(Видео) Папата плачеше на молитва кога ја спомна Украина

Папата Франциско плачеше додека зборуваше за страдањата на украинскиот народ за време на молитвата на Шпанските скали во Рим, објави „Ројтерс“.

Во моментот кога зборуваше за Украинците, гласот на папата затрепери и мораше да застане околу 30 секунди, наведува британската агенција.

Pope weeps for Ukraine

Кога неколку илјади собрани, меѓу кои и претставници на црквата и обични верници, сфатија дека папата го совладаа емоциите, почнаа да му аплаудираат, охрабрувајќи го да продолжи со говорот.

По долга пауза, поглаварот на Римокатоличката црква ја продолжи молитвата, пренесе „АП“.

„Денес сакав да ја споделам со вас благодарноста на украинскиот народ“, рече папата пред да го прекине својот говор обземен од емоции, по што продолжи:

„Наместо тоа, уште еднаш морам да ви ги пренесам молбите на децата, постарите, татковците и мајките, младите од оваа напатена земја, која толку многу страда“.