Connect with us

Македонија

Веапоска се вознемири во судница, дoктор Асани изјави дека апсолутно не се чувствува виновен за нејзините извадени органи

Published

on

Денеска во Основниот суд во Струга, се појавија тројцата обвинети доктори Мухамед Асани, неговиот син Блертон Асани и уште една лекарка гинеколог од болницата, на рочиште поврзано со случајот Јалдз Веапоска, на која при царски рез отстранети и беа матката бубрегот и јајникот. И д-р Мухамед Асани и синот Блертон Асани досега не се појавуваа на рочишта, па затоа тие се одложуваа. Во судницата поранешниот директор на струшката болница кој ја породи Веапоска изјави дека апсолутно не е виновен, а дека не се чувствуваат виновни посочија и другите двајца лекари.

Потоа сведочеше Веапоска, која видно се вознемири поради соочувањето со обвинетите и поради присетувањето на деновите во болница за кои зборуваше во судница.

-Кога кажав дека органите ми се извадени ми се слоши, не можев да зборувам, не бев добра. Судијата даде пет минути пауза. Ја објаснив целата ситуација, од почетокот до крајот односно додека се разбудив на КАРИЛ. Дека бременоста ми ја водеше д-р Мухамед Асани во неговата куќа во Струга, породувањето го закажа дента кога беше дежурен во струшката болница, објаснив за периодот после операцијата па се додека паднав во кома. Кажав дека цело време имав болки и ме третираа само со инјекции против болка и не направија никаков друг преглед. Нивните адвокати ме прашаа дали сум потпишала согласност пред операцијата, ама јас кажав дека потпишав согласност не да ми извадат матка, бубрег и јајник, туку согласност за царскиот рез, изјави Веапоска за „Слободен печат“.

Веапоска пријавила и оштетно побарување, а сумата ќе биде позната после вештачењето. Следното рочиште е закажано за 10 март во 10 часот во истиот суд.

Јавното обвинителство Струга уште лани во мај поднесе обвинителен предлог против екс директорот на струшката болница и гинеколог д-р Мухамед Асани, син му Блертон Асани и уште една лекарка гинеколог од истата болница, затоа што родилката од Дебар Јалдз Веапоска при породувањето ја оставиле без матка, бубрег и јајник.

Според ОЈО, првообвинетиот како лекар специјалист гинеколог акушер, второобвинетиот како специјализант по гинекологија и акушерство и третообвинетата како гинеколог акушер вработени во струшката болница, при укажување на лекарска помош примениле очигледно неподобно средство и начин на лекување врз пациентката со што предизвикале влошување на нејзината здравствена состојба.

Веапоска била примена во болницата на 27 август 2020 година за да се породи во 40 недела од бременоста. Ја примил д-р Мухамед Асани, кој ја водел како пациент во текот на целата бременост и донел одлука породувањето да биде извршено со царски рез. При операцијата му асистирал и синот, но при изведувањето на царскиот рез тие ја оштетиле левата бубрежна артерија, напиша обвинителството во јавното соопштение.

Како резултат на ова оштетување дошло до влошување на здравствената состојба на пациентката, која била нестабилна, но и покрај тоа обвинетите не презеле никакви мерки за утврдување на причините за влошување на нејзината состојба. Со терапијата која и ја дале дополнително ја влошиле состојбата на пациентката и задоцниле со реакцијата, поради што кај неа настанала огромна загуба на крв и западнала во состојба на шок.

Во такви услови, првообвинетиот со асистенција на третообвинетата се решиле да извршат нов оперативен зафат за да го спречат крварењето, да и ја отстранат матката и левиот јајник иако на овие органи немало никакви промени или повреди. Откако и по затворањето на пациентката крварењето не престанало, тие се решиле за уште еден оперативен зафат при што хирурзите откриле дека крварењето доаѓа од оштетувањето на бубрежната артерија предизвикано при царскиот рез. Заради неможноста да се реконструира бубрежната артерија, таа морала да се подврзе и да се отстрани левиот бубрег со цел да се спаси животот на оштетената.

Кога тоа било направено и крварењето било запрено, пациентката била препратена на лекување на Државната клиника „Мајка Тереза“ во Скопје.

Македонија

Најубави ! “За Гоце, за МАКЕДОНИЈА” – грмнаа учениците од ООУ “Гоце Делчев” во Прилеп

Published

on

Ученици од ООУ “Гоце Делчев” Прилеп и нивниот наставник Трајче Каралиоски, на посебен начин ја одбележаа 151 годишнината од раѓањето на најголемиот македонски великан.

“За Гоце, за Македонија”, извикаа учениците и заиграа оро на убава македонска песна.

Continue Reading

Македонија

Пратеник за инцидентот на граница: Напад на полицаец е напад на државата

Published

on

Пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски се огласи на социјалните мрежи по инцидентот кој се случи на граничниот премин Деве Баир, во кој тројца бугарски државјани беа уапсени, откако со часови ги напаѓаа македонските полицајци.

„Државата функционира доследно и професионално,напад на полицаец е напад на државата. Приведени тројца бугарски државјани на Деве Баир кои со часови провоцираа. Македонското достоинство се брани со чест, однос и професионалност. И пак ќе кажам Гоце Делчев не го заслужува овој циркус од провокаторите нека ти е вечна слава даскале“, напиша Костовски на ФБ. 

Continue Reading

Македонија

Бугарин на Деве Баир: „Си го продадовте името за 5 чрвени на Грците!“

Published

on

Тензично беше денеска на граничниот премин „Деве Баир“, каде падна системот за контрола и во моментот се работи на негово оспособување.

Бугарски државјани кои утрово тргнаа кон Скопје за да се поклонат на гро бот на великанот Гоце Делчев, не можеа да влезат во државата, по што избија и тензии и кавги со граничните полицајци.

Најгласен е претседателот на бугарската фонцдација „Македонија“ Виктор Стојанов, кој објави видео од инцидентот. Во него се слушаат навреди кон македонската полиција, која смирено им вели да се повлечат.

Си го продадовте името на Грција за 5 стотинки, викаше еден од нив.

Видеото погледнете го со клик ТУКА.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк