Connect with us

Спорт

„Не сум ни јас безгрешен, ѝ се извинувам на Фалангата“

Published

on

Кире Лазаров презеде одговорност по поразот од Аргентина, признавајќи дека ова е нашата реалност. Меѓутоа, се осврна и на незадоволството на „Фалангата“, која со свирежи ги испрати од теренот.

Селекторот понуди извинување за лошите претстави и објасни дека таа колку што претставува помош за играчите, толку има право да очекува добар натпревар.

„Морам да ѝ се извинам на Фалангата, дојдоа тука преку 2.000 луѓе. Тие се дел од нас, затоа имаат и големи очекувања. Јас ги разбирам играчите дека ова е еден голем притисок, јас сум го имал тој притисок уште како капитен. Кога ќе свикаат ‘сакаме победа’ 2.000 луѓе пред почеток не им е сеедно на овие млади момци, тие може да признаат, може не, но јас знам дека имаат притисок, за добра претстава, камо ли за победа“, истакна Лазаров.

Дополни дека одговорноста е негова и сега ќе почнат да градат од нула, без очекувања.

Јас преземам одговодност целосно, видовме до каде сме, но сегание мораме да почнеме од почеток и без очекувања, така побрзо ќе се кренеме. Сигурен сум дека ќе го дигнеме нивото за да можеме да парираме на вакви репрезентации. Се надевам дека веќе следното Европско ќе биде доста подобро“, рече селекторот.

Извор: sport1.mk

Македонија

Летечкиот Македонец ја слави европската титула, па браво мајсторе (Видео)

Published

on

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, кој викендов по третпат го освои Европскиот шампионат за ридско-планински трки, беше пречекан дома со факели, овации и македонски знамиња.

Трократен Европски Шампион! За мојата Македонија,за мојот народ! 2014/2015/2023! Бидете горди, испишавме нова историја!!!, порача Иџе по освојувањето на трофејот.

Видео: https://fb.watch/n9QvHnH9V8/?mibextid=Nif5oz

Continue Reading

Спорт

Не можеше да ги задржи емоциите: Прославата на Ѓоковиќ по победата во епското финале (Видео)

Published

on

Новак Ѓоковиќ во спектакуларно финале во три сета славеше против Карлос Алкараз на турнирот во Синсинати. Оваа победа за Ѓоковиќ донесе и многу емоции, а тоа можеше да се заклучи и од начинот на кој прослави.

Српскиот тенисер до победата дојде по голема борба и спасена меч топка и токму затоа ова финалето ќе остане запаметено како едно од најдобрите во историјата. По победата Ѓоковиќ легна теренот, а потоа и ја искина маицата која ја носеше.

Треба да се каже и дека со три часа и 50 минути ова финале е најдолгиот меч во историјата на турнирот во САД.

Continue Reading

Спорт

Дали е ова најчудниот пенал во историјата на фудбалот? (Видео)

Published

on

Eден од најчудните пенали во историјата на фудбалот се случи синоќа во натпревар од Конференциската лига меѓу Гленторан од Северна Ирска и Гзира од Малта.

Гостинскиот голман го одбрани ударот, почна да се радува и избега од петерецот но топката сепак се дотркала до голот и заврши зад линијата.

Проверете дали е ова најчудниот пенал во историјата на фудбалот?

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк