Connect with us

Балкан

ПРОТЕСТОТ ВО СОФИЈА ИЗДИШИ – Дури десетина бугари се собраа за правата на „македонските бугари“

Published

on

– Пред претставништвото на Европската комисија во Софија се одржува протест за одбрана на правата на Бугарите во  Македонија каде се најбројни симпатизери и претставници на политичката партија ВМРО-БНД. Протестот е и за поддршка за натепаниот секретар на бугарскиот клуб „Борис Трети” во Охрид, Христијан Пендиков, јавија бугарските медиуми. 

Протестот го најави бугарскиот претставник во Европскиот парламент и копретседател на ВМРО, Ангел Џамбаски. Во писмо до претседателската на ЕК, тој побара итен прекин на преговорите на нашата држава за членство во ЕУ.

Како што можете да забележите на фотографијата пренесена од бугарската агенција БГНЕС немало некоја голема заинтересираност за собирот.

Тројца охриѓани пред два дена во угостителски објект во Охрид го нападнаа 21-годишниот охриѓанец Христијан Пендиков по што тој се здоби со повреди и вчера бугарската Амбасада во Скопје организираше негово префрлање во боница во Софија.about:blank

Министрите за надворешни работи на Бугарија и на Македонија, Николај Милков и Бујар Османи ќе го посетат утре Пендиков, кој е хоспитализаран во ВМА во Софија, соопшти бугарското МНР

Балкан

Хорор летување во Црна Гора: Девојка од Србија доживеала шок по пристигнувањето

Published

on

Летниот одмор во Црна Гора за една девојка од Србија се претворил во вистински кошмар, откако сопствениците на сместувањето ѝ сместиле свои роднини во собата што таа ја платила како приватна. Инцидентот се случил во Улцињ, а девојката своето искуство го споделила преку видео на TikTok, кое за кратко време станало вирално.

„Платив за посебна соба, а ме ставија со нивните роднини. Собата имала четири кревети и тие решиле да ја пополнат со луѓе што немале каде да одат“, раскажува таа. Освен непријатното изненадување со несаканите цимери, таа наишла и на сериозни проблеми со хигиената и инфраструктурата во објектот.

„Машината за перење не работи, кадата тече, се шири смрдеа, електричните уреди се расипани, постојано паѓаат осигурувачи, па нема струја во целата куќа, а ни вода“, вели таа.

Сопствениците, наместо да понудат решение, ја терале да пере облека кај соседи и ѝ кажале: „Ако не ти се допаѓа – спиј на плажа!“

„Пијани изнајмуваат, земаат пари, ве навредуваат и ве оставаат на улица. Не дај Боже никому да му се случи ова“, завршува таа во видеото што ја подигна јавноста и ги отвори прашањата за контролата и регулацијата на приватното издавање сместување на црногорскиот приморски пазар.

Continue Reading

Балкан

Уапсен скопјанец со меѓународна потерница во Албанија – обвинет за тешки кривични дела во Австрија

Published

on

Албанската полиција, во рамки на акцијата „Операција 54“, уапси македонски државјанин со иницијали М.А. (41) од Скопје, по меѓународна потерница издадена од австриските власти. Лицето се товари за сериозни кривични дела во Австрија, меѓу кои трговија со дрога, опасна закана, тешка изнуда и телесна повреда.

Според соопштението од албанската полиција, М.А. бил баран со потерница од Јавното обвинителство во Инсбрук, Австрија, а дирекцијата на специјалните полициски сили успеала да го лоцира и уапси. При неговото приведување бил извршен претрес, при што е пронајдена и запленета марихуана која ќе се користи како доказ во истрагата.

За делата за кои се товари, австрискиот Кривичен законик предвидува казна затвор до 20 години. Во моментов, Интерпол Тирана ги продолжува постапките за негова екстрадиција во соработка со австриските власти.

Ова е втор случај на апсење на македонски државјанин во Албанија овој месец. На 6 јули, на граничниот премин „Ќафасан“, беше уапсен А.А. (34) од Кичево, исто така по меѓународна потерница издадена од Интерпол Берн. Тој е осуден на 20 години затвор за меѓународна трговија со дрога.

Continue Reading

Балкан

Трагедија во Анкара: Три лица, меѓу кои и бебе, загинаа во голем пожар во станбена зграда

Published

on

Анкара, 13 јули – Три лица, меѓу кои и тримесечно бебе, го загубија животот во страшен пожар што синоќа околу 22 часот избувна во висока станбена зграда во квартот Чанкаја, во турската престолнина Анкара.

Пожарот започнал на четвртиот кат од 26-катната зграда и за многу кратко време се проширил кон горните катови. Интервенирале бројни екипи на противпожарната служба, кои се бореле со огнената стихија речиси четири часа, по што успеале целосно да го стават под контрола.

Според државниот медиум ТРТ, 26 лица се повредени, од кои 20 се пренесени во болниците Анкара Билкент, Етлик и клиниката на Медицинскиот факултет при Универзитетот Гази. Едно лице е во критична состојба.

Дополнително, 39 лица, меѓу кои и седум пожарникари, се пожалиле на симптоми на труење со чад и добиле медицинска помош на лице место.

Турските власти веднаш отворија истрага за причините за пожарот, кој предизвика шок и тага кај граѓаните низ целата земја.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг