Connect with us

Македонија

Пендаровски: Апсолутно не постои начин од Македонец да направиш Бугарин

Модифицираниот француски предлог, поради кој се поделивме до невидени граници, предизвика бројни контроверзии, но, сите беа директно или индиректно поврзани со стравот од идентитетска закана, за Македонците и македонскиот јазик. Реферирајќи на тезата дека само како Бугари можеме да влеземе во Европската Унија, сакам да потенцирам дека апсолутно не постои начин од Македонец да направиш Бугарин, нагласи денеска претседателот Стево Пендаровски при годишното обраќање во Собранието.

Осврнувајќи се на масовните протести што се одржаа во текот на летниот период поврзани со таканаречениот „француски предлог“, за кој рече дека денес е европска преговарачка рамка, Пендаровски нагласи дека беше создадена атмосфера на жестоки политички тензии во земјата и перцепција во дел од јавноста дека тоа е судбинска дилема да се биде или не за нацијата и државата и дека наводно носиме одлука која ќе ја дефинира судбината на идните генерации Македонци и македонски граѓани

– Тоа се два различни идентитетски кодови, два различни народа со своја специфична етногенеза. Во историјата нема таков пример, со договор да му биде сменето националното чувство на цел еден народ, потенцираше претседателот зборувајќи тензиите создадени меѓу Македонците и Бугарите, односно наводното загрозување на нашиот идентитет. И по пет месеци, длабоко сум убеден дека ставот кој го изнесов на 3 јули оваа година дека одлуката да го прифатиме модификуваниот француски предлог не е ниту историски триумф, ниту историски дебакл и денес може да издржи аргументирана критика. При тоа, одбивам да поверувам дека политичка цел или приоритет на претседателот на Франција или на пример, на германскиот канцелар им е да го обезличат македонскиот народ за како Бугари да не внесат во Европа, нагласи Пендаровски.

Пендаровски рече дека практичните чекори по усвојувањето на т.н. „францускиот предлог“ само потврдиле дека формулацијата за македонскиот јазик во рамката била недвосмислена, што, како што наведе, беше јасно потврдено со потпишување на договорот со Фронтекс.

Шефот на државата нагласи и дека во контекст на меѓународно заокружување на македонскиот идентитет, ова беше година на крупен исчекор и со конечното етаблирање на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија во рамките на православната екумена.

– Иако станува за збор за одлуки на верски власти, а ние живееме во секуларна држава, ноторен факт е дека туѓите пропаганди низ историјата, а и денес се обидуваат да ја разнишаат духовната врска на Македонците со нивната црква, потенцира Пендаровски.

Според претседателот на Републиката, таквиот позитивен развој на настаните овозможи и за првпат по повеќе години да се поклониме во манастирот „Свети Отец Прохор Пчински“ на местото каде што се поставени темелите на современата македонска држава.

– Туку, денес не е лошо да се потсетиме накусо каква е нашата грижа, поточно негрижа за македонскиот јазик, дома, во татковината, од каде што тврдам дека потенцијално нѝ доаѓаат поголеми опасности за неговото опстојување, отколку нападите од Бугарија. Дали беше потребно да го чекаме јубилејот 100 години од раѓањето на Конески, за да се соочиме со нашата негрижа за јазикот во јавниот простор, со драстично намалениот број на лекторати и македонисти во светот, со само неколкуте преостанати паралелки со македонски деца кои го изучуваат македонскиот јазик во дијаспората или очајната состојба со младиот наставен кадар кој со години не е обновен на факултетите и институтите по македонски јазик, рече претседателот.

Македонија

Се одржа 38. средба на Заедничката историска комисија: Фокус на новите учебници по историја за основците

Во Скопје вчера и денеска се одржа 38. редовна средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, согласно годишниот план за работа.

На состанокот, македонскиот тим ги достави новите учебници по „Историја и општество“ за петто и шесто одделение, по што се отвори дискусија за идниот пристап и методологијата при разгледувањето на наставните содржини. Темата ќе биде дополнително разработена на следната средба.

Во рамките на состанокот беше потпишан записникот од 31. седница, а продолжија и разговорите за усогласување на текстот од записникот на 32. средба.

„Македонскиот тим преку својот проактивен пристап продолжува да гради доверба и да бара одржливи решенија, засновани на взаемно почитување и признавање на правото на различна историска перспектива,“ се наведува во официјалното соопштение.

Следната средба на Комисијата е закажана за првата половина на декември во Софија, каде ќе продолжат разговорите за усогласување на образовните содржини и препораки.

Continue Reading

Македонија

Алиу: Не сме добиле покана од Владата, но нема да ја одбиеме

Демократската партија на Албанците (ДПА) е подготвена да разгледа можност за учество во Владата, доколку добие официјална покана. Ова денеска го изјави членот на Централното претседателство на партијата, Имер Алиу, по одржувањето на Централното собрание.

„Немаме добиено официјална покана, но не би ја одбиле. Ќе разговараме со сите, вклучително и со Владата“, рече Алиу. Тој посочи дека политичката агенда на ДПА можеби не е идентична со онаа на владејачките партии, но дека дијалог треба да има.

Осврнувајќи се на резултатите од локалните избори, Алиу порача дека поразот на ДУИ не треба да се гледа како „национална трагедија“, туку како политички процес што носи нови обврски за тие кои сега се дел од власта.

„Многу ветувања беа дадени. Сега е време тие да се реализираат. Албанската партија во Владата нема простор за изговори и ќе ја повикуваме на отчетност“, истакна Алиу.

На денешното Собрание, ДПА формираше и Координативно тело кое ќе ги води понатамошните активности на партијата. Партијата најавува дека ќе продолжи да врши притисок и надзор врз носителите на функции и на локално и на централно ниво.

ДПА до локалните избори беше дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ. Лидерот Мендух Тачи претходно тврдеше дека на парламентарните избори таа коалиција била посилна од ВЛЕН, но последните изборни резултати го променија политичкиот распоред меѓу албанските партии.

Continue Reading

Македонија

Кој е Менди Ќира, новиот градоначалник на Струга?

Менди Ќира е новиот градоначалник на Струга

Бизнисменот Менди Ќира е избран за нов градоначалник на Општина Струга како независен кандидат, со поддршка од владејачката коалиција Вреди.

Профил на Менди Ќира

Ќира е основач и управува со компанијата „Трим и Лум“, позната по изградба на станбени објекти во Струга и Охрид. Тој е признат претприемач и со години активен во Стопанската комора на Северозападна Македонија, каде беше претседател од ноември 2022 до јули 2025 година.

Исто така, е сопственик на хотелот „Ембла“ во Струга и претседател на фудбалскиот клуб „Струга“. Во минатото работел како директор во Signa Insurance Group (2003–2009) и како извршен директор во хотелот „Изгрев“ во Струга (1998–2002).

Образование

Ќира студирал земјоделство на Универзитетот во Приштина, Косово, а магистрирал бизнис/менаџерска економија на Универзитетот во Загреб, Хрватска.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг