Connect with us

Религија

Во сред Автокоманда во Црквата „Свети Архангел Михаил“ извира чудотворна вода (Фото)

Published

on

Сегашната црква била подигната на темелите на постара црква во 1927 година. Во 2006 година е реновиран надворешниот дел на црквата.

Карактеристичен за оваа црква е мермерниот иконостас, кој бил поставен уште кога се градела црквата. Таков иконостас, кој е многу скап и тежок за обработка, многу ретко се наоѓа во македонските цркви.

Специфичен е и релјефот на “Св. Архангел” поставен на надворешниот горен дел, веднаш над влезната врата во црквата.

Во составот на црквата се наоѓа и црковниот параклис “Покров на Пресвета Богородица”, каде извира, според верувањата, света и чудотворна вода. Изградена е во средината на XVIII век.

Во 1995 година била изградена и осветена мала црковна крстилница посветена на “Светите бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан”.

This image has an empty alt attribute; its file name is arhangel-grobista-480x360.jpg

Во склопот на црквата се наоѓаат и англиските воени гробишта од Првата светска војна.

Религија

СРЕЌНА СЛАВА – ДЕНЕСКА Е СВЕТИ ФИЛИП, еден од дванаесетте апостоли

Published

on

Еден од дванаесетте апостоли. Роден е во Витсаида крај езерото Галилејско, како Петар и Андреј. Од малечок научен на Светото Писмо, Филип веднаш се одѕва на повикот на Господ Исус и тргна по Него (Јован 1, 43). После слегувањето на Светиот Дух, Филип ревносно го проповедаше Евангелието во многу краишта на Азија и Грција.

Во Грција, Евреите сакаа да го убијат, но со Своите моќни чуда Господ го спаси. Така, еврејскиот првосвештеник којшто се устреми да го бие одеднаш ослепе и сиот поцрне. И имаше силен земјотрес и земјата се отвори и ги проголта злобните гонители на Филип. И многу други чуда се случија, особено исцеленија на болни, заради што мнозина незнабошци поверуваа во Христа. Во Фригискиот град Јерапол, свети Филип се најде на заедничка работа со свети Јован Богослов, со својата сестра Маријамна и апостолот Вартоломеј.

Таму имаше некоја опасна змија, којашто незнабошците грижливо ја хранеа и ѝ се поклонуваа како на Бог. Божјите апостоли со молитва ја умртвија оваа змија. Со тоа врз себе го навлекоа гневот на помрачените луѓе. Озлобените незнабошци го фатија Филип и го распнаа на дрво главечки, потоа го распнаа и Вартоломеј.

Тогаш, земјата се отвори и го проголта судијата и мнозина други со него. Во голем страв, луѓето притрчаа да ги симнат апостолите. Но, успеаја да го симнат жив само Вартоломеј, Филип веќе беше издивнал. На крстените, Вартоломеј им го постави за епископ Стахиј, когошто претходно тој и Филип го исцелија од слепило и го крстија. Стахиј беше слеп четириесет години. Подоцна, моштите на свети Филип беа пренесени во Рим. Овој прекрасен апостол пострада во 86 година, во времето на царот Дометијан.

Continue Reading

Религија

Свети Јован Златоуст – Прославен заради мудроста, подвигот и словото

Published

on

Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија, во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчката философија, Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како единствена и целосна вистина. Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители.

По смртта на родителите се замонаши и почна строго да се подвизува. Тогаш ја напиша книгата „За свештенството“ и тогаш му се јавија светите апостоли Петар и Јован и му прорекоа голема служба, голема благодат, но и големо страдање. Кога требаше да биде посветен за свештеник, се јави ангел Божји: истовремено и на патријархот Флавијан (после Мелетиј) и на самиот Јован. А кога патријархот го ракополагаше, сите видоа светол бел гулаб над Јовановата глава.

Прославен заради мудроста, подвигот, и словото со голема власт, беше избран по желба на царот Аркадиј за патријарх Цариградски. Шест години управуваше со Црквата како патријарх со неспоредлива мудрост и ревност. Испрати незнабожечки мисионери кај Келтите и кај Скитите, ја сотре симонијата во Црквата симнувајќи мнозина епископи-симонисти; ја рашири милосрдната дејност на Црквата; напиша посебен чин на светата Литургија; ги посрами еретиците; ја изобличи царицата Евдоксија; Светото Писмо го протолкува со својот златен ум и јазик, на Црквата ѝ остави многу скапоцени книги со неговите беседи.

Народот го прослави, завидливците го замразија, царицата двапати го испрати во прогонство. Во прогонство помина три години и се упокои на Крстовден, 14 септември, 407 година, во местото Коман во Ерменија. Пред смртта, повторно му се јавија апостолите Јован и Петар, а и светиот маченик Василиск (се слави на 22 мај), во чијашто црква ја прими светата Причест. „Слава Му на Бога за сè!“, беа неговите последни зборови и со тие зборови душата на златоустиот патријарх замина во Рајот. Од моштите на свети Јован Златоуст главата почива во манастирот Ватопед на Света Гора, а телото во Цариград.

Continue Reading

Религија

Го славиме Светиот великомаченик МИНА – голем чудотворец и на земјата и на небото

Published

on

По потекло египќанец и војник по занимање, свети Мина, како вистински христијанин, не можеше да го гледа одвратното жртвопринесување на идолите, па ја напушти војската, и градот, и луѓето, и сиот свет, та отиде во пуста планина.

Бидејќи на свети Мина му беше полесно да живее со дивите ѕверови одошто со незнабожните луѓе. Еден ден, светителот го проѕре од далечина незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па се спушти во градот и пред сите ја објави својата вера во живиот Бог Христос, а ги разобличи идолопоклонството и незнабоштвото како лага и мрак. Кнезот на тој град, некој Пирос, го запраша свети Мина кој е тој и што е.

Светителот му одговори: „Татковина ми е Египет, името ми е Мина, бев офицер, но кога го видов идолопоклонството се одреков од вашите почести. Сега дојдов пред сите да Го објавам мојот Христос како вистинит Бог, за и Он мене да ме објави како Свој слуга во Царството Небесно“. Кога го слушна ова, Пирос го подложи свети Мина на големи маки.

Го биеја, го стружеа со железни четки, го гореа со свеќи и го мачеа со разни други маки, и најпосле го убија со меч. Телото му го фрлија во оган за да не го земат христијаните, но тие сепак спасија од огнот некои делови. Овие остатоци ги погребаа чесно, а подоцна беа пренесени во Александрија и таму ги погребаа и над нив изградија црква.

Свети Мина пострада околу 304 година и се пресели во Христовото Царство. Тој беше и остана голем чудотворец во двата животи, и на земјата и на небото. На секој што го слави свети Мина и во неволја со вера го повикува на помош, тој и му помага. Повеќепати се јавуваше како војник на коњ, за да им помогне на верните или за да ги казни неверните.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк