Манекенката Изабел Гулар со провокативни фотографии, но и видео, ја „подигна температурата“ на Инстаграм по повод претстојниот карневал во Рио де Жанеиро.
Карневалот во Рио традиционално се одржува секоја година кон крајот на февруари. Оваа манифестација обединува луѓе од целиот свет, а посетителите на истата имаат прилика 8 дена да уживаат во индивидуалните и групни настапи на танчарите на улиците на овој град.
Во врска со тоа, манекенката Изабел Гулар ја искористила приликата на уникатен начин да ги потсети луѓето на почетокот на карневалот, и објавила неколку провокативни фотографии, но и видео на Инстаграм.
Романската пливачка Андреја Драгој важи за една од најсексапилната пливачка на светот, секако Андреја е и една од најубавите и најзгодните спортистки на планетата.
Како голем талент, Андреја Драгој ја напушти родната Романија за да продолжи да ги усовршува пливачките вештини на колеџот во американскиот Сан Хозе.
Но, се се промени со нејзиното пристигнување во САД, причина за тоа е нејзината убавина, поради која за Андреја се отворија и некои други хоризонти.
20 годишната пливачка стана модел, водителка, актерка… Но, не се откажа од пливањето.
Холивудската актерка Еиза Гонзалес официјално го најави почетокот на летото со атрактивна фотографија на Инстаграм.
Убавата бринета ги почести своите бројни обожаватели на споменатата мрежа со заводлива фотографија во бикини која многу нагласува – витко тело, бујни гради и тенок струк.
Еиза, која покрај глумата, и пее, од 2013 година живее и работи во Лос Анџелес. Инаку, Еиза е позната по својата специфична убавина. На нејзиниот шарм не можеа да одолеат многу холивудски мажи, но и оние од другите сфери на јавниот живот.
Минатата година беше во врска со златното момче на Холивуд – Тимоти Шаламе, а претходно ја поврзуваа и со фудбалерот Кристијано Роналдо, актерите Лиам Хемсворт и Џош Духамел, музичарите Малума и Калвин Харис… Пред неколку месеци беше потврди и дека го завела Џејсон Момоа, можеби најпосакуваниот маж на денешницата.
Европското првенство во секс за прв пат се организира во Шведска, а таму ќе настапи и 27-годишната Хрватка Марија Задравец.
„Натпреварот го започнуваме затоа што сакаме да укажеме на подреденоста на жената во општеството. Жените се стигматизирани со години. Сексот е еден од ретките спортови во кои жените се еднакви, ако не и подоминантни од мажите“, наведуваат на официјалната страница на овој натпревар.
„Натпреварот се одржува во Гетеборг. Организатор е Шведската сексуална унија. Швеѓаните гледаат на сексот како спортска дисциплина. Како добив место на натпреварот? Минатата година настапив на саемот за еротика во Љубљана, каде што запознав моќни луѓе од порно индустријата Јас сум единствената порно актерка во Хрватска па добив покана да ја претставувам Хрватска“, рекла Марија, а потоа објаснила како изгледа самото натпреварување.
„Ќе трае два месеци. Ќе има по 10 мажи и 10 жени. Ќе нè сместат во куќа, ќе снимаме од 0 до 24 и луѓето ќе можат да го гледаат шоуто. Нешто како Големиот брат. Категориите во на кои ќе се натпреваруваме се заведување, масажа, масажа во ерогена зона, предигра, орален секс, пенетрација, издржливост, изглед, позирање, креативност…“, објасни таа.
„Натпреварот ќе трае 45 минути дневно. Секој натпреварувач избира личност со која сака да се натпреварува во одредена категорија тој ден. Значи, нема да имам постојан партнер, туку ќе го изберам оној кој мислам дека ќе биде добар во одредена категорија“, додаде Марија.