Connect with us

Македонија

Делчев не се борел за припојување на Македонија кон Бугарија, туку за самостојна Македонија, чие „ослободување лежи во внатрешното востание“!

„Во историските архиви, меѓу кои и Државниот архив на Македонија, постојат голем број оригинални писма од кореспонденцијата меѓу Гоце Делчев и неговите блиски соработници во македонското револуционерно движење, како што е Јордан Поп Јорданов, еден од гемиџиите и солунските атентатори, или Борис Сарафов, водач на Врховниот македонски комитет. Споменатите писма и кореспонденција се едни од најавтентичните историски извори, што го осветлуваат ликот и делото на најголемиот македонски национален херој, кој го трасираше патот кон македонската државност и самобитноста на македонскиот народ. Тие писма покажуваат дека немаат никаква основа лажните тврдења дека Гоце се борел за припојување на Македонија кон бугарската држава.“ – се наведува во статијата со наслов „ Делчев никогаш не се излажал себеси, ниту пак другите!“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Гоцевите писма како најавтентичен извор на неговиот светоглед

Покрај другото, во статијата пишува: Од споменатата кореспонденција постојат и писма што се своерачно напишани и потпишани од самиот Гоце и на најдиректен начин ги претставуваат неговите погледи и ставови за голем број прашања што се поврзани со активностите за создавањето на македонската држава. Во писмото испратено до Ефрем Каранов (пунктовен началник на МРО во Ќустендил), од 17 октомври 1895 година, Гоце на многу јасен начин ги разобличува врховистичката идеологија и манипулациите со македонското револуционерно дело.

Во писмото Гоце посочува: „Пред неколку недели Чакаров се јавил со офицерска униформа во Виница со намера да прогласи внатрешно востание! Ослободувањето на Македонија лежи во внатрешното востание. Оној што мисли дека Македонија ќе се ослободи поинаку, тој се лаже и себеси и другите.“ Напишаното е потврда дека Делчев, но и другите водачи на Македонската револуционерна организација (МРО), воделе самостојна и независна политика во однос на прашањето за ослободувањето на Македонија.

Во понатамошниот дел од писмото можеме да прочитаме: „Но кои се тие, што ќе се кренат сега на востание? Ако востание може да се крене со 40 души, Македонија одамна ќе беше слободна државичка. Но бидејќи тоа е невозможно, а треба луѓе, тогаш што да прави? Треба тој народ да се разбуди од петвековниот длабок сон, којшто го направил Македонецот доста дебел во свеста за човечка правина. И тоа ако не целиот народ, тогаш барем еден дел од него, па тогаш, наместо Чакаров да бара 40 души, ќе го бараат него 400, за да застанат под неговото знаме. Ако не стане така и ако се прогласи востание, жално ќе биде за народот, а тешко и горко за виновникот. Залудно ќе се изгубат најмлади сили (едни по зандани, други по бесилки)… за сето тоа виновникот ќе биде одговорен и пред својата совест, и пред народот, и пред историјата“.

Овој дел од писмото е особено значаен затоа што Гоце многу јасно ја образложува крајната цел на македонската кауза, односно слободна македонска држава, со што сите лажни историски тврдења дека Гоце се борел за припојување на Македонија кон бугарската држава немаат основа. Во посоченото писмо Гоце јасно говори за „Македонецот“ или „невини Македонки“, со што јасно се потврдува македонскиот карактер на револуционерното движење.

Делчев како една од најкрупните фигури во македонското револуционерно движење соработувал со многумина, без разлика на нивните убедувања, во смисла дали станувало збор за анархисти или социјалисти. Во овој контекст, неговиот стремеж бил обединување на сите, без разлика на идеолошките принципи. Оттука произлегла и соработката на Гоце со гемиџиите, кои ги организираат Солунските атентати. И покрај недоразбирањата, Гоце продолжил да ги поддржува финансиски и морално, настојувајќи да ја усогласи и координира нивната активност со активностите на Македонската револуционерна организација (МРО).

Македонија

Божиновска присуствуваше на шведската прослава на светлината

Вечерва Сања Божиновска присуствуваше на традиционалниот концерт во чест на Санта Луција, кој го организираше Шведската амбасада. Празникот е симбол на светлина, топлина и надеж во најтемните нордиски ноќи.

„Секогаш е убаво кога една традиција носи порака која допира подалеку од границите – дека светлината ја создаваме самите, и дека најмногу ни е потребна токму во студените, тивки моменти од годината“, изјави Божиновска.

Таа изрази благодарност до амбасадата за прекрасната атмосфера и можноста да ја почувствува оваа уникатна шведска традиција, која најавува доаѓањето на Божиќ со радост, музика и светлина.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајот на Евзони повторно во прекин од 17 часот

АМСМ информира дека од 17 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица).

Според последните информации, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. На македонските гранични премини нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

АМСМ апелира до возачите да возат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да бидат особено внимателни на патиштата низ котлинските и клисурните делови, каде што постои ризик од одрони. Најкритични се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Continue Reading

Македонија

Студентите имаат уште десет дена за апликација за ваучери

Министерството за дигитална трансформација потсетува дека студентите имаат рок до 20 декември 2025 година да аплицираат за ваучери за електронски уреди.

Досега се доделени 42.606 ваучери, од кои 27.426 веќе се искористени. Во рамките на владината програма, предвидени се вкупно 55.000 ваучери за студенти на додипломски студии запишани во учебната 2025/26 година.

Ваучерите можат да се искористат најдоцна до 31 декември 2025 година.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг