Connect with us

Uncategorized

ШОК ДИЕТА – За 7 дена 5 килограми помалку

Шок диетата се разликува од другите диети по тоа што е многу едноставна и за разлика од другите „брзи“ диети може да се држи повеќе од 3 дена без негативни последици. Самата диета е направена за 7 дена (менито е подоле ) и е избалансирана со добра комбинација на масти, протеини, јаглехидрати, минерали и витамини, што ќе го намали вашиот струк без да трпи вашето тело.

Суштината на шок диетата се состои во дневниот внес до 1000 – 1200 калории, поделен на 5 оброци и така цела седмица. Единствен услов за оваа диета е да имате доволно време кое не е преоптеретено со обврски туку во мирен ритам да може да се посветите на самите себе.

НАПОМЕНА: Ако имате било какви проблеми со ендокриниот систем, бубрезите или стомакот, тогаш заборавете на оваа диета како и на другите диети за интензивно намалување на телесната тежина.

Секој ден треба да конзумирате:

1. Витамини и минерали кои што телото ќе ги добива од овошјето и зеленчукот. Во текот на еден ден треба да јадете три вида од овие намирници. Свежо овошје и зеленчук треба да јадете помеѓу оброците а варено овошје и зеленчук да подготвувате за појадок , ручек и за вечера.

2. 100 гр растителни или животински протеини (риба, јајца, млечни производи, житарки, мешунки, тестенини, леб, јаткасти плодови).Кога сте на ваква диета на телото му требаат протеини затоа што го штитат од замор и губење на мускулната маса.

3. Мастите ја помагаат функцијата на мозокот и позитивно влијаат на кожата и косата. Во диета треба да користите растителни масла и тоа 3 – 5 супени лажици дневно во салатите.

4. Јаглехидратите ќе ги имате во 100 гр леб (лебот можете да го поделите на парчиња по 20 гр по оброк), 100 гр ориз или 100 гр компири или 100 гр тестенини. Јаглехидратите и скробот се исто така потребни затоа што тие се главен извор на енергија. Но белиот шеќер треба да биде потполно и засекогаш исклучен од употреба.

diets-main

Седумдневно мени за Шок диетата

Прв ден:

Појадок: Две чаши сок од портокал и три супени лажици варени мусли

Предпладневна ужина: јогурт со намалена масленост ( 2 дцл )

Ручек: 180 гр риба со 15 гр боранија и додадете 20 гр свеж леб

Попладневна ужина: Изедете едно јаболко

Вечера: 80 гр варени тестенини со сос од домати (50 гр) и варено јајце.

Втор ден:

Појадок: Чаша сок од боровница и парче свеж интегрален леб

Предпладневна ужина: Една круша

Ручек: Салата од два домата,100 гр зелка, лажица обарен грашок и лажица спанаќ на пареа. Зачинете со масло и додадете парче леб со сирење (20 гр).

Попладневна ужина: Јогурт (2 дцл)

Вечера: 80 гр шпагети со свеж зеленчук

Трет ден:

Појадок: Јогурт (2 дцл) со парче црн леб

Пред пладневна ужина: две до три киви

Ручек: 200 гр печена морска риба со варен зеленчук

Попладневна ужина: Коктел од млеко и овошје

Вечера: 70 гр ориз со 100 гр зеленчук

Четврти ден:

Појадок: Билен чај, тост и јаболко

Пред пладневна ужина: Јогурт (2 дцл)

Ручек: 100гр. шкампи или други морски плодови, 200 гр варен морков и боранија (50 гр)

Попладнева ужина: Едно јаболко

Вечера: 50 гр тестенини со зеленчук и 40 гр рендано сирење

Петти ден:

Појадок: Чаша обезмастено млеко со три супени лажици хељда

Претпладневна ужина: една круша

Ручек: 150гр. зелена салата со варено јајце и парче леб, половина јаболко и пет јатки ореви

Попладневна ужина: јогурт (2 дл)

Beчера: варени лигњи (или варен пилешки копан), 50 гр. ориз, да се додаде 150 гр. рендан свеж морков и 40 гр. сирење.

Шести ден:

Појадок: пасиран морков и чаша сурутка со неколку бисквити

Предпладневна ужина: коктел од млеко и овошје

Ручек: 150 гр. печено пилешко бело месо и салата од домати

Попладневна ужина: јогурт со намалена масленост (2 дл)

Вечера: 50 гр. варен ориз со 50 гр печурки

Седми ден:

Појадок: еден портокал, чаша овошен чај и два бисквити

Предпладневна ужина: сирење со намалена масленост

Ручек: супа од зеленчук

Попладневна ужина: сок од морков и лимон

Вечера: 60 гр. варен ориз, пржено јајце и 100 гр. спанаќ со парче црн леб

Физичка активност: Лесна прошетка 30 минути секој ден наутро и навечер.

Uncategorized

Коњановски: Почитта кон хероите се мери со делата што ги создаваме

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот уметник и педагог Панде Петровски.

Петровски, афористичар, карикатурист, илустратор и сценограф, остави значителен белег во македонската и битолската уметност, а неговата посветеност кон творењето е препознатлива и денес.

За едногодишни достигнувања наградени беа: Игор Трајковски Фоја за значаен придонес во културата, актерот и режисер Мартин Мирчевски, Дарко Секуловски за промоција на Битола преку современи медиуми, како и Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ за работа со лица со посебни потреби.

Градоначалникот Тони Коњановски им ги врачи наградите на добитниците, истакнувајќи дека почитта кон минатото се мери со делата што ги создаваат заедниците денес. Во рамките на свеченоста, уметничката програма ја изведе пијанистката Теодора Капинковска.

Continue Reading

Uncategorized

„Комуналец“ Битола поставува нови контејнери

Јавното претпријатие „Комуналец“ Битола продолжува со активностите за подобрување на комуналната инфраструктура во градот, поставувајќи нови контејнери за селектирано собирање отпад на повеќе локации.

Со оваа акција се овозможува полесно и поефикасно одвојување на отпадот, особено на хартијата и пластиката, со што се поттикнува одговорно однесување кон животната средина.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да ја поддржат оваа иницијатива и редовно да го селектираат отпадот, бидејќи секој мал чекор придонесува кон почиста и поодржлива Битола.

Continue Reading

Uncategorized

Коњановски: Битола продолжува со крупни инфраструктурни проекти

На последниот ден од септември, осумте кандидати за градоначалник на Општина Битола учествуваа на предизборна дебата во форматот „Директно“, организирана од ТВ Телма и Националниот демократски институт.

Актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат, Тони Коњановски, нагласи дека еден од најголемите адути на неговиот мандат е изградбата на инфраструктурата во градот.

„Ако со нешто може оваа локална гарнитура да се пофали и гордее, тоа е инфраструктурата. Градот во изминативе четири години беше градилиште,“ изјави Коњановски.

Тој потенцира дека се реализирани над 50 километри инфраструктурна мрежа, што, како што рече, во одредени периоди предизвикувало и застои во сообраќајот. „Направивме доста, се извинивме многупати затоа што едноставно го попречивме одвивањето на сообраќајот, но над 50 километри инфраструктурна мрежа е направена и така ќе продолжиме во идниот период. На тоа се поклопи и проектот за топлификација,“ истакна Коњановски.

Градоначалникот посочи и дека е завршена првата фаза на булеварскиот влез во Битола, на потег од 800 метри, со коловоз широк 27 метри. „Тоа е она што граѓаните постојано го бараат – адекватни влезови. Во идниот мандат продолжуваме со влезот од страната на Охрид,“ додаде тој.

Како приоритетни проекти за следниот период ги најави санирањето на коритото на реката Драгор и изградбата на повеќе од 50 нови улици во рамки на програмата на Општината.

Во дебатата, која се одржа во дворот на Офицерскиот дом во Битола, учествуваа и останатите кандидати за градоначалници: Методија Куновски, Габриела Илиевска, Зоран Николовски, Васко Деловски, Мирјана Мирчевска, Кире Димов и Јорго Огненовски.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг