Netflix објави дека документарната серија за принцот Хари и Меган Маркл ќе биде објавена на 8 декември.
Најавено е дека серијата ќе содржи досега невидени детали за нивната љубовна врска, како и приказните на членовите на нивното семејство и пријателите. Тизерот кој го најави документарецот покажа моменти на Хари и Меган кои јавноста никогаш не ги видела, како фотографии од нивниот дом во Монтесито и фотографии од кралската венчавка.
Сепак, една фотографија го разбесни тимот на Твитер.
Додека Меган и Хари зборуваа драматично во тизерот за тоа како „никој не знае што се случува зад затворени врати“, се појави фотографија на која Меган изгледа како да плаче со рацете на лицето, со ќебе Хермес зад неа на фотелјата. Ќебето чини околу 3.000 долари.
Nothing more heartbreaking than seeing Meghan in tears on her $3000 Hermes blanket. But as good fortune would have it – from a producer’s point of view- all being captured for use in the show! pic.twitter.com/lrug2jyeQV
„Таа плаче затоа што сакаше Шанел“, „Оваа жена толку многу сака да биде релевантна, но душо, никогаш не сум плачела покрај ќебенце Хермес“, „Треба да започнеме GoFundMe за да купиме друго ќебе, никој не треба да живее вака“, напишаа твитерџиите.
Додека обожавателите на Хари и Меган се воодушевени од објавата, многу од нивните мразители веруваат дека парот повторно ќе се жали за тешкиот живот во британското кралско семејство.
Иако ја тера 93-та година од животот, баба Трајана многу вешто и без наочари плете волнени чорапи, а ја продолжува и традицијата на производство на домашно сирење. МИА деновиве ја посети во нејзиниот дом преполн со љубов и позитивна енергија.– Фала и на судбината, се уште ми се гледа. Годините се многу. Се туркам, паѓам, станувам и па одам, заврза таа муабет со нас, а насмевката не се тргна од нејзиното лице, за целото време додека разговаравме.Таа ни откри дека очила носи само по потреба, ама за плетење не и требаат. И самите можевме да се увериме дека плете квалитетно, не испушта ниту еден котелец.Потекнува од кавадаречко Страгово, познато сточарско село прочуено по производството на квалитетно сирење. Занаетот за подготовка на сирење со извонреден квалитет, го научила од нејзината мајка. Уште кога била дете. Со години тој занает и тајната за правење на сирење за прсти да излижеш, се пренесуваат, како аманет во семејството. Педесет и трета година, како живеат во Неготино. За неа, велат дека со децении, ги радувала муштериите со млеко и вкусно сирење, вкус што се памети и за кој се прераскажува.
Скромната жена ни кажа дека нејзините родители, браќа и сестри, не биле многу долговечни како неа.– И од тија и од тија сој, по мајка и по татко, само ја су вака со повеќе години, коментираше таа.Самата смета дека долговечноста и се должи на здравата исхрана. Целиот нејзин живот одгледувале најпрвин овци, па крави, сега се уште кози. Домашно месо, млеко. Си правеле јајчаник, зелник, баник, масленица. Или, како што рече таа, ништо купечко, ништо вештачко.Сега одгледуваат седум кози и единасесетина јариња, колку да ги задоволат потребите на поширокото семејство.– Пијме млеко козјо и децта пијат. Угу иама домашно млеко. Порано, продаваме сирење и на пазарот. Ако ме нема на пазарот, дома идеа по сирење, откри оваа супер бабичка.Девет години е без сопругот. Ја зема неговата пензија, бидејќи таа целиот живот била домаќинка и сточарка. Има три деца, пет внуци и 10 правнуци. Задоволна е што се уште може да гледа и да слуша, што ја држи умот и помнењето. Витална е, за разлика од многу други на нејзина возраст. Самата се пере, си ја чисти собата. Огнот сама си го „вал“, а го „вале” дури и огнот на помладите во семејството, внуката и внукот со децата. Никогаш не пушела цигари. Не пие ниту ракија, ниту вино, иако живее во најголемиот и најпознат лозаровинарски регион во државата, Тиквешкиот.Вистинска домашна атмосфера владее во домот на Петрови. Шпоретот на дрва не само што топли, таа топлина дава некоја посебна магија што потсетува на детството. Циглата на плочата од шпоретот што се топли, како да зборува за едно минато време кога постарите ја вжештуваа, за да си ја натоплат половината во студените зимски денови. А тенџерето, тенџерето секогаш мистериозно како да се насмевнува, бидејќи само тоа најдобро знае дека најдобриот зачин во кујната е токму љубовта. Најслатко е јадењето зготвено со многу љубов и посветеност.Убаво си помуабетивме со една од најстарите неготинки, па и тиквешанки. Ја фотографиравме како плете. Последните волнени чорапи ги сплетила деновиве, за брзо време, да ги топлат нозете на внукот, додека бере дрва во планината. Долго ни раскажуваше за времињата поминати, за сплетените елечиња, џемпери, за миговите кога правела домашен сапун, ткаела на разбој килими, јамболии, кога деновите и поминувале во друштво со кросното, преѓата, вретеното.– Мачно се живееше, синко. Жнеј, копај, врши, се рачно и мачно, евоцираше спомени старицата.Животните предизвици и битки за подобро утре, оставиле бразди на нејзиното лице и раце. Се присети како во нејзино време, најголем дел од девојчињата не ги пуштале да се школуваат после четврто одделение, оти требало да се учи во друго село. Тие морале да работат, за да им помагаат на родителите да го прехранат семејството. Многу пати се случувало женските деца интензивно да работат, додека машките продолжуваат да се школуваат.
На овие години таа и е од голема помош на нејзината внука. Го надгледува ручекот, се грижи за малолетните правнуки, кога не се на училиште и градинка, а кога родителите им се отсутни. Но, истовремено, таа е бескрајно благодарна на наследничката што и го носи името, бидејќи во староста, може да се потпре на неа. Заедно го пијат и кафето.Со многу милост во гласот но и гордост, нагласи дека спечалиле многу во животот, но, семејството е нејзиното најголемо богатство.Посебно се гордее со правнуките коишто се вртат околу неа, ја гледаат како плете, крадат што се вели од мајсторлукот. Марија, Симона, Стојне, Божица. Со радост и нестрпливост ги чекаат нејзините приказни крај шпоретот. Таа раскажува, а звукот од дрвата што горат, како да е некоја пропратна музика на секој нејзин збор.Како да има некоја посебна поврзаност помеѓу највозрасниот и најмладиот член во семејството. Можеби тајната за тоа лежи во фактот што и бабата и правнуката Марија која догодина ќе биде прваче, се родени тука некаде, во месеците септември и август.Немам, одговори на прашањето баба Трајана, дали можеби има договор со судбината, колку долго да живее. Колку е пишано, толку, рече.И не е важно колку ќе живее. Важно е дека е опкружена со внимание, а таа шири позитивна енергија наоколу. Нејзините наследници, ќе има по што да ја споменуваат и да се сеќаваат на неа. На жената што и во десетата деценија од животот и пркоси на староста. Другарувајќи со иглите и конецот, плете и убави моменти, по кои ќе се сеќаваат на неа. Секој би посакал таква баба
Едвин Кастро (30) важел за надежен спортист, играл бејзбол и фудбал за своето средно училиште и верувал дека ќе добие стипендија и ќе направи успешна спортска кариера. Сепак, не одело сè како што планирал.
По средното училиште не добил стипендија, па се запишал на архитектура и почнал да работи за да го издржува семејството. Не успеал да стане успешен спортист, но сега сигурно не жали.
Среќата конечно му се насмевнала и животот целосно му се променил. На почетокот на ноември минатата година купил лото тикет и станал среќниот добитник на дури две милијарди долари на „Powerball“, што е најголемата добивка во историјата на лото игрите во Соединетите Американски Држави.
Edwin Castro splurged on the Hollywood Hills mansion less than 30 days after his record-setting $2.04 billion lottery win was first announced on Valentine’s Day, https://t.co/EGIiEE6KOQ