чувар.

А на денот на Страшниот Суд, сето огромно мнозинство ангели ќе се соберат околу Христовиот престол и пред сите нив ќе се објават сите дела, зборови и помисли на секој човек. Да нè помилува Бог и да нè спаси по молитвите на светиот Архистратиг Михаил и на другите небесни бестелесни сили. Амин.

Религија

Преподобен МАКСИМ Исповедник – противник на царот и на патријархот

Published

on

Цариграѓанин по род и најпрвин беше висок дворјанин на дворецот на царот Ираклиј, но потоа стана монах и игумен на еден манастир недалеку од престолнината.

Најголем бранител на Православието од т.н. монотелитска ерес, која се изроди од ереста Евтихиева. Имено, како што тврдеше Евтихиј дека Христос има една природа, така монотелитите тврдеа дека Он има една волја.

Свети Максим се спротивстави на тоа тврдење и се најде како противник на царот и патријархот. Но, не се исплаши, туку до крај истраја во докажувањето дека Господ Христос имаше две волји, соодветно на двете природи.

На негово настојување се одржа еден собор во Картагена, а друг во Рим. И двата собори го анатемисаа учењето на монотелитите. Страдањето на свети Максим за Православието е неописливо: малтретиран од кнезовите, измамуван од судиите, плукан од народните маси, тепан од војниците, прогонуван, затворан, а најпосле му ги отсекоа јазикот и раката и го осудија на доживотно прогонство во земјата Скитска, каде што три години помина во затвор, па Му ја предаде својата света душа на Бога во 666 година.

Continue Reading

Религија

Владиците Тимотеј и Иларион на сослужување во Пловдив

Published

on

Дебарско-кичевскиот митрополит г. Тимотеј и Брегалничкото митрополит г. Иларион се на сослужување со Плвдискиот митрополит г. Николај во Пловдив, пренесува Религија.мк.

Со нив сослужуваат и останати владици на Бугарската православна црква.

Владиката Тимотеј го спомна Архиепископот г.г. Стефан со неговата титула.

Погледнете ја службата ОВДЕ

Continue Reading

Религија

Духовно светилиште – Манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, парче рај во Македонија (Фото и Видео)

Published

on

Ако патот ве носи кон Крива Паланка, во кој било ден или доба од годината, неодминлива дестинација за уживање во благодатите на раскошната природа, во пазувите на столетната дабова шума на Осоговската Планина е вековното духовно светилиште, манастирскиот комплекс свети Јоаким Осоговски. Лоциран е на околу два километри од центарот на Крива Паланка, а до него водат два асфалтирани патни правци, едниот постар и не многу стрмен, другиот нов, со блага угорница, но од каде и да тргнете, одмориштата со видиковци од каде ќе ја набљудувате панорамата на градот се попатни станици, а оттука, до манастирот – ќе ве води „звукот на тишината“, кој е еднаков на оној со кој капката утринска роса се слизнува од оросените планински цвеќа во близина.

Осоговскиот крај го празнува својот заштитник Свети Јоаким Осоговски –  Сарандапорски | Сител Телевизија

Историјата на манастирот започнува со доаѓањето на свети Јоаким Осоговски овде, на овие простори, и како што се вели во неговото житие: „Дојде како ѕвезда, многу светла, од запад, кон исток“. Животот го поминал во бдение, пост и молитва, а се упокоил во 1105-та година, а педесет години по неговата смрт, еден свештеник по име Теофан, воден од светиот дух дошол од Овче Поле за да ги извади моштите и ги наоѓа моштите. Тој, воедно, е и градител на малата црква сега посветена на Рождество на Пресвета Богородица, раскажа отец Александар Смиљков, архиерејски намесник на Кривопаланечкото  архиерејско намесништво.

Основањето на манастирот

Освен житието на св. Јоаким Осоговски науката не познава други пишани документи и извори за основањето на манастирот. Житието на св. Јоаким е зачувано во преписи од XV век наваму. Преписите се менувани и дополнувани со настани, случки и епизоди од животот на светителот. Најстариот препис на житието се чува во Синодалната библиотека во Софија и датира од XV век. Житието повеќепати е објавувано и тоа според ракописот од XVI – XVII век, од В. И. Ламански во Санкт Петербург во 1864 г. од С. Новаковиќ во Белград во 1867 г., од академик Јордан Иванов во Софија во 1931 г., од Теодосија Леков во 1789 г. во Хиландар и од Д. Маринов во Софија во 1900 година. Последната верзија ја отпечатил архимандритот Кесариј (игумен во манастирот) во 1912 г. во Софија. Според житието, Господ решил да го возобнови и подигне местото на св. Јоаким Сарандопорски во времето на византискиот цар Манојло Кемин.

Манастир Св. Јоаким Осоговски... - Убавините на Р Македонија / The beauties  of the Republic of Macedonia | Facebook

На Бога му било угодно самиот чин на градба да ја изразува промислата и полнотата на словото. Затоа овоземниот живот на св. Јоаким Осоговски била доволна причина со божја промисла да се оствари словото на лобосот на ова парче света земја, во конкретен облик црква, светилиште, манастир. Промислата сакала манастирот да не биде ничија задужбина, а самиот св. Јоаким да биде ктитор на својот манастир.

Артикулацијата на овој свет градителски чин била предодредена преку свештеникот Теодор од Овчеполско. Тој во сон преку Божјо видение ја примил врз себе светата и кратена цел.

„Господе мој, слушнав за светиот отец наш Јоаким, кој живее во пазувите на Осоговските Планини, на местото наречено Сарандопор, со неговите свети молитви и со Божјата помош и мене кутриот ми се посака на ова место и со неговите молитви Господ и нашите чекори да ги упати кон исполнувањето на Божјите заповеди“

„Оди чедо, со мир Божји, со благодати“.

„Се разбуди Теодород сонот и разбра какво видание и каков благослов прими, го прослави Бога и светиот и не кажа што виде. И дојде пак во спомнатото место, се насели таму и рече: Овде е покојот мој за цел век, овде ќе се населам бидејќи го засакав ова место“. По малку време откако Теодор се замонашил и го добил името Теофан како прв игумен, со помош на месното население ја изградил првата манастирска црква. Чинот на основањето на Осоговскиот манастир се случил така како што било запишано. Педесет години од упокојувањето на светителот, неговите мошти Теофан ги поставил во саркофаг во внатрешноста покрај западниот дел на црквата, каде што и ден денес ја искажуваат својата исцелителна и лечебна моќ. Така во овој дел од македонската земја се појавил непресушен вруток на духовно јадро околу кое X века пулсира црковниот, духовниот и културниот живот во Кривопаланечко и пошироко со и низ манастирот Свети Јоаким Осоговски.

Некои фрагменти од житието, како оној дека игуменот со калуѓерите ги пеел часовите пред црквата, се искористени од С. Новаковиќ и од некои современи автори за тезата дека првично бил изграден мал храм. Кој е тој мал храм? Од денешните два храма помалиот е посветен на Света Богородица, а не на Свети Јоаким Осоговски. Претпоставка е дека пред изградбата на Големиот храм посветен на св. Јоаким Осоговски (1847/51) год. под темелите се наоѓа во првиот храм на св. Јоаким Осоговски. Археологијата и воопшто науката сè уште ја немаат дефинирано оваа претпоставка. Дали со основањето на манастирот во XII век се изградени два храма и кај е првоизградената? За ова сè уште нема одговор. Како и да е, најстар црковен објект денес во манастирскиот комплекс е црквичката Рождество на Пресвета Богородица која датира од XII век. Манастирот Св. Јоаким Осоговски се наоѓа на неколку километри североисточно од Крива Паланка, сместен во прекрасните падини на Осоговските Планини во месноста Бабин Дол. Првичната локација според житието се вика Манастирски Рид.

Двата храма, едниот посветен на св. Јоаким и другиот на Света Богородица се сместени на пространо и питорескно плато со камбанаријата. Географската диспозиција на двата храма, како и разиграноста на придружниот архитектонски ансамбл, го прават еден од најмонументалните манастири на Балканот. Со основањето, манастирот Св. Јоаким Осоговски станал дел од историските текови на животот, дел од вечната смисла на животот на кривопаланчани и на нивната заветувана света должност на својот патрон и заштитник да му изградат манастир и да му воспеат химна на вечното животворно слово. Вистинскиот храм ги сплотил луѓето низ векови и им дал надеж во допирот со вечноста.

Фреска на св. Јоаким Осоговски во карпа во Осоговскиот манастир
Фреска на св. Јоаким Осоговски во карпа во Осоговскиот манастир

Подоцна, откако се појавила потреба за изградба на поголема манастирска црква, Хаџи-Стефан Белички, богат трговец од Крива Паланка, дошол и започнал со изградба на големата манастирска црква посветена на свети Јоаким. Манастирот е граден во периодот 1847 до 1851 година. Моштите на светецот се зачувани тука, а истите, како што споменавме, ги пронашол монахот Теофан и биле положени во саркофаг, каде и ден денс се наоѓаат, додава отец Смиљков. Бројни верници од сите краишта на Македонија, Балканот, Европа и светот, доаѓаат во посета на манастирскиот комплекс, што е духовен рај, а моштите на светецот Јоаким Осоговски се место каде некои од верниците одлучуваат и по малку да преспијат, верувајќи дека им носи благослов, благодат и мир.

Осоговски манастир — Википедија
Манастирот во почетокот на XX век

Не ретко, оние што слушнале за чудотворните мошти на светецот, од преданијата, до ден денес, но и сите оние со цврста и силна верба во Бога, доаѓаат во манастирот да донесат дарови, молејќи се за здравје и излекување од болести. Еден од нив е и Дојчин Спасовски, кој случајно го сретнавме при посетата на манастирот. Дојдов пред празникот Успение на Пресвета Богородица, да се помолам за здравје на мојата сопруга, болна е, моите ќерки, пак, се уште немаат пород, па се молам на светиите, носам дарови, за да ми ги услишаат молитвите, вели чичко Дојчин.

А низ целата година, река посетители се слева во манастирот, од Русија, Соединетите Американски Држави, Бразил, Финска, Шведска, Шпанија, Франција, Словенија, Холандија. Некои се восхитуваат на природата и благодатите, други на сакралноста на секој камен вѕидан во конаците, црквите, во портите и капиите, во ѕидините, трети-едноставно го впиваат секој атом кислород на воздухот што има неверојатна, благопријатна свежина на 800 метри надморска височина.

Во кругот на манастирот се наоѓа и хотел „Манастир“, со кој раководи епархијата, а истиот располага со капацитет од 96 легла, распоредени во повеќе едно, две и повеќекреветни соби, различни по големина, но со иста убавина-поглед над манастирот. Посетителите можат покрај природата и духовноста, да уживаат и во вкусните специјалитети  и традиционални рецепти, се до десерти и пијалоци до поднебјето на Крива Паланка и Кривопаланечко кои се служат овде, а не ретко, многумина се одлучуваат тука да ги прослават најзначајните моменти од нивниот живот, свадби, крштевки, родендени.

ФОТОГАЛЕРИЈА ОД МАНАСТИРОТ СВ. ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ) Убавините на Македонија:  Свето место во прегратките на дабова шума

Во екот на празнувањата што претстојат, големиот празник Успение на Пресвета Богородица и 29-ти август, чествување на споменот на Јоаким Осоговски, речиси и да нема слободно место во хотелот. Одговорните велат, така е во текот на целата година, без оглед на годишното време и период, едноставно, постојано се вгостуваат и испраќат туристи. Изминитите десетина месеци бројот на гости што минале во нашито хотел се речиси десет илјади, а сите, едногласно, заминуваат со полно срце и душа, со слики и спомени за раскажување, велат од управата на хотел „Манастир“.

Еден од повпечатливите примери е оној на младиот американски студент Рејмонд Франсоа, кој импресиониран од убавините што ги доживеал во местото, во Крива Паланка, кај домаќинот волонтерот Кајл Бутчер и фамилијата Ристовски, кај  гостопримливите соработници од кошаркарскиот клуб „Крива Паланка“ и семејството Белешковски, решил да го истетовира знамето на Република Македонија на својата рака.

Манастирот е особено свечен, во предвечерјето на празнувањата на големите 28-ми и 29-ти август. Се е подготвено за големиот црковно-народен собир на 28-ми вечерта, кога за сите посетители, верници и добронамерници  ќе биде отворен и стариот манастирски конак, каде ќе се служат вечера и појадок. По литургијата на 28-ми ќе биде осветена и обновената костурница под камбанаријата во склоп на манастирот. Ова е костурница во која се положени над двесте мошти од монасите од постоењето на манастирот до денес, рече митрополитот кумановско-осоговски, г. Јосиф.

Вели, ова е единствена костирница од ваков тип во Македонија, која има собрано толку многу мошти од монаси, од различни периоди. Моштите се извадени до дупка на длабочина од 7,5 до 10 метри длабочина, есхумирани се и положени во обновената костурница, која е и ново-фрескоживописана. Истите се добро сочувани, бидејќи во дупката беа поместени под карпа, каде земјата беше сува и не биле подложни на атмосферски влијанија. Покрај мошти, пронајдени се и други материјали, разни крстови, богослужбени предмети и друго, кои се делумно сочувани во првобитната форма, додава владиката г.Јосиф.

Скали во Осоговскиот манастир

Рече дека на секоја задушница ќе се служи панихида во костурницата. Инаку, манастирот е единствен во државата кој има и свое противпожарно возило, а го опслужуваат пожарникари од Територијална противпожарна единица, Крива Паланка. Исто така, манастирот располага и со сопствена механизација за одржување на околните локации и патните правци во текот на годината. На денот на патрон-светецот на манастирот, св.Јоаким Осоговски, 29-ти август, со светата Божествена литургија  ќе богослужи архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, во сослужение со митрополитото кумановско-осоговски г.Јосиф, митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф и епископот хераклејски Климент.

Ако се уште не сте одлучиле каде ќе го поминете празничниот ден, или каде ќе минете денови за одмор, макар и со викенд патување, не пропуштајте да бидете и вие дел од оние кои не штедат зборови во пренесување на сопственото позитивно искуство поминато овде, во парчето рај на земјата, на македонско, Кривопаланечко тло, на битот од каде се започнува, вербата во Бога и љубовта, кон природата и човештвото.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк