Connect with us

Свет

ОБЈАВЕН ЗАСТРАШУВАЧКИ РАЗГОВОР МЕЃУ НАЈБАРАНИОТ НАРКОБОС И ПОЛИЦИЈАТА: Ова е доказ зошто сè уште не е уапсен

Published

on

Американската влада нуди 10 милиони долари за информации што би можеле да доведат до негово апсење.

Застрашувачки телефонски разговор меѓу мексиканската полиција и бараниот нарко бос Ел Менч беше објавен на социјалните мрежи откако неговиот брат, водачот на картелот Ел Тони Монтана, беше уапсен кон крајот на минатиот месец.

Ел Менчо (56), кој е познат како „најбараниот човек на светот“, успеал да ја избегне полицијата во Мексико и покрај тоа што е најбараниот криминалец во земјата, пренесува „Унилад“.

Мексиканската влада понуди 30 милиони долари, а американската влада 10 милиони долари за информации што би можеле да доведат до негово апсење.

Тој се бара за трговија со дрога, вмешаност во организиран криминал и поседување огнено оружје без документи.

Аудиото беше обелоденето до мексиканските медиуми во септември 2016 година и покажува колкава моќ поседува Ел Менчо додека им наредува на полицаецот и неговите колеги да се откажат.

Истиот месец мексиканскиот портал Proceso ја објави и ја потврди автентичноста на разговорот со Ел Менчо.

По телефон, Ел Менчо му вели на полицаецот „да се смират твоите е**ни луѓе“ и го нарекува „кучкин син“.

– Менчо е човече, вика по телефон.

– Навтерај ги твоите проклети да се смират и да се повлечат или ќе ти е*ам и тебе и мајка ти и цел твој чопор кучиња.

– Имам 30 од вас идентификувани. Дури и ќе ги убијам твоите проклети кучиња ако не се повлечеш. Што мислиш за тоа?”

Полицаецот одговара: „Се разбираме, господине“. Ќе им кажам да престанат сега“.

Ел Менчо возвраќа: „Не, не, не. Не спуштај телефон. Знам каде си. Во Чапала сме, човече“.

Подоцна во повикот, наркобосот испраќа заканувачки предупредување: „Ќе се отарасиме од сите вас. Сите сте ку*вини синови, бидејќи сите земате пари“.

Телефонскиот повик ненадејно завршува, а полицаецот одговара на барањата на Ел Менчо со едноставно „Се разбира, господине“.

Братот на Ел Менчо, Антонио Осегуера Сервантес, беше уапсен во државата Халиско на 20 декември.

Војската соопшти дека Осегуера бил вклучен во перење пари, купување на голем број оружје и координација на насилни напади врз ривалски банди, како и меѓународна трговија со дрога.

Свет

Поранешен советник на Путин: Хашкиот трибунал е глупав

Published

on

Сергеј Марков, поранешен советник и портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, ја коментираше хашката потерница за апсење на Путин поради, како што соопшти Меѓународниот кривичен суд, илегалната депортација на деца од Украина.

„Меѓународниот кривичен суд е неодговорен и глупав“, рече Марков. „Политиката на руската влада е да ги спасува децата, а не да ги краде децата“, додаде тој.

Марков тврди дека децата не биле депортирани, туку се преселиле внатре во Русија бидејќи Украина е дел од руска територија.

„На родителите им е дозволено да ги посетуваат своите деца секоја недела“, додаде тој.

Тој рече дека очекува повеќе обвинувања од судот во Хаг „бидејќи е под целосна контрола на Европската унија, која ќе продолжи да шири лажни вести“.

Инаку, поранешниот советник на Путин го обвини Киев за воени злосторства без притоа да обезбеди никакви докази за тоа.

Continue Reading

Свет

ЗАХАРОВА ЗА АПСЕЊЕТО НА ПУТИН: Одлуката на судот во Хаг нема никакво значење за Русија!

Published

on

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, на својот Телеграм канал веднаш ја коментираше веста за издавање налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и детскиот правобранител Марија Лвова-Белова.

Таа изјави дека наредбата на Меѓународниот кривичен суд нема правно значење за Руската Федерација.

„Одлуките на Меѓународниот кривичен суд немаат никакво значење за нашата земја, вклучително и од правен аспект“, напиша таа на нејзиниот канал Телеграм.

„Русија не е потписник на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд и не сноси никакви обврски според него. Русија не соработува со ова тело, а можните „рецепти“ за апсење кои доаѓаат од Меѓународниот суд ќе бидат правно ништовни за нас. “, нагласи таа.

Continue Reading

Свет

НЕВИДЕН СКАНДАЛ: Фирма која досега произведувала долна облека доби 8,3 милиони евра за да врши надзор

Published

on

Фирмата „Електра солушн“ која до сега не работала надзор, туку главна дејност ѝ била производство на долна облека, доби најголем дел од 22,3-милионскиот тендер за надзор на автопатите кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“, објави „360 степени“.

„Електра солушн“ добила 8,3 милиони евра, додека „Евро консалтинг“, на Бранислав Димитријевиќ, за кого има обвинение во Ерменија, 7,1 милиони евра од тендерот.

Од останатите пари, 4,1 милиони евра одат кај „ИРД Инженеринг“ од Италија, додека услугите на локалната канцеларија на „ИРД“ во Скопје ќе чинат околу 2,4 милиони евра. За последниот партнер во конзорциумот, шпанско-кинеска „Ептиса“, се предвидени 400.000 евра.

Електра солушн“, до објавувањето на тендерот немала лиценца за надзор. Барање до Министерството за транспорт и врски фирмата го доставила 12 дена по објавување на тендерот, а лиценцата е издадена за помалку од 5 дена.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк