За Свети Јован, Претечата и Крстител Господов, се вели дека додека бил жив на земјата не направил ниедно чудо, додека откако заминал на Небесата не престанал да твори чудеса. Сепак, ние со вистинитост ќе кажеме дека самата негова личност, неговото необично, ангелоподобно житие преставува едно огромно чудо Божјо! Образ на воздржанието, на девственоста, на покајанието и на чистотата од страстите преку испосништвото и молитвата, Свети Јован се покажал како „ангел во тело“ и „телесен ангел“, како тајноводец во тајните на монаштвото, но и на добродетелниот христијански живот воопшто, кој нè подготвува за патот Господов.
Бигорската чудотворна икона на Свети Јован Претеча и Крстител
Овој светилник на Сонцето на правдата – Христос Бог, најславниот од сите пророци, крајот на Стариот и почетокот на Новиот Завет, Претечата и Крстителот Господов Свети Јован, го удостоил и нашиот народ со неговата покајничка и преобразувачка светлина, која веќе илјада години ги осветлува нашите простори преку неговото славно Бигорско Светилиште крај Радика. Во една прилика, за „најголемиот меѓу родените од жена“, нашиот старец и игумен, Епископот г. Партениј, ќе каже:
„Се наоѓам во недоумение дали да ја отворам својата уста и да проговорам нешто за богопрославениот Крстител Господов. Верувајте ми, воопшто не е лесно да се најдат достојни зборови за оној кој од устата Христова ги понесе најголемите пофалби. И навистина, каква пофалба би можел да искаже човек за оној за кого Самиот наш Господ Исус Христос, Синот Божји, рекол: Вистина ви велам: меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јован Крстител (Матеј 11,11)?!
Сведоци сме како гласот на оној, што вика во пустината (Матеј 3,3), и во нашево време повикува со истата моќ и со истата привлечност, како што повикувал и пред две илјади години во пустината крај Јордан. А неговата порака тогаш била сосема јасна и останува таква и до денес. Неговата света и од пост истоштена рака, и сега како и во тоа време, покажува кон Христа, а неговиот трепетен глас на сиот свет триумфално му возвестува: Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе! (Јован 1,29)
Понекогаш, кога зборуваме за некои историски собитија, особено од животот на Црквата, ни се чинат некако бледи, далечни, па тешко можат да го смекнат нашето срце. Така на пример, кога читаме, или се раскажува за времето кога Свети Јован проповедал на земјата; потоа за тоа како тој низ вековите правел безброј чудеса, вклучително и во овој Манастир; за тоа како неговата света икона на чудесен начин самата дошла овде, или како чудно се спасувала секогаш кога Манастирот бил разрушуван и пак се враќала кога бил обновуван – сето тоа, макар и да звучи восхитувачко, може да ни изгледа како нешто далечно. Меѓутоа, да ви исповедам искрено: во овие дваесет и шест години поминати во Манастиров, моите очи видоа многу, навистина многу чудеса на Свети Јован, така што лесно го разбирам неговото чудотворство и добротворство низ историјата. Во повеќе наврати реката Радика сум ја нарекувал нашиот Јордан, бидејќи Свети Јован благодатно присуствува на ова место, како некогаш во јорданската пустина и громогласно повикува на покајание. И стотици, илјадници млади луѓе се одѕвале на неговиот повик и го нашле патот на Евангелието, Го нашле Јагнето Божјо. Не е ли тоа едно најголемо чудо? Не е ли тоа претворање на камените срца во чеда Авраамови?“
(Епископ Партениј, Игумен на Свештената Бигорска Обител)
Од чудотворната бигорска икона на Свети Јован, од лицето на светителот прикажано на неа, се излева, како благодат и дар на Светиот Дух, една несоздадена и незалезна светлина, која носи мир, спокојство и радост. Сето ова ќе го почувствува човек кога со чисто срце и искрена мисла ќе застане пред ликот на Претечата, која со смирено достоинство ги пречекува сите поклоници во Бигорскиот манастир. Зрачејќи, во сребрен, сјаен оков и преукрасена со дарови од благодарност поради многубројните чуда, иконата, како непресушен извор, излева благодат која чудотвори. Исто така, огромно достоинство и благодат за Бигорската Обител, но и за сето наше општество, е честа што Манастирот поседува едно големо парче од чудотворните мошти на Свети Јован, кое се чува во прекрасно изработениот кивот во храмот. Во кивотот, изработен во 1833 година во с. Битуше, покрај моштите на Светиот Претеча, се наоѓа парче од Чесниот Крст на кој бил распнат нашиот Спасител, Господ Исус Христос, а исто така мошти и од: Света Марина, Света Параскева, Свети Евстатиј, Свети Пантелејмон, Свети Јаков Брат Божји, Света Јулита и Свети Кирик, Свети Трифон, Свети Харалампиј и Свети Никита.
Кивотот со светите и чудотворни мошти: на средина Чесниот Крст на Господ Исус Христос; десно од него – моштите на: Свети Јован, Светите Јулита и Кирик, Свети Харалампиј, Свети Никита и Свети Трифон; лево од Крстот – моштите на: Свети Јаков Брат Божји, Свети Пантелејмон, Свети Евстатиј Плакида, Света Параскева и Света Марија
Првото од чудата на Свети Јован во Бигорски е самиот начин на кој иконата му се открила на првиот ктитор на Манастирот, Свети Јован Дебранин, Архиепископ Охридски. Таа, според преданието на манастирот, едноставно лебдела во воздухот над изворот со вода, на чие место денес се наоѓа неговиот главен храм. Чудо било и нејзиното исчезнување во немирните и тешки времиња, низ кои минувал Манастирот. Благодатта што иконата ја носела во себе, ја чувала од погибел и не дозволила таа да биде уништена во неколкукратното пустошење на манастирот. Таа секогаш одново се појавувала, сведочејќи за вечно-живиот дух на Манастирот, кој повторно се раѓал како феникс од своите урнатини.
Јавувањето на Чудотворната икона на Свети Јован Крстител на монахот Јован Дебранин, првиот ктитор на Бигорски, почеток на 11 век.
Така, уште од самиот почеток, иконата не престанала да чудотвори. Неизбројното мноштво намерници, кои пред неа застанале со вера и од срце го помолиле Крстителот, биле услишани, исцелени од болести, утешени. Претечата преку својата икона им доаѓал на помош на сите: стари и млади, болни и здрави, православни и иноверци. Како што се нижеле чудата, така се множеле и даровите пред иконата. Секој дар крие вистинита приказна зад себе. Бројните сребрени медалјони во облик на бебе сведочат дека Свети Јован израдувал многу бездетни родители, дарувајќи им со солзи посакувани рожби.
Како што сребрениот оков ја покрива иконата, така Свети Јован сокрил од нас многу од неговите безбројни чуда, смирено оставајќи само дел, што новото братство се потруди да ги забележи и зачува, како сведоштво за светоста на иконата.
Во продолжение, во серија од неколку написи, ќе објавиме еден мал дел од чудата на Свети Јован случени во Бигорски, почнувајќи со најстарите запишани, од нашите духовни претходници, монасите од 19 век.
Чудото на Свети Јован кога некој бег сакал да го претвори Манастирот во теке
Во 1814 година се случило големо чудо: против Светата Обител се кренал некој силник, којшто имал намера да го разруши Манастирот и да го претвори во теќе. Тоа бил дебарскиот Јусуф-бег. Но на 8 септември Јусуф-бег бил ранет и на 21 истиот месец – умрел. Кога го погребувале, од небото паднал силен град и страшни грмотевици кои погубиле 20 души од луѓето на Јусуф-бег. Исплашени, преостанатите агарјани се разбегале. Така, со застапништвото на Свети Јован Крстител, Манастирот бил спасен од погибел.
Чудото на Свети Јован со болното дете на албанскиот бег
Кон средината на XIX век, Свети Јован му помогнал и на некој турски бег од Албанија, којшто имал болно дете. На бегот на сон му се јавил Свети Јован и го повикал да дојде во Манастирот и да го измие своето дете со чудотворната вода. Бегот го послушал и заедно со детето отишле во Манастирот и направиле како што им било советувано. И ете чудо! Детето било потполно исцелено! На иконата во Манастирот бегот го препознал својот добротвор, Свети Јован Крстител, и од голема благодарност му поклонил на неговото светилиште маслинови полиња кај Елбасан. Долго време Манастирот се снабдувал со масло од овие имоти. Во 30-те години на ΧΧ век, свештеникот Атанасиј (поп Ташко) од село Битуше, којшто во тоа време бил настојател на Бигорскиот Манастир, ги продал овие полиња.
Чудото на Свети Јован кога разбојници го нападнале Манастирот
Друг пат, арнаутски разбојници го ограбиле манастирскиот караван со маски што носеле храна за Манастирот. По тоа злодело, водачот на разбојниците тешко се разболел. Уплашен од казната за овој грев и сметајќи ја болеста како Божја опомена, тој го ослободил караванот и луѓето, а згора на тоа подарил и големо количество масло за Манастирот. Оттогаш никој повеќе не се осмелил да напаѓа или пакости, било на луѓето од Манастирот, било на неговите имоти. Манастирот уживал голема почит и кај друговерците, бидејќи манастирските врати деноноќно биле отворени за сите што доаѓале, без разлика на верата и народноста. Сите наоѓале и наоѓаат потслон и утеха во домот на Претечата.
Свети Јован исцелува жена од тумор во градите
„Јас, Станче Здравковска, пред две години, на бдението на Пресвета Богородица, бев во Бигорскиот Манастир ‘Свети Јован Крстител’. Претходно, според лекарските наоди, ми беше откриен еден необичен оток од левата страна на градите, за кого беше констатирано дека најверојатно станува збор за тумор. Од мојот доктор имав препорака за операција во најбрзо време. Утредента по бдението требаше да одам на мамографија. Меѓутоа, кога отидов на лекар, стручен хирург, се зачуди кога ја виде снимката. Ми рече: ‘Вакво нешто никогаш не ми се случило! Просто, немаш повеќе ништо!’ Му благодарам на Свети Јован Крстител и на мојот духовен старец, Владиката Партениј, кој се помоли за мене пред Чудотворната икона. На Бога слава, амин!“
(Писмо добиено на манастирската електронска адреса на 5 септември 2021 година)
Свети Јован спојува двајца млади и по три години им подарува дете
„Почитувани браќа од Бигорскиот Манастир,
Со особена радост, по повод празникот на Свети Јован Крстител и од пишанијата за неговите чуда, би сакале да пишеме и ние, Горан и Христина Петровски.
Откако се случи моето доаѓање во Манастирот, ги увидов и почувствував убавините и благословот на Свети Јован, особено откако Неговото Преосвештенство, нашиот духовен татко и Владика г. Партениј, ме зеде под негово духовно раководство. Оттогаш мојот живот се промени во целост, започнав да го отфрлам моето старо јас. Преку Манастирот и по молитвите на Свети Јован и со благословот на мојот духовен отец Владиката Партениј, се запознав со мојата сопруга, којашто ја побарав за жена пред чудотворната икона на Крстителот.
Изминаа 3 години заеднички живот во брак и ние постојано посакувавме да имаме дете, но тоа никако не се зачнуваше. Најпосле, нашата желба му ја споделивме на нашиот духовен отец Партениј и тој се помоли за нас пред иконата на Свети Јован. И ете, Господ, по молитвите на Претечата, нè удостои да се зачне плод и ни се роди машко дете. Во знак на благодарност кон Претечата го крстивме Јован.
Се надеваме дека ќе го примите и ова сведоштво, коешто е едно од многуте што постојано се случуваат и ќе се случуваат во Манастирот на Свети Јован преку неговата чудотворна икона и моштите.
Срдечен поздрав и со љубов,
Горан, Христина и Јован Петровски, деца бигорски“.
(Писмо добиено на манастирската електронска адреса на 6 септември 2021 година)
Првиот вицепремиер на Владата на Македонија, Изет Меџити, остро реагираше на ставот на ДУИ во врска со Законот за правична и соодветна застапеност, обвинувајќи ја партијата за години неправедна контрола врз државната администрација.
Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, која ја пренесе информативниот портал на албански јазик „Алфакс“, Меџити ја критикува политиката на ДУИ, велејќи дека „без закон, договорите, вработувањата, одлуките и условувањата на Албанците ги контролираат шерифите од Речица“. Според него, со новиот закон „на секој Албанец му се дава еднаква шанса за вработување во администрацијата“, а токму затоа, како што додава, „шерифите од Речица остануваат без работа. Затоа се против тоа!“
Меџити нагласува дека законот гарантира крај на политичката селекција и отвора пат за реална застапеност на Албанците во јавните институции – според заслугите, без партиски влијанија и без покровителство.
„Стравот кај ДУИ од усвојувањето на овој закон доаѓа токму поради губењето на контролата што ја имаа врз системот повеќе од дваесет години“, вели Меџити, додавајќи дека со учеството на Вреди во владата, „завршува времето на привилегиите на една група луѓе и започнува ерата на еднаквост за сите“.
Целото ваше внимание е насочено кон некој семеен проблем. Денес ќе се случи конечната кулминација на сето тоа а добрата вест е дека решението е едноставно и поволно за вас. После големите турбуленции ви пристигнува големо олеснување.
БИК
Ве обзема идеа да започнете некоја приватна работа. Затегнатите односи со шефовите и лошата атмосфера во опкружувањето може да издвои екипа на луѓе со кои е возможно остварување на самостоен бизнис. Не заборавајте дека онаму каде што владее интересот, љубовта и сочувството спијат.
БЛИЗНАЦИ
Конечно ги привршувате заостанатите работи со кои сте се мачеле долго време. Конечно се назира епилог на нешто на кое долго сте работетел. После долго чекање ќе ви годи чувството на мала победа па имате право да си дозволите краткотраен одмор.
РАК
Денот ќе го започнете стресно и со големо незадоволство. Доколку не избегнете непотребни трошоци, можете да западнете во голема финансиска криза. Од попладнето можете да рачунате на позитивни вести и интензивна комунилација со странство.
ЛАВ
Свесни сте дека пред вас е напоред период на речиси сите полиња. Полни сте со енергија и волја а вродениот борбен дух и оптимизам ќе ве направи уште посилни. Иако ќе вложите многу труд, на крајот ќе бидете задоволни со постигнатите резултати.
ДЕВИЦА
Брзи сте но и невнимателни. Поради претераното брзање сте приморани да направите селекција што е важно а што не е. Сепак, со оглед на тоа колку сте се залетале, шансите да направите опасна грешка се минимални. Бидете внимателни особено во сообраќајот.
ВАГА
Чувствувате дека сте професионално доста ценети, а денес ви стигнува и мала потврда за тоа. Паралелно со тоа ќе имате позитивен напредок во семејните односи и тоа додатно ќе ве орасположи. Добрата атмосфера создава миг кога ќе сакате да изнесете се што ви лежи на срце.
ШКОРПИЈА
Внимателно испланирајте го денот и ќе имате прилика да изградите нова деловна стратегија која долгорочно ќе ви донесе резултати на кои ќе бидете доста горди. Насочете се кон работата и семејните односи оставете ги настрана.
СТРЕЛЕЦ
Не се обидувајте да ги спроведете своите замисли во дело, сте избрале погрешен ден. Наместо тоа, прочитајте ја омилената книга и посетете кино или театар. Чувајте се од инфекции и овој ден поминете го во изолација од другите луѓе.
ЈАРЕЦ
Полни сте со енергија толку што не знаете што да правите со неа. Кога немате каде да ја трошите почнете да ја пренесувате тензијата на околината. На удар е саканата личност а знаете дека немате причина за тоа. Со своето однесување можете непотребно да ја нарушите стабилноста на врската.
ВОДОЛИЈА
Пронајдете баланс помеѓу деловниот и семејниот живот. Премногу зборувате за она кое треба да биде ваша интима а тоа може да биде сигнал дека ве мачи некаква грижа на совест. Размислете за тоа пред околината да почне да ве избегнува.
РИБИ
Математички сте го израчунале својот љубовен живот па по ваше мислење не постои шанса нештата да бидат онакви какви што сте ги замислиле. Сфаќате дека не е лесно да го предвидите развојот на случувањата особено ако во односите се вклучени и емоции.
Центарот за граѓански комуникации, Здружението на даночни советници и Активо денеска го објавија „Истражувањето за откривање евентуални судири на интереси и злоупотреба на моќ при јавните набавки кај политички експонираните лица“.
Истражувањето покажа дека преку Регистарот на вистински сопственици се откриени сопствеништва во фирми на политички експонирани лица (градоначалници и министри), кои не им се пријавени во изјавите за интереси доставени до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
41 од анализираните 360 поранешни и сегашни функционери, се јавуваат како вистински сопственици во некоја фирма, 23 од овие функционери целосно или делумно ги сокриле своите удели во фирми кога доставувале изјава за интереси до ДКСК.
Разликите во податоците за бизнис-интересите на функционерите укажуваат на отсуство на соодветна проверка и верификација на точноста на податоците и во Регистарот на вистински сопственици, и во изјавите за интереси што избраните и именуваните лица ги доставуваат до ДКСК.
Фирми во сопственост на градоначалници и поранешни министри добивале договори за јавни набавки, концесии и лиценци доделени од државни институции.
„На граѓаните, новинарите и граѓанските организации им е оневозможено активно да учествуваат во откривање на евентуални судири на интереси и злоупотреба на моќ од страна на носителите на функции. Регистарот на вистински сопственици не е јавно отворен и за информациите во него се плаќа, а податоците за бизнис-интересите на функционерите во јавно достапниот електронски систем на ДКСК се нецелосни“, се наведува во извештајот.
Во изјавите за интереси до ДКСК функционерите пријавуваат податоци само за најтесното семејство со кое живеат под ист покрив, а изјавите доставени до ДКСК до крајот на 2023 година ги има само во хартија и не се достапни на специјализираниот веб-портал, итн.
Во услови кога за информациите за сопствеништво треба да се плати, а изјавите за интереси во голем број случаи не се сеопфатни и точни, се олеснува криењето на сопствениците на фирмите, наместо јавно поврзување и објавување на фирмите кои добиле тендери и концесии со нивните сопственици.
Проектот „Користење на податоците за вистинските сопственици за намалување на корупцијата“ е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.