Connect with us

Технологија

Што луѓе се? – Јапонците ќе произведуваат електрична енергија од снег (ВИДЕО)

Published

on

Истражувачите од јапонскиот град Аомори почнаа да ги проучуваат методите за производство на електрична енергија од снег за да обезбедат одржлива енергија и да го решат проблемот со недостигот на електрична енергија.

Аомори е прекрасен јапонски град кој се наоѓа на 715 километри северно од Токио. Покрај боровите шуми, градот е познат како едно од местата со најмногу снег. Секоја година паѓаат меѓу 7,5 и 8 метри снег. Минатата година падна толку многу снег што локалните градски власти мораа да потрошат 46 милиони долари за расчистување на зградите и улиците. Јапонците се ослободуваат од снегот купувајќи го и фрлајќи го во морето.

Why La Niña could mean the last big Japanese winter for some time

Овој процес може да изгледа едноставен, но троши значително време, ресурси и пари. Тим составен од истражувачи од ИТ стартапот Форте и Универзитетот за електрокомуникации во Токио предложија интересно решение за проблемот со снегот. Тие предлагаат снегот да се искористи за производство на чиста и прифатлива електрична енергија. Тестирањето на оваа идеја веќе започна во базенот на една напуштена училишна зграда, пишува Japan Times. Истражувачите веруваат дека нивниот пристап може да им помогне на голем број европски земји кои моментно се соочуваат со енергетска криза поради војната во Украина. Повеќето од овие држави немаат проблем со недостаток на снег, па би можеле да го искористат за производство на чиста енергија.

За време на истражувањето, јапонските научници ќе користат големо количество снег и „надворешен“ воздух за напојување на турбина која произведува електрична енергија. Надворешниот воздух има повисока температура од воздухот што го опкружува снегот бидејќи се загрева од сонцето.

Научниците ќе користат топлински цевки за да донесат ладен воздух (од снегот) и топол воздух (од отворено) до течноста за ладење во турбината. Разликата во температурата на ладниот и топлиот воздух ќе доведе до зголемување на струјата на конвекција во течноста за ладење на турбината, а оваа струја на крајот ќе предизвика турбината да се ротира и да генерира електрична енергија.

Ова не е прв пат научниците да се обидат да генерираат електрична енергија користејќи снег, бидејќи во 2019 година тим истражувачи во Калифорнија развија уред што може да генерира струја  од снег што паѓа. Сепак, овој метод може да напојува само мали уреди. Имаше и други слични студии, но ниту една од нив не нуди остварливо решение како она што го спроведуваат јапонските научници.

Сепак, постојат и одредени предизвици. За да може процесот да биде скалабилен, потребни се големи капацитети за складирање. Покрај тоа, неопходно е да се обезбеди континуирано снабдување со топол воздух во снежните региони. Научниците ќе спроведат истражување во Аомори до март за да ја тестираат изводливоста на нивниот метод. Во меѓувреме, ќе бараат начини да соберат топол воздух од топлите извори во обид да ги надминат ограничувањата.

Доколку јапонските научници бидат успешни, нивниот метод ќе стане нова револуција во обновливите извори на енергија и ќе биде особено важен за студените региони во светот.

Свет

Саудиска Арабија ќе го гради пустинскиот облакодер долг 75 милји, ќе чини 1 трилион долари! (Видео)

Published

on

Саудиска Арабија го претстави планот за пустински облакодер долг 75 милји кој чини 1 трилион долари.


Саудиска Арабија ги претстави плановите за облакодер долг 75 милји наречен Mirror Line, кој ќе се протега низ нејзината пустина, каде ќе бидат сместени до пет милиони луѓе. Се предвидува дека ќе чини неверојатни 1 трилион долари.

Најсовремениот облакодер ќе биде повисок од Емпајер Стејт Билдинг, направен од стакло со огледало и дел од пустинскиот град наречен Неом, кој ќе биде со големина на Масачусетс.

Here's a first look into the NEOM video progress so far 2023

Градот наречен Неом беше најавен во јануари 2021 година од саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, откако рече дека сака неговата земја да има градежен проект иконски и безвременски како Египетските пирамиди.

Во тоа време, принцот Мухамед рече: „Линијата е проект што е цивилизациска револуција што ги става луѓето на прво место“, тврдејќи дека сака Mirror Line да биде готова до 2030 година, иако инженерите рекоа дека може да потрае педесет години за да се изгради.

Тој понатаму рече дека проектот ќе им овозможи на милион жители да се сретнат на пет минути пешачење и да патуваат од крај до крај за дваесет минути. Исто така, наводно, ќе се напојува со обновлива енергија.

Continue Reading

Технологија

Новата мрежа „ТРЕДС“ веќе со ДЕСЕТ МИЛИОНИ ЧЛЕНОВИ ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА !

Published

on

Технолошката компанија „Мета“ ја претстави новата апликација дизајнирана како конкуренција на „Твитер“, што претставува директен предизвик на платформата за социјални медиуми во сопственост на Илон Маск.

Апликацијата за микроблогови наречена „Тредс“ се појави на „Еп стор“ на „Епл“ и веќе има ДЕСЕТ милиони членови за само неколку часа напиша сопственикот на Мета, Марк Цукерберг.

Наведена е како апликација за разговор базирана на текст, поврзана со „Инстаграм“, а описот посочува дека тоа е искуство со микроблогови слично на „Твитер“.

– „Тредс“ е место каде што заедниците се здружуваат за да разговараат за сè, од теми за кои се грижите до она што ќе биде тренд утре – се наведува во соопштението.

Оваа вест дојде по само неколку дена откако извршниот директор Илон Маск објави привремено ограничување на бројот на објави што корисниците можат да ги читаат на страницата на социјалната мрежа.

„Тредс“, која во суштина ќе служи како апликација за текстуален разговор на „Инстаграм“, се очекува да биде бесплатна за користење, што ќе им овозможи на корисниците да ги следат профилите што ги следат на платформата за споделување фотографии и да го задржат истото корисничко име.

Последните најави на Маск за преземање податоци од мрежата без дозвола на раководството на компанијата предизвикаа бурни реакции кај корисниците на „Твитер“, а експертите за реклами рекоа дека тоа ќе ја поткопа позицијата на новата извршна директорка Линда Јакарино, која ја презеде функцијата минатиот месец.

Истата може да се симне на Гугл плеј и на Ап стор.

Сѐ повеќе компании ги суспендираат профилите, престануваат да рекламираат или целосно го напуштаат „Твитер“, платформата која Илон Маск ја презеде кон крајот на минатата година.

Continue Reading

Забава

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА СОЗДАДЕ ДИГИТАЛНА КОПИЈА ОД ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ – Ова е иднината на рекламите (ВИДЕО)

Published

on

Компанијата за бродски крстарења Virgin Voyages лансираше нова кампања за привлекување патници, искористувајќи ја вештачката интелигенција за да создаде дигитална копија на поп-ѕвездата Џенифер Лопез.

Централниот спот на кампањата почнува со сцена во која заводливата Лопез ги кани гледачите на крстарење, меѓутоа тогаш се случува некаква „грешка“ во „матрицата“ – дознаваме дека всушност се работи за дигитален аватар зад чие лице стои маж по име Кајл.

Рекламата потоа добива хумористичен пресврт, така што повеќе луѓе од креативниот тим на Virgin Voyages сакаат да ја испробаат технологијата и да дадат своја интерпретација на популарната Џеј-Ло.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк