Connect with us

Македонија

Не е само синот на Талат Џафери, СПОРНИ СЕ 449 СТУДЕНТИ ЗА ПРЕДВРЕМЕ ПОЛАГАЊЕ ПРАВОСУДЕН!

Published

on

Не можам бројка да кажам, меѓутоа до мене стигнуваат инфомрации дека многу, многу лица се пријавувале да полагаат предвреме правосуден испит. Има еден период каде што навистина било сива зона, изјави Билјана Ивановска, претседателката на Антикорупциска, дека предвреме се полагал правосуден испит, откако во јавноста излегоа вести дека БАрлет Џафери синот на претседателот на Собрание, Талат Џафери пред да дипломира се пријавил да полага правосуден.

Според Ивановска имало еден период со воведувањето на болоњскиот систем кога настануваат некои недоследности.

Таа за „Топ тема“ на Tелма рече дека претходно се студирало 4 години, па со болоњскиот систем биле намалени на три, за кои се добивале 180 кредити, а останатите 120, од потребните 300 за полагање правосуден испит, се добивале со завршување на магистерските студии.

Но, Барлет завршил три години и добил 7/1 квалификација, што според Ивановска можеби му ја отворило вратата во Министерството за правда, за предвреме да полага правосуден испит. Вели дека се обратиле до инспекторатот за образование, на Универзитетот на ЈИЕ да го провери периодот од 2008 до 2012, и да види колку има такви студенти што завршиле три години а добиле 7/1 степен на образование.

– Знаете која е бројката? 449 студенти. Значи тоа е појава, тие сигурно не чекале да им дојде рокот за да полагаат правосуден испит. Претпоставувам, ама не можеме да докажеме. Дали таа квалификација од 7/1 му ја отворило вратата во Министерството за правда, за да полага правосуден, значи тоа е прашалникот кој што се појавува кај нас. Реално, тој немал толку кредити, меѓутоа, со тоа 7/1 можеби тоа му ја отворило вратата во Министерството за правда, но кој може тоа да го докаже. Прво, седум години се поминати, значи делото е секако застарено, а и да не е, пак ние треба да покренеме постапка против службено лице, затоа што секој како него може да поднесе документи. Ние треба систем да градиме. системот да ги отфрла тие што не ги исполнуваат условите, вели Иавановска.

Таа посочи дека Државната комисија за спречување на корупција ја прекинало постапката за тоа како синот на Талат Џафери, успеал да добие право да полага, и да положи правосуден испит, пред да ги заврши магистерските судии. Ивановска негира дека не сакале да постапуваат, туку едноставно ги исцрпиле инструментите и истрагата со тоа завршила.

Не можевме да откриеме кој е тој што му дозволил на Барлет Џафери да полага предвреме. И тоа е нашиот проблем, затоа за нас постапката застанува тука, рече Ивановска.

Ивановска рече дека истрагата на антикорупционерите, која ја започнале по анонимна пријава, била насочена кон откривање кој му дозволил на помладиот Џафери да полага правосуден испит за да аплицира на Академијата за судии и јавни обвинители.

Гледајќи ги документите кои што ни ги достави академијата воочивме дека во фебруари 2015 го положил правосудниот испит, а во јули истата година, значи пет месеци подоцна, се стекнал со 300 кредити, односно завршил магистерски студии. И тука почнавме да истрасжуваме. Се обративме до Министерството за правда, да ни ги достават документите од барањето на кандидатот што го доставил до правда. Да видиме што содржело тоа барање, кој го примил тоа барање и кој издал решение дека кандидатот ги исполнува условите. Дали министерот или од министерот овластено лице. Од правда веднаш не известија дека тие документи се чуваат само една година, тоа е така затоа што министерот одлучил така, рече Ивановска.

Тогашниот министер за правда, Аднан Јашари, претходно тврдеше дека во стариот закон имало дискреционо право, но таа пракса била прекината по носењето на законот во 2019 година. Но, Ивановска тврди дека ниту во стариот закон немало такво право.

Нема дискреционо право, на што ќе се заснова тоа дискреционо право, врз основа на што тој треба да одлучи дејка на некому ќе му даде право да полага? Тоа е злоупотреба веќе, ако имало такво дискреционо право, тврди претседателката на Антикорупциската комисија.

Македонија

Најубави ! “За Гоце, за МАКЕДОНИЈА” – грмнаа учениците од ООУ “Гоце Делчев” во Прилеп

Published

on

Ученици од ООУ “Гоце Делчев” Прилеп и нивниот наставник Трајче Каралиоски, на посебен начин ја одбележаа 151 годишнината од раѓањето на најголемиот македонски великан.

“За Гоце, за Македонија”, извикаа учениците и заиграа оро на убава македонска песна.

Continue Reading

Македонија

Пратеник за инцидентот на граница: Напад на полицаец е напад на државата

Published

on

Пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски се огласи на социјалните мрежи по инцидентот кој се случи на граничниот премин Деве Баир, во кој тројца бугарски државјани беа уапсени, откако со часови ги напаѓаа македонските полицајци.

„Државата функционира доследно и професионално,напад на полицаец е напад на државата. Приведени тројца бугарски државјани на Деве Баир кои со часови провоцираа. Македонското достоинство се брани со чест, однос и професионалност. И пак ќе кажам Гоце Делчев не го заслужува овој циркус од провокаторите нека ти е вечна слава даскале“, напиша Костовски на ФБ. 

Continue Reading

Македонија

Бугарин на Деве Баир: „Си го продадовте името за 5 чрвени на Грците!“

Published

on

Тензично беше денеска на граничниот премин „Деве Баир“, каде падна системот за контрола и во моментот се работи на негово оспособување.

Бугарски државјани кои утрово тргнаа кон Скопје за да се поклонат на гро бот на великанот Гоце Делчев, не можеа да влезат во државата, по што избија и тензии и кавги со граничните полицајци.

Најгласен е претседателот на бугарската фонцдација „Македонија“ Виктор Стојанов, кој објави видео од инцидентот. Во него се слушаат навреди кон македонската полиција, која смирено им вели да се повлечат.

Си го продадовте името на Грција за 5 стотинки, викаше еден од нив.

Видеото погледнете го со клик ТУКА.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк