Паметам (не е толку далечно минато) кога јас и мојата генерација бевме оценувани и вреднувани по две основи:
– Оценки, т.е знаење и – Поведение, т.е однесување. За жал, денес дел од родителите се фокусирани САМО детето да им биде еден (обичен) одличен ученик.
Поведение — што е тоа!? …па и од друга страна, не е ни важно. „Само детето да ми помине со сите петки“. Ова, за жал, се зборови кои сум ги слушнал од некои родители.
Вие, драги родители, Вашите деца не ги запознавате со:
– Етика
– Почит (во вистинска смисла на зборот)
– Натпреварување и победување со квалитет (а не со „снаоѓање и фаќање врски“).
Ова, почитувани родители, се вредности кои и тоа како се учат во земјите со кои сакаме да се „дружиме“.
Да, зборувам за престижните земји – членки на ЕУ.
Вашите разгалени деца се одраз на вас, почитувани разгалени родители. Пријатен ден! – пишува наставникот Бумбароски.
