Connect with us

Свет

Замина од овој свет ФУДБАЛСКИОТ КРАЛ: Едсон Арантес до Насцименто – ПЕЛЕ најдобар на сите времиња

Published

on

Во веста која ја обиколи планетата со брзина на комета, се наведува дека Едсон Арантес до Насцименто, наречен Пеле, најпознатиот Бразилец во историјата, стана легенда откако ја загуби битката со тешката, најтешката болест, со која долго време се бореше, поттикнат од молитви и желби за закрепнување на милиони луѓе од сите меридијани.

Веста за смртта на Пеле ги засени сите други настани – од политика до спорт. Милиони луѓе тагуваат и го оплакуваат.

Од оние кои ја имаа честа да си играат со него до помладите генерации кои само ги слушаа заводливите приказни за играчката вештина на Пеле.

Почина Пеле. Кралот на најголемото кралство во светот – тоа на фудбалот. Единствениот крал кој не го наследи тронот, но го доби преку умешноста со фудбалската топка, недофатливиот дриблинг, прецизните додавања и головите за кои се зборуваше и ќе се зборува.

Во веста која ја обиколи планетата со брзина на комета, се наведува дека Едсон Арантес до Насименто, наречен Пеле, најпознатиот Бразилец во историјата, стана легенда откако ја загуби битката со тешката, најтешката болест, со која долго време се бореше, поттикнат од молитви и желби за закрепнување на милиони луѓе од сите меридијани.

Веста за смртта на Пеле ги засени сите други настани – од политика до спорт. Милиони луѓе тагуваат и го оплакуваат. Од оние кои ја имаа честа да си играат со него до помладите генерации кои само ги слушаа заводливите приказни за играчката вештина на Пеле.

Излегување на големата сцена

Црномурестиот Пеле блескаше на Светското првенство во Шведска во 1958 година, каде што пристигна со бразилската репрезентација како седумнаесетгодишник без брада, кој само спорадично беше опишан како „перспективно момче“ во земјата на кафето и фудбалот.

Никој не се надеваше дека таму, под нордиското небо, тоа ветување ќе го преточи во магијата што следеше по неговото крунисување. Прво затоа што не беше закажан за стартниот состав на „кариока“, а потоа и затоа што на „фудбалскиот велесаем“ во Шведска, на шестото светско првенство, пристигнаа најголемите асови од 16 земји – дванаесет од Европа и четири од Америка.

Бразилците не поминаа баш најдобро. Затоа постарите играчи побараа од тренерот Феола да ги направи „првите 11“ малку помлади.

Со вметнувањето на Пеле и малку постариот Гаринча се формираше атомски налет на Бразилци, „клучот“ за нивниот успех на тој Мундијал: Гаринча, Диди, Вава, Пеле и Загало. Вреди да се потсетиме на фактот дека Бразил со Пеле и Гаринча никогаш не беше поразен.

Пеле веднаш ја искористи шансата, неговата „десетка“ на грбот се „лепеа“ очите од преполните трибини. Во четврт-финалето против Велс го постигна единствениот гол „најдрагиот во неговата кариера“, а потоа следуваше неговата фудбалска рапсодија.

Во полуфиналето ги „погреба“ Французите Рејмонд Копа и Жусте Фонтен, најдобриот стрелец на Светското првенство во Шведска со 13 голови: Бразил победи со 5:2. Пеле постигна хет-трик.

Во финалето се повтори резултатот од полуфиналето, а нова жртва на „кариоките“ беше домаќинот Шведска, кој се радуваше дури на почетокот на играта, кога поведе со 1:0.

Бидејќи тоа беше првото Светско првенство кое се емитуваше на телевизија (во живо за Шведска, одложено за странство), светот имаше задоволство да ужива во магиите на Бразилците, од кои најимпресивно беше тоа што Пеле ја префрли топката преку цебтархалф и ја испрати во мрежа. Тоа беше еден од неговите два гола на блескавиот бал  со„топка“ на првенството, каде беше прогласен за најдобар играч.

Англискиот „World sports“ напиша дека гледачите ги триеле очите и се прашувале дали вонземјани играат против слабите Швеѓани.

Младиот Пеле, најмладиот учесник во финалето на светските првенства, најмладиот стрелец во финалето и најмладиот освојувач на „златната божица“ својата неизмерна радост ја зачини со солзи. Плачеше на рамениците на соиграчите. Плачеше како дете, кое всушност беше во Шведска. Имаше 17 години и 289 дена.

Патувањето на Светското првенство беше негов прв пат надвор од Бразил.

„После финалето, поминав непроспиена ноќ, размислувајќи за своите дома“, рече тој подоцна. Други, ширум светот, зборуваа и пишуваа за сиромав црн човек кој се издигна меѓу ѕвездите. За кралот избран од фудбалски луѓе.

Солзите на Пеле во Шведска

Славата му дојде ненадејно, но не го опи, ниту тронот го одвои од обожавателите. Ниту тогаш, ниту многу подоцна, со што ја задржа својата харизма. Постојаната насмевка стана негов заштитен знак.

Не треба да заборавиме дека тој еднаш ја прекина војната: Нигерија и Биафра склучија примирје за луѓето во Лагос да го гледаат како игра кралот на фудбалот со нивната боја на кожа.

Татковите солзи

Пеле е роден на 23 октомври 1940 година. Во сиромашен кварт на периферијата на градот Трес Карасиос (Три срца) во јужната бразилска држава Минас Жераис, подеднакво оддалечено од Рио и Сао Паоло. Името Едсон го добил по американскиот научник Томас Едисон, бидејќи неговото семејство изразило благодарност што добиле струја една година порано.

Неговиот татко Жоас Рамос до Насименто Дондињо играл фудбал. Полупрофесионален и не многу забележлив. Но, тој бил страстен вљубеник во најпопуларната игра, која му ја пренел на својот син. Поразот на Бразил од Уругвај, во финалето на Светското првенство во 1950 година, на Маракана, го дочека скршен и уплакан.

„Тато, не плачи. Јас, еден ден, ќе го освојам светското првенство за тебе“, го тешел  деветгодишниот Едсон.

Момчето го исполни ветувањето на Светското првенство во Шведска, а потоа уште два пати. Како ниеден друг играч пред или после него.

Сепак, тоа не беше се. Во својата 21-годишна професионална кариера освои вкупно 29 различни трофеи. Тој беше државен и светски шампион во клупски фудбал, а експертите го прогласија за најдобар фудбалер на 20 век.

Речиси целата своја кариера ја помина во Сантос, каде пристигна на 15-годишна возраст, пред се благодарение на поранешниот репрезентативец Валдемир Брит: искусниот ас додека го тренираше, препозна редок скапоцен камен.

Долг беше списокот на клубови кои по Светското првенство во Шведска му понудија „кули и градови“ да им се приклучи: Интер, Барселона, Реал, Манчестер Јунајтед…

Сопственикот на Јувентус и „Фиат“ Џани Ањели му вети дека ќе има удел во сопственоста на неговата фабрика, доколку дојде во Торино.

Во страв да не го „изгубат“, Бразилците во 1961 година донесоа закон со кој Пеле го прогласија за национално богатство. Тоа значеше дека тој може да замине во странство само со дозвола на владата.

А секоја влада, се разбира, многу добро знаеше дека ако издаде таков Сертификат, брзо ќе и одѕвони и дека сите нејзини членови ќе се соочат со непредвидливите санкции на темпераментните фудбалски навивачи.

Крал на фудбалот

Четири години по Шведска, Бразил повторно беше светски првак. Благодарност, пред се, на брилијантните изведби на виорот Гаринча. Пеле не играше многу поради повреда и нападите на грубијани кои ќе го следат до крајот на кариерата.

На Светското првенство во Англија тој помина уште полошо, бидејќи неговите ривали не сакаа да ја толерираат неговата генијалност: го тепаа како во истражен затвор. Прво Бугарите, па Португалците, кои до триумфот над Бразилците стигнаа со „осакатување на Пеле“.

Кралот тогаш, депресивен од количината на прекумерна употреба на сила, која ја убива убавината на фудбалот, изјавил дека повеќе нема да игра на светските првенства.

Се пишуваше дека за таа изјава придонеле првите „пацки“ кои ги добил дома. Тие го критикуваа дека не го кренал гласот против бразилската диктатура.

„Не разбирам политика, само сакам да играм фудбал, бидејќи таму јас најмногу правам за мојата земја“, се бранеше тој.

 покрај тоа, тој отиде на Светското првенство во Мексико, негово последно, и им го донесе на Бразилците првото место.

Во серијата одлични партии, најблескав му беше оној во финалето против Италија, за победа од 4:1. Тој постигна еден гол со глава, а потегот на играта беше неговото „невидено“ додавање до Карлос Алберто, кој од работ на шеснаесетникот ја „скина“ мрежата на „аѕурите“.

Италијанскиот халф Бургнич вака опиша еден воздушен дуел со Пеле:

„Заедно скокнавме на топката, кога се приземјив тој сè уште беше во воздух“.

Кралското збогување на Светското првенство беше кралско – тој беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

Илјадитиот гол

Според официјалната статистика, Пеле постигнал 1.282 гола на 1.366 натпревари. Повеќе од кој било друг фудбалер насекаде во светот. Ја тресеше мрежата со двете нозе, но често и со глава иако беше висок само 174 сантиметри.

Неговиот 1.000 гол беше опишан и телевизиски „милион пати“ од повеќе причини.

Тој го постигна од пенал на неговиот натпревар на Сантос против Васко де Гама на 19 ноември 1969 година. Се фемкаше да биде изведувач, но го натераа сто илјади гледачи на Маракана, кои го бодреа неговото име, а поддршка му дадоа и противничките играчи.

Кога ја погоди мрежата, втрча во голот, ја зграпчи топката и – заплака.

Набрзо тој беше опкружен со навивачи, фоторепортери и новинари, па натпреварот беше прекинат на половина час.

Паузата ја искористи да апелира до публиката да им помогне на децата, болните и беспомошните, што подоцна го направи како познат хуманитарец. По натпреварот тој призна дека со тој пенал „првпат во кариерата почувствувал нервоза“.

Потеклото на неговиот прекар Пеле е поврзано со клубот Васко де Гама.

Ова наводно се случило бидејќи малиот Едсон погрешно го изговорил името на голманот на тој клуб, кој се викал Бибе, нарекувајќи го Пеле.

Интересно е и тоа што „пеле“ на хебрејски значи „чудо“.

А Бразилецот Пеле беше навистина чудо. И тоа во смисла на фудбалски недостижен, иако по неговото „пензионирање“ имаше тврдења дека го надминаа некои помлади, прво Кројф, па Марадона.

Во поново време Роналдо и Меси почнаа да се мерат со него. Кога Марадона еднаш изјави дека е најдобар „на сите времиња“, Пеле реагираше со „закачка“:

„Ме интересира само колку голови постигна Диего со десна нога и глава“.

Пеле и Марадона во 1987 година.

Пеле VS Мето: Спасовски е единствениот Македонец кој му дал гол на Бразил со Пеле и тоа на “Маракана“!

Мето Спасовски е еден од гигантите на мак – фудбалот. Мето е единствениот Македонец кој му да гол на Бразил со Пеле и тоа на „Маракана“. Ова како повод на заминувањето на Кралот.

Но ајде да се навратиме на 17 декември 1968 година.

Рио де Жанеиро, „Маракана“, пред околу 100.000 гледачи во пријателски натпревар се сретнале Бразил со кралот на фудбалот Пеле, и селекцијата на тогашна Југославија, за која како стартери биле Мето и Кире Дојчиновски.

Домашните фанови уште не седнале на столчињата на славната “Маракана“ кога Мето, момчето Македонче од  Скопје, го тресе Бразил во 6.минута за водство на Југославија од 1:0. Тој гол можете да го видите во 25 секунда од приложеното видео. Тоа е тоа, Мето засега е единствениот Македонец кој му дал гол на Бразил, и тоа на “Маракана“. Тој натпревар завршил со резултат од 3:3. Останатите два гола за Југославија ги дале Џајиќ и Букал, додека за силниот Бразил, кој по две години во Мексико со таа генерација ќе стане и светски првак, стрелци биле Карлос Алберто, Пеле и Кавења.

За Бразил настапиле: Пауло Пикасо, Карлос Алберто, Де Фреитас, Диас Бранко, Евералдо, Жерсон, Ривелињо, Тостао, Силва Лемос, Пеле и Еду. Овој последниот играше во Штип на простувањето на Шекуларац  во 1978 година. Во игра влегле и Силвеира, Карлос Скала, Дирсеу Лопес, Кавења или попознат како Баба.

За Југославија пак играле: Чурковиќ, Цвек, Грачанин, Павловиќ, Дојчиновски, Холцер, Спасовски, Белин, Мусемиќ, Ачимовиќ, Џајиќ. Играа и: Тешан и Букал, а селектор бил Рајко Митиќ.

Уште еднаш драги читатели, уживајте во видеото и во голот на Мето кој пред 54 години му дал гол на Бразил и тоа на “Маракана“.

Проштален натпревар со Југославија

Својата официјална проштална игра ја одигра во 1971 година, иако играше и после тоа. Самиот ја избра својата лебедова песна да биде пријателски натпревар помеѓу Бразил и Југославија, која ја сметаше за „европски Бразил“, пред се поради Шеки и Џаја, чии квалитети многу ги ценеше и со кои се дружеше.

На Маракана во Рио имаше повеќе од 160 илјади кои навиваа и плачеа за негово збогување.

Југословенскиот репрезентативец Мирослав Павловиќ, кому му беше доверено да го „чува“ Пеле, подоцна често зборуваше за тој предизвик:

„Селекторот Бошков ни ги „нацрта“ сите негови вештини, вклучително и начинот да туркање на топката низ нозе, но од тоа немаше никаква корист. Едноставно затоа што правеше сè со таква брзина и непредвидливост што, најчесто, беше незапирлив“.

Сепак, резултатот беше почесен за тогашните „Сини“ – 2:2.

По „главниот“ дел од кариерата, Пеле премина во њујоршкиот „Космос“, заедно со Бекенбауер, Италијанецот Кинаља и Владислав Богиќевиќ.

„Целта беше да се промовира фудбалот во САД, па со задоволство го прифатив тој предизвик“, им објасни тој на новинарите пред да ги „полуди“ Американците со играта.

Бидејќи таму успеа да стигне до шампионската титула, реши дефинитивно да се збогува со фудбалската топка која му донесе неизмерна радост, пари и слава, претворајќи го во божество. На неговото ново збогување, во Њу Џерси, играа Космос и Сантос.

Потоа беше активен на неколку нефудбалски терени. Тој стана министер за спорт на Бразил, глобален амбасадор на ФИФА, добитник на Меѓународната награда за мир за неговата работа со УНИЦЕФ, амбасадор на Обединетите нации за екологија и животна средина…

Фудбалското знаење на Пеле, видено на стадионите ширум светот, придонесе и за силен пораст на продажбата на бразилските фудбалери, кои претходно беа помалку барани во Европа од Аргентинците и Уругвајците. Тој, тврдат многумина, го трасираше патот до големите европски кариери на Диди, Ромарио, Роналдо, Ривалдо, Роналдињо, Кака, Нејмар…

Она за што некои го критикуваат Пеле е фактот што верноста кон фудбалот не ја префрлил на брачниот живот.

Се женел три пати и имал многу емотивни врски во кои се раѓале деца, па не се знае точно колку потомци има.

Се пишуваше и дека „никогаш не му паднала паричка од џеб“, а се зборувало дека не отишол на погребот на неговиот долгогодишен соиграч Гаринци, кој починал во беда, осамен и пијан.

Меѓутоа, убавината на фудбалската игра во неговиот настап го натера да остане запаметен по уживањето што им го пружи на генерации фудбалски фанови на сите континенти.

За него нема заборав. За време на неговиот живот, на познатата Маракана му е подигнат споменик.

(Vecer.mk)

Свет

Бил Гејтс знае што ве очекува во 2024 година

Published

on

Во минатогодишното писмо минатата година, Гејтс напиша за тоа како можноста да стане дедо го натерала да размислува за светот во кој ќе се роди неговата внука, а сега кога всушност е дедо, вели тој, повеќе размислува за светот што ќе го наследи неговата внука.

„Можам да почнам да замислувам: алатките што ќе ги користи, начините на кои ќе остане во контакт со своите најблиски, проблемите што ќе ги решат овие иновации. Сега имаме подобро чувство за тоа какви работи АИ ќе може да извршува сама и за кои ќе служи како копилот. И појасно е од кога било како вештачката интелигенција може да се користи за да се подобри пристапот до образованието, менталното здравје и многу повеќе. Ме мотивира да се уверам дека оваа технологија помага да се намалат ужасните нееднаквости што ги гледаме ширум светот. Отсекогаш цврсто верував во моќта на иновативноста да му понуди на секое дете еднаква шанса да преживее и да напредува. Вештачката интелигенција не е исклучок“, стои на почетокот на текстот на Гејтс објавен на неговиот блог.

Тој потсети дека раните години на новиот век биле такви што ретко кој имал и знаел да користи компјутер, додека сега речиси сите имаат. Кога станува збор за вештачката интелигенција, ситуацијата сега е слична, смета Гејтс, додавајќи дека човештвото е на крстопат.

„Се разбира, вештачката интелигенција е далеку од единственото нешто што ја дефинира 2023 година. Милиони и понатаму доживуваат неподнослива тага како резултат на руската војна против Украина и последиците од војната во Етиопија. Моето срце е скршено од континуираното страдање на Израелците и Палестинците, како и на народот на Судан. Во исто време, се повеќе луѓе се принудени да страдаат како резултат на почестите екстремни временски настани предизвикани од климатските промени. И семејствата ширум светот и понатаму се тешко погодени од зголемената инфлација и бавниот економски раст“, ​​истакнува Бил Гејтс.

Тој понатаму оценува дека претстојат предизвикувачки времиња, но Гејтс вели дека останува оптимист за иднината.

„Брзината на иновациите никогаш не била поголема. Ние правиме голем напредок во решавањето на тешките проблеми – како што се Алцхајмеровата болест, дебелината и српестата анемија – кои ќе го подобрат животот на милиони луѓе“, продолжи тој.

Тој потоа ги објасни причините за неговиот оптимистички поглед на 2024 година:

Како што изјави, „иновативноста е клучот за напредокот“, поради што, додава Гејтс, го основал Мајкрософт.

Потсети дека иновациите се причината зошто нашите животи толку многу се подобрија во текот на изминатиот век. Од електрична енергија и автомобили до лекови и авиони, иновациите го направија светот подобро место.

„Денес сме далеку попродуктивни поради ИТ револуцијата“, додаде тој. Тој, исто така, потсети како научниците дошле до нови начини да направат вакцини кои се побрзи и поевтини, но исто толку безбедни. Потоа развија нови механизми за испорака кои работеа на најоддалечените места во светот.

Развојот на вакцините ја намали смртноста на децата, а неговата фондација продолжува да ги финансира сите релевантни истражувања. Сега на сцена стапува вештачката интелигенција, чиј напредок и мешање во медицинските откритија допрва треба да се очекува.

„Иновациите се причината поради која нашите животи толку многу се подобрија во текот на минатиот век. Од струја и автомобили до лекови и авиони, иновациите го направија светот подобро место“, напиша Гејтс на својот интернет блог.

Continue Reading

Балкан

(Видеo) Драма во Албанија: Гори 12-катница, 40 лица се заробени во становитe

Published

on

Пожар денеска избувна во Лушња, Албанија, а се сомневаат дека околу 40 лица се заробени во становите во 12-катница, јавува Балканвеб.

Градските пожарникари со поддршка на противпожарната служба во Тирана работат на гаснење на пламенот и евакуација на станарите од зградата.

Се сомнева дека пожарот најпрвин избувнал на третиот кат, кој служи како трговски центар, во објект во кој се продаваат чевли, а потоа се проширил на целиот центар.

Десетици луѓе се пренесени во болница за вдишување чад, а нема информации за жртви.

Continue Reading

Свет

Роденденската торта на Бајден е хит на социјалните мрежи (Фото)

Published

on

Американскиот претседател Џо Бајден неодамна го прослави својот 81 роденден, а фотографијата на која позира со торта стана тема на бројни шеги и мемиња на социјалните мрежи.

Имено, Бајден насмеан позира покрај роденденска торта на која беа запалени 81 свеќи. Со оглед на тоа што ги имаше толку многу на мал простор, свеќите се споија во голем пламен, а за тоа се пошегува и самиот американски претседател. „Благодарам на сите за роденденските желби. Излезе дека ви снемува простор за свеќи на вашиот 146-ти роденден“, напишал тој во описот, а следбениците брзо се огласија во коментарите.

„Кој решил да се пошегува за својата возраст, треба да добие покачување“, „Дали таа торта треба да ја претставува Америка денес?“, „Дајте му покачување на неговиот асистент на социјалните мрежи“, „Оваа торта изгледа како неговата крајна дестинација“, „Толку си стар што ти гори логорски оган на тортата“, се дел од коментарите, а реакциите се појавија и на Х.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк