(Видео) Бугаризација? Бугарската Фондација дава 100 евра за фаќање на крстот во Пустец

Со пари Фондацијата Македонија ги побугарчува Македонците. Фондацијата на шовинистот Виктор Стојанов на својот Фејсбук објави дека ќе дава 100 евра за оној кој ќе го фати крстот во Преспа.

-Фондацијата Македонија и Здружението на млади Бугари во Преспа ќе доделат награда од 100 евра за оној што ќе го фати крстот на празникот Водици во Пустец – на 19 јануари, четврток.

Претходно Фондацијата се пофали дека ќе доделува триесет евра месечно за секое дете што ќе го изучува бугарскиот литературен јазик.

https://facebook.com/story.php?story_fbid=859354138617588&id=100080360561260&mibextid=Nif5oz

„Фондацијата Македонија ќе му понуди на секое дете од Македонија и Србија месечна стипендија од 30 евра доколку студира литературен бугарски јазик“ , напишаа од фондацијата на социјалните мрежи.

Засега нема информации кога, каде и како би почнале курсевите, но во извештајот на Фондацијата стои дека тие веќе формирале училиште и спроведуваат настава.

-„Фондација Македонија формираше училиште на бугарски литературен јазик со име: Бугарско онлајн училиште „Св. Наум Преславски“ со 95 ученици од Македонија на првиот час.“ – Пишува во извештајот на „Фондација Македонија“.

Освен во Македонија „Фондација Македонија“ тврди дека има образовни активности и во Голо Брдо во Албанија и во Гора на Косово.