Connect with us

Македонија

Ако ПАНТЕРОТ од Србија дојде во Македонија, Максим и Куманово се подготвени да се соочат со него

Published

on

Откако вчера во Србија се објавија нови снимки од пантерот кој за кратко време пристигнал од Апатин, на унгарско-српската граница, до Фекетиќ оддалечен осумдесетина километри, загрижени граѓани на страниците на српските портали прашуваат која ќе биде неговата следна дестинација. Многумина се уверени дека животното ги следи своите инстинкти и самото ќе си го најде патот до потоплите краишта.

Србија, Македонија, па Грција? Во природата му е да се движи кон југ – коментираат граѓани на социјалните мрежи.

Ненад Тешиќ од еколошкото здружение „Движење за сите нас“ за српските медиуми изјави дека е очигледно како животното се движи на југ, односно од Војводина кон Централна Србија и апелираше луѓето да ја сфатат сериозноста на ситуацијата.

Ситуацијата сериозно е сфатена во општината Врбас. Откако опасниот црн пантер, по кого во Србија се трага веќе 17 дена, повторно е забележан во Срборбан кај Врбас, Општинскиот штаб на Врбас за вонредни ситуации одржа специјална седница.

По вестите дека пантерот за само неколку дена поминал 80 километри и се движи кон потоплите краишта, при што следната дестинација можеби е Македонија, вечерва седница одржа и Кризниот штаб на општина Куманово. Како што објави Плусинфо на седницата присуствуваа сите надлежни служби, вклучувајќи и претставници на Здружението на ловџиите.

По седницата, градоначалникот Максим Димитриевски даде куса изјава за медиумите:

Во рамките на проектот „Отворен Балкан“, ние сме постојаната комуникација со нашите колеги од Врбас. Од Ветеринарниот факултет во Скопје добивме известување дека црниот пантер навистина во принцип се движи кон потоплите краишта. Очекуваме Србија, како и за време на пандемијата и во енергетската криза, да ни пружи помош, на тој начин што братските српски општини ќе се фатат во костец со опасниот пантер пред тој да стаса на нашата северна граница. Но, дури и да стаса, нема простор за паника. Иако централната власт на чело со СДСМ веќе подолго време покажува неспособност да се справи со вакви кризни ситуации, ве уверувам дека Куманово и јас сме спремни да се соочиме со големиот предизвик – рече тој.

Македонија

Најубави ! “За Гоце, за МАКЕДОНИЈА” – грмнаа учениците од ООУ “Гоце Делчев” во Прилеп

Published

on

Ученици од ООУ “Гоце Делчев” Прилеп и нивниот наставник Трајче Каралиоски, на посебен начин ја одбележаа 151 годишнината од раѓањето на најголемиот македонски великан.

“За Гоце, за Македонија”, извикаа учениците и заиграа оро на убава македонска песна.

Continue Reading

Македонија

Пратеник за инцидентот на граница: Напад на полицаец е напад на државата

Published

on

Пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски се огласи на социјалните мрежи по инцидентот кој се случи на граничниот премин Деве Баир, во кој тројца бугарски државјани беа уапсени, откако со часови ги напаѓаа македонските полицајци.

„Државата функционира доследно и професионално,напад на полицаец е напад на државата. Приведени тројца бугарски државјани на Деве Баир кои со часови провоцираа. Македонското достоинство се брани со чест, однос и професионалност. И пак ќе кажам Гоце Делчев не го заслужува овој циркус од провокаторите нека ти е вечна слава даскале“, напиша Костовски на ФБ. 

Continue Reading

Македонија

Бугарин на Деве Баир: „Си го продадовте името за 5 чрвени на Грците!“

Published

on

Тензично беше денеска на граничниот премин „Деве Баир“, каде падна системот за контрола и во моментот се работи на негово оспособување.

Бугарски државјани кои утрово тргнаа кон Скопје за да се поклонат на гро бот на великанот Гоце Делчев, не можеа да влезат во државата, по што избија и тензии и кавги со граничните полицајци.

Најгласен е претседателот на бугарската фонцдација „Македонија“ Виктор Стојанов, кој објави видео од инцидентот. Во него се слушаат навреди кон македонската полиција, која смирено им вели да се повлечат.

Си го продадовте името на Грција за 5 стотинки, викаше еден од нив.

Видеото погледнете го со клик ТУКА.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк