Македонските ракометари денеска го започнуваат својот настап на Светското првенство, а среќа им посака од ФФМ.
-Се чини дека оваа година започнува нова ера за македонската ракометна репрезентација. Зад нас оставивме големи имиња на големи натпреварувања. Погледот напред нуди нови амбиции. Да се надеваме дека во „ДНК-то“ на оваа репрезентација ја има таа важна карактеристика – „знаат да победуваат“. Со среќа на натпреварите од Светскиот ракометен шампионат, порачаа од Фудбалската федерација на Македонија.
Македонските ракометари вчера одржаа тренинг во Таурон Арена, каде вечерва од 20:30 часот против Норвешка го играат воведниот натпревар во групната фаза, на својот осми настап на мундијалските турнири, а шести во серија.
За дуелот против фаворитот во групата Ф, според најавите, избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе имаат голема поддршка од македонските навивачи на трибините на Таурон Арена со капацитет од 15.000 седишта.
Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, кој викендов по третпат го освои Европскиот шампионат за ридско-планински трки, беше пречекан дома со факели, овации и македонски знамиња.
Трократен Европски Шампион! За мојата Македонија,за мојот народ! 2014/2015/2023! Бидете горди, испишавме нова историја!!!, порача Иџе по освојувањето на трофејот.
Новак Ѓоковиќ во спектакуларно финале во три сета славеше против Карлос Алкараз на турнирот во Синсинати. Оваа победа за Ѓоковиќ донесе и многу емоции, а тоа можеше да се заклучи и од начинот на кој прослави.
Српскиот тенисер до победата дојде по голема борба и спасена меч топка и токму затоа ова финалето ќе остане запаметено како едно од најдобрите во историјата. По победата Ѓоковиќ легна теренот, а потоа и ја искина маицата која ја носеше.
Треба да се каже и дека со три часа и 50 минути ова финале е најдолгиот меч во историјата на турнирот во САД.
Eден од најчудните пенали во историјата на фудбалот се случи синоќа во натпревар од Конференциската лига меѓу Гленторан од Северна Ирска и Гзира од Малта.
Гостинскиот голман го одбрани ударот, почна да се радува и избега од петерецот но топката сепак се дотркала до голот и заврши зад линијата.
Проверете дали е ова најчудниот пенал во историјата на фудбалот?