Connect with us

Скопје

Џамбаски безобразно среде Скопје: „Да живее бугарска Македонија“!

Published

on

Околу стотина поддржувачи на делото на револуционерката Мара Бунева денеска се собраа на кејот на Вардар во центарот на Скопје.

На одбележувањето на 95-годишнината од смртта на Бунева, присустуваа и бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски, како и членови на бугарската Фондација „Македонија“.

-Вечен спомен на Мара Бунева и на сите познати и незнајни херои кои го посветија и го дадоа својот живот за каузата за слободна бугарска Македонија и обединета Бугарија. Им благодарам и им честитам на сите бугарски националисти, патриоти и патриоти, од сите политички, младински и културни и просветни организации, со кои денеска бевме на кејот на Вардар, во одбрана на македонските Бугари. Да живее обединетата и неделива бугарска нација, од Охрид до Црно Море и од Дунав до Бело Море. Да живее бугарска Македонија. Да живее Бугарија!, ни порача Џамбаски од центарот на Скопје, пренесе ФОКУС.

Скопје

Каков народ, таква елка на плоштад… (Фото)

Published

on

Елката во Скопје иако крива, но и недокитена – стана популарната во Македонија. Ги засени сите декорации направени во другите делови од Македонија, но и другите општини во Скопје. Никој не знае зошто не е целосно украсена, а ниту која е фирмата која ја поставува за што ќе треба да платат скопјани. За нејзината популарност зборуваат бројните коментари и фотографии со неа.

„Каков народ, таква елка на плоштад: сиромашен, ужасен, грд за гледање“, стои во коментар на „Х“.

Да видиме што велат граѓаните:

Continue Reading

Скопје

О.У. Песталоци во тишина: Прости ни Вања, не знаеме како да се поздравиме…

Published

on

Тага и молк во основното училиште на убиената Вања Ѓорчевска. Во Ј.Х.Песталоци отворена книга на жалост. Се потпишуваат родители, познаници, но и соученици.Наместо детски џагор, тишина низ школскиот двор.

-Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања.
Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме…
Нека ти биде светол патот кон вечноста! Твојата насмевка и искрена душа засекогаш ќе останат во нашите срца.
Со неизмерна болка и љубов, твоите наставници и соученици, најмила Вања!- стои во објавата.

Continue Reading

Македонија

Умре и Флопи – Зоолошка Скопје остана без жирафи

Published

on

Умре и третата жирафа во скопската Зоолошка градина Флопи. Како што дозна САКАМДАКАЖАМ.МК од  вработени во градината, единствената жирафа која остана во градината починала вчера попладне.

Сега во градината нема ниту една жирафа. Во мај годинава умре Каспер, а во јануари 2021 година Тобого.

Жирафите Тобого, Каспер и Флопи беа омилените жители на посетителите во скопската зоолошка градина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк