Connect with us

Скопје

Водопад во Скопје (Видео)

Published

on

Краткотрајниот, но интензивен дожд направи проблеми низ дел од скопските улици. Освен калот и вировите, во Козле, по дождот има и „водопади“. Водата насобрана од дождот се прелива преку потпорните ѕидови на улицата каде минува автобуската линија 57, пренесува Скопје1.мк.

Проблеми имало и кај подвозниците, каде секогаш, при поројни дождови, се собира вода која им прави проблем на возачите но и на сообраќајот.

Скопје

О.У. Песталоци во тишина: Прости ни Вања, не знаеме како да се поздравиме…

Published

on

Тага и молк во основното училиште на убиената Вања Ѓорчевска. Во Ј.Х.Песталоци отворена книга на жалост. Се потпишуваат родители, познаници, но и соученици.Наместо детски џагор, тишина низ школскиот двор.

-Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања.
Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме…
Нека ти биде светол патот кон вечноста! Твојата насмевка и искрена душа засекогаш ќе останат во нашите срца.
Со неизмерна болка и љубов, твоите наставници и соученици, најмила Вања!- стои во објавата.

Continue Reading

Македонија

Умре и Флопи – Зоолошка Скопје остана без жирафи

Published

on

Умре и третата жирафа во скопската Зоолошка градина Флопи. Како што дозна САКАМДАКАЖАМ.МК од  вработени во градината, единствената жирафа која остана во градината починала вчера попладне.

Сега во градината нема ниту една жирафа. Во мај годинава умре Каспер, а во јануари 2021 година Тобого.

Жирафите Тобого, Каспер и Флопи беа омилените жители на посетителите во скопската зоолошка градина.

Continue Reading

Скопје

(Видео) ФИЛМСКО АПСЕЊЕ ВО СКОПЈЕ

Published

on

Полицијата денеска во центарот на Скопје полицијата денеска уапси уште еден нарко дилер кој беше баран со потерница во врска со оперативната акција „Планина“.

Станува збор за лицето Е.С. од скопското село Грчец, барано со потерница.

На 14.11.2023 во 12.20 часот во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода С.Е. (23) од с.Грчец, скопско, кој бил баран со потерница по наредба на КПУ Затвор Скопје, а во врска со чл.215 од КЗ на РСМ осуден на казна затвор во траење од три години. С.Е. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа, објави МВР.

Погледнете како беше уапсено лицето во локал во Скопје. Снимката ја објави порталот 24 Инфо.

https://youtu.be/IMKPhpISGNQ

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк